post

Залихи – неколку методи за управување

Методи за управување со залихи

Методи за управување со залихи

На претприемач за залихите наведовме дека се многу значајни за малите бизниси. Во Залихи зло без кое не се може или се може го опишавме значењето на поимот залихи, заклучивме дека тие мора да се управуваат, а управувањето може да се изврши на повеќе начини (еден од тие е ABC анализа или 80/20 правило). Заклучивме и дека тие претставуваат некое зло без кое се може, но во исто време и нешто без кое не се може. Потоа во Залихи – како да ги управуваме претставивме еден едноставен модел на системот за контрола и управување на залихите кој овозможува постојано подобрување на нивото на залихите во претпријатијата. Во предности од оптимални залихи можевте да прочитате за различни предности и недостатоци кога станува збор за залихите.

Постојат повеќе методи и техники за управување со залихи. Основата кај сите е соодветно групирање на истите заради полесно управување.

Тие методи и техники се основа за да стигнете до онаа посакувано оптимално ниво и најчесто се подразбира: следење, листање, анализа и групирање на производите и материјалите во одредени групи на производи и материјали. Оваа групирање ќе ви овозможи да се насочите на најпотребните производи (секогаш да имате доволно на залиха од нив) додека оние најнепоребните да ги одржувате на минимално ниво. Овие методи најчесто се употребуваат во производствените претпријатија, но соодветна примена може да најдат и во малпродажба, големопродажба и услужниот сектор бидејќи сите индустрии и типови на бизниси работат со одреден вид на залихи.

Системот за управување со залихите треба да ги избалансира следниве конфликтни потреби:

  • Економично производство или економична работа на бизнисот
  • Брза испорака
  • Ниска вредност на залихите

Постојат различни системи за контрола на залихите, тука ќе презентираме некои од нив.

ABC анализа

ABC анализа веќе е доста обработувана на претприемач. Пишувавме за 80/20 правило кое во управувањето со залихи или материјали е познато како ABC анализа (Always Better Control – Секогаш подобра контрола). Класификација на артикли со ABC методата се врши така што асортиманот (вкупни артикли) се дели на три сегмента. Во првиот сегмент А се артикли кои се процентуално најмалку застапени да речеме околу 20 % во вкупниот промет, а носат голем приход на бизнисот, на пример 70%. Во група B, е поголема количински на пример 30 % или вкупно 50%, но во прометот учествува со видливо помал процент на пример 20 % или вкупно 90 %. Група C, може да биде и 50 % или вкупно 100 %, а вредносно само 10 %, да учествува во прометот, односно профитот. Значи ABC анализата се базира на просечна вредност на потрошувачка.

HML анализа

Втор систем кој се користи за контрола на залихите претставува HML анализата (High – Висока, Medium – Средна, Low – Ниска вредност). Овој метод е сличен на ABC анализата со таа разлика што класификацијата на материјалите или производите се врши во однос на вредноста на единица производ наместо на просечна потрошувачка. Така да имаме единици со висока, средна и ниска вредност. Ова се користи за да се контролира куповната вредност на производите. Комбинацијата на ABC анализа и HML анализа ќе ни даде добри резултати зошто ќе ги земеме во предвид потрошувачката и вредноста на залихите.

HML Анализта може да има примена и во класификација на Вашите купувачи. На овој начин ги делите купувачите како:

  • Heavy – Тешки купувачи, кои се најинтензивни купувачи во Вашиот бизнис. Обидете се да ги задржите преку наградување, посебен третман, разни повластици итн.
  • Medium – Просечни купувачи, кои се средно интензивни купувачи на Вашите производи и или услуги. Обидете се да ги префрлите во категорија на тешки купувачи преку маркетинг давајќи им можност за посебен ретман доколку преминат во првата категорија.
  • Light – Слаби купувачи, кои се најслабо интензивни во купување. Вашата цел е да ги префрлите во втора па потоа во третата категорија на купувачи.

Доколку ги поделите Вашите потрошувачи или пак залихите на овие категории ќе ја видите сегашната состојба на Вашиот бизнис и насоките кои ќе треба да ги превземете во функција на подобрување на Вашиот бизнис во однос на продажба и во однос на непотребните залихи.

VED класификација

Претходните две методи класификацијата на важноста на производите и материјалите ја изведуваат врз база на просечна потрошувачка (ABC анализа) и вредноста (HML Анализа). Но, и двете методи не ја покажуваат критичноста. Затоа VED класификацијата се изведува врз основа на критичноста која е на функционална основа. Степенот на критичноста се поставува врз основа на тоа дали производите или материјалите се витални за производствениот процес или пак бизнис процесите (доколку се работи за непроизводствен бизнис), дали тие се значајни или пак посакувани. Акронимот VED e добиен согласно Vital – Витални, Essential – Значајни и Desirable – Посакувани. Значи со оваа класификација ќе ги поделите залихите на витални, значајни и пожелни. За производите и материјалите кои спаѓаат во групата V се одржува повисоко ниво на залихи, додека најмало ниво се одржува за оние кои спаѓаат во групата D. Исто така и оваа метода е пожелно да се комбинира со АBC анализа за да се добијат подобри резултати во систем за управување со залихите.

FSN анализа

Последниот систем или алатка за управување на залихи што ќе го претставиме тука е FSN анализата. Досега разгледавме класификации во однос на потрошувачка вредност, во однос на единечна вредност и во однос на критичноста, додека FSN класификацијата се врши во однос на движењето на производите и материјалите низ производствениот или бизнис процесот. Оваа анлиза го разгледува движењето на производите од залихите во магацинот во определен временски период. Производите и материјалите се класифицираат врз основа на потрошувачката и просечно останување на залиха. Така да тука се врши класификација на Fast – Брзо движечки, Slow – Споро движечки и Non – недвижечки производи и материјали. Откако ќе ги класифицираме производите и материјалите на ваков начин потребно е најповеќе залихи да имаме за брзо движечките означени со F додека најмалку да имаме на оние означени со N.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*