post

Задржување на најдобрите без промоција во менаџери

Ако сака да остане мајстор, нека остене така!

Ако сака да остане мајстор, нека остене така!

Еден голем проблем со кој може да се соочи секој претприемач особено претприемачи на брзорастечки бизниси е да ги задржат најдобрите вработени притоа без да се промовираат истите во менаџери. Треба да бидеме свесни дека постојат одлични вработени со одлични технички вештини, но едноставно не сакаат да бидат менаџери или пак немаат потенцијал за менаџерска позиција.

Одличните технички вештини на одредени вработени претставуваат огромно богатство за еден бизнис. Тие технички вештини се оние кои ги произведуваат бизнис резултатите. Повеќе за менаџерски вештини можете да прочитате во менаџерски вештини. На пример, некои програмери во многу ситуации нема да сакаат менаџерска позиција бидејќи ќе сакаат да седат до доцна вечер пред сопствениот компјутер и да пишуваат код кој ќе претставува навистина огромна вредност за бизнисот. Доколку таквите личности ги промовирте во менаџери како дел од Вашиот систем за наградување ќе ја уништите нивната креативност.

Во една ваква ситуација еден претприемач или пак менаџер ќе има голема дилема. Дилемата е како да се задржат најдобрите и во исто време да бидат наградени, задоволни и респектирани без да мора да ги промовирате во менаџери.

Може да се искористат два приоди. И двата се важни за еден вработен.

1. Награди во форма на пари

Парите се важен елемент за секој вработен. Доколку некој е навистина потребен на тековната позиција и во исто време таа/тој или немаат потенцијал или едноставно не сакаат менаџерска позиција подобро е да останат на истото оперативно ниво. Но, тие може да очекуваат некаква награда во форма на пари. Тие знаат дека се вредни за бизнисот, знаат дека носат брилијантни резултати и знаат дека мора да бидат наградени за нивните напори.

Можете да користите различни начини за издвојување на овие вработени од просекот. Еве некои идеи:

  • Зголемување на плата,
  • Парични награди по секоја успешно комплетирана задача или проект,
  • Бонуси,
  • Платен одмор за нив и нивните семејства,
  • Платена школарина за нивните деца…

2. Нефинансиски награди

Иако се важни, но не претставуваат единствена можност за задоволство. Во бизнис светот постојат многу различни награди кои ќе бидат ценети од вработените. На пример, секој сака:

  • Да биде респектирана личност
  • Да има подобра репутација
  • Да има привилегии во независно донесување на одлуки.

Респектирана личност. Доколку некој е повреден од просечните вработени ќе очекува да биде респектиран од страна на колегите. Знаеме дека менаџерите се респектирани личности, но ние сакаме да изградиме вистински респект без менаџерски позиции. Интересно е што при едни вакви услови кога еден е повреден од остатокот (мнозинство) може да се појави љубомора од страна на мнозинството кон поединците. Но, затоа сте тука Вие како претприемач и/или менаџер кој може многу да помогне во градење на еден таков респект. Некои примери како можете да помогнете може да бидат следниве:

  • Споделете некои добри зборови за нив пред нивните колеги.
  • Пофалете ја нивната работа за да слушнат другите колеги. Едно браво, може да значи многу.
  • Давајте им ги најважните задачи од проектот.
  • Прославете со нив за нивната успешно завршена работа.

Подобра репутација. Репутацијата претставува мислење, општествена евалуација и идентитет дефиниран од страна на други луѓе кон една личност. Секој сака да има подобра репутација во неговата работна околина. Вие како еден менаџер или претприемач може да бидете доста влијателна личност во остварување на овие цели на индивидуалецот – вработен. Помогни им да изградат подобра репутација.

Независно одлучување. Менаџерите се личности кои носат одлуки. Како и да е, доколку не сакате да промовирате некој од Вашите најдобри вработени во менаџери ќе можете да го проширите нивното подрачје за одлучување.  Ова значи дека тие ќе можат да одлучуваат за некои проекти и без вас.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Aleksandar says:

    Uste eden nacin da se zgolemi zadovolstvoto od rabotnoto mesto na vrabotenite e preku vnimatelno formuliranje na imeto na rabotnoto mesto. SUm videl primeri kade sto pozicii koi kaj nas se narekuvaat "cistaci" se reimenuvani vo "hygiene coordinator". Mozebi malce izgleda smesno za nekoi no coveckata psihologija ne smee da se potceni. Tuka vo ovaa statija no i vo mnogu progami za motivacija na vrabotenite se prisutni teoriite na motiviranje na Mintzberg, Maslow i Mcclelland.

    • Драган Шутевски says:

      Здраво Александар,

      Сосема си во право дека името на работното место може да влијае на тоа како другите ќе се однесуваат кон некого. Сите знаеме во минатото а сум го сретнал и сега она помлад референт (Тесна Кожа) а човекот го поминал скоро целиот свој работен век во истата компанија. Но, добро повеќето работни места порано се формулирале на научна основа. Универзитетите широко биле вклучени во подготовка на систематизации, структури, определување на стручни називи… Денес едноставно во поголем број компании се пресликуваат називите од порано, само се прават козметички промени во структурата (понекогаш политички) и толку. Инаку сум видел систематизација каде работното место за „чистач“ е формулирано како хигиенски техничар, но сите вработени не го изговараат така, туку едноставно она што го навикнале – чистач.
      Затоа освен формалното именување на работното место во голем дел влијае и организациската култура на еден организациски систем која едноставно не може да биде во формалниот дел на бизнисот. Таа се гради со години, зависи од сите нивоа, тешко се менува и во поголемите и постарите компании е многу постатична.
      Темава е навистина доста сложена и секако бара анализи и погледи од многу различни агли.

Speak Your Mind

*