Знаеш ли зошто го правиш она што го правиш?
Ти си претприемач! Имаш своја компанија! Имплементираш промени! Решаваш проблеми! Превземаш акција! Гледаш можности онаму каде што другите гледаат проблеми!
Зошто го правиш она што го правиш?
Дали навистина си сигурен околу тоа зошто го правиш токму она што го правиш? Дали ти си главната причина, или пак ти и твоето семејство? Дали твоите потрошувачи се главната причина зошто го правиш она што го правиш како еден претприемач?
Веројатно, ќе одговориш дека она што го правиш затоа што сакаш да ги постигнеш твоите лични и деловни цели. Но, мислам дека мора да одиме подлабоко во одговор на ова прашање.
Како претприемач треба да имаш, а веројатно и имаш поттикнувачи кои ќе те буткаат на твојот претприемнички пат. Ти треба нешто што ќе ти каже да не застануваш кога ќе мислиш да застанеш. Ти треба нешто што ќе те поттикнува секојдневно да ја подобруваш твојата компанија. Ти треба нешто што ќе го извлекува твојот максимален потенцијал.
Без тие поттикнувачи, ќе го загубиш својот сопствен потенцијал да ја направиш твојата компанија успешна.
Треба да имаш пасија кога го правиш она што го правиш. Таа пасија е една од најважните движечки сили за тебе.
- Кои се твоите чувства околу актуелен или потенцијален бизнис како претприемач?
- Дали тој бизнис е возбудлив за тебе?
- Дали треба нешто да се промени за да ја направиш твојата работа да биде со повеќе пасија?
Како и да е, нема да можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не уживаш во тоа што го правиш. Сосема логично.
- Кои се работите во кои најмногу уживаш во твојот бизнис?
- Зошто токму во нив уживаш?
- Каков ефект има тоа уживање врз тебе и твојата компанија?
- Можеш ли да ја направиш твојата работа попријатна?
Не можеш да ја направиш твојата компанија успешна ако не си исполнет со тоа што го работиш.
- Што правиш за да се чувствуваш исполнет во твојата работа?
- Има ли нешто што може да го зголеми твоето исполнување?
И да, твојата компанија не може да биде успешна ако не ги задоволува твоите и потребите на потрошувачите.
- Кои се потребите на потрошувачите кои што ги задоволува твојот бизнис?
- Кога тие се менуваат, можеш ли да спроведеш брзи промени во твојот бизнис?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто за што ти имаш најголемо знаење и искуство?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто што претставува твоја пасија?
- Дали работата на задоволување на твоите потрошувачи е нешто во што ти уживаш?
- Дали работата на задоволување на твоите клиенти е нешто што те исполнува?
Како претприемач треба да имаш знаење, искуство, страст, задоволство и исполнување за да ги задоволиш твоите потрошувачи. Ако тие се задоволни, твоето уживање и исполнување ќе биде многу поголемо.
Размисли за одговори на прашања од овој пост. Тие можат да те охрабрат да размислуваш за блиските односи помеѓу тебе, твојот бизнис и она што го правиш во твојот бизнис.
Speak Your Mind