post

11 Предупредувачки знаци дека мора да преземеш нешто

промени Како претприемачи, секогаш сакаме да имаме црвено сијаличе како знак кој постои во производствените процеси и кое ќе ни каже кога нешто е погрешно и треба да се запре процесот, за да се елиминираат грешките или проблемите а потоа да се активира повторно процесот без грешки.

Дали сакаш да знаеш кога нешто како сигнал од твојата внатрешна и надворешна околина означува дека нешто треба да преземеш?

Веројатно да, сакаш да знаеш. Затоа и гледаш во извештаи, разговараш со купувачи, вработени…

Во овој пост, би сакал да издвојам 11 важни знаци кои ќе значат дека мора нешто да преземеш.

#1 Однесувањето на твоите купувачи не е исто

Ти и твоите вработени го знаете вообичаеното однесување на купувачите. Доколку откриеш нешто погрешно во нивното однесување, тоа е доволно силен знак дека треба да преземеш нешто.

Разговарај со нив за проблемите. Прашај ги како може да им помогнеш. Помогни им доколку можеш, или пак подобри го твојот бизнис доколку постојат некои причини за нивното незадоволство.

#2 Зголемен број на поплаки од купувачите

Знаеш дека не можеш да ги задоволиш сите, бидејќи како еден претприемач и не можеш да ги задоволиш сите. Но, доколку започнеш да добиваш поплаки од купувачите тоа е знак дека нешто не е во ред со твојот бизнис и мора да преземеш нешто.

Откриј зошто се жалат и веднаш отстрани ги причините. Добра стратегија е да ги повикаш и да им се заблагодариш бидејќи ти помогнале да го подобриш твојот бизнис. Во таков случај едноставно им кажуваш дека ги слушаш, со што градиш доверба во тебе и твојата компанија.

#3 Твоите конкуренти започнуваат со промени

Понекогаш промените кои ги спроведуваат твоите конкуренти може да бидатн силен знак дека и ти ќе треба да направиш нешто во твојот бизнис. Веројатно, тие сакаат да направат нешто што ќе влијае на нивното учество на пазарот, а со тоа и на твоето.

Доколку тие имплементираат промени, запрашај се следниве прашања.:

  • Зошто имплементираат такви промени?
  • Што сакаат да постигнат?
  • Дали ти треба да направиш нешто?
  • Што треба да направиш?

Доколку сакаш секогаш да бидеш еден чекор пред конкуренцијата, мора да следиш што тие прават.

#4 Опаѓање на продуктивноста на твоите вработени

Продуктивноста е важен дел за твојот бизнис успех. Доколку твоите вработени се продуктивни, севкупната бизнис ефикасност ќе биде ОК.

Доколку откриеш дека продуктивноста е во фаза на опаѓање мора да преземеш нешто доколку сакаш да избегнеш катастрофа.

#5 Ти и твојот бизнис продолжувате да се справувате со исти грешки

Си се нашол ли себеси во ситуација како решаваш исти проблеми кои се повторуваат. Ти и твоите вработени сте фрустрирани повторувајќи ги истите задачи, повторно и повторно. Тоа не е продуктивна работа.

Доколку ова е случај во твојот бизнис, мора да преземеш нешто. Мора да ги отстраниш сите причини за проблемите истовремено додека го решаваш проблемот.

#6 Твоите маркетинг напори не даваат резултати

Секој претприемач користи маркетинг за да ја испрати пораката за неговиот бизнис. Но, понекогаш напорите кои се инвестираат не ги даваат саканите резултати или барем очекуваните.

Нема ништо полошо отколку да се инвестираат пари и време во нешто што нема да ја поврати инвестицијата, или едноставно нема да ги даде резултатите кои што ги сакаш.

Доколку откриеш дека некои од маркетинг напори веќе не се вредни, запри со нив, пробај нешто друго, нешто што можеби ќе даде резултати.

#7 Бројките за продажба паѓаат

Треба ли да го коментираме овој сигнал? Мислам дека не е потребно, тој е толку очигледен.

#8 Нова технологија врши притисок врз твојот бизнис

Ти како еден претприемач не можеш да ја запреш појавата на нова технологија. Секој ден, секоја минута, можеби и секоја секунда излегува нешто ново. Дали ти се случило да купиш некоја опрема или помагало како телефон, таблет или било што друго од најнова генерација за да по неколку месеци откриеш дека излегува нова генерација, подобрена и поквалитетна?

Новата технологија ќе го притиска твојот бизнис. Доколку сеуште не го чувствуваш притисокот, набргу ќе го почувствуваш. Но, она што е поважно за тебе, е да знаеш дека новата технологија ќе влијае врз твојот бизнис. Мора да следиш што се случува надвор од твојата компанија, и да ги направиш соодветните прилагодувања внатре во компанијата.

#9 Трошоците растат со големи скокови

Повторно сметам дека овој знак не треба да се коментира бидејќи е јасен. Но, доколку забележиш навистина големи скокови во раст на трошоците мора да преземеш нешто.

#10 Трошиш се повеќе време во твојот бизнис

Дали поминуваш премногу време во твојот бизнис?

Дали секојдневно се враќаш дома доцна во ноќта?

Дали се сметаш како лице кое има само 24 часа на располагање, но му требаат 30 или 50 часови за водење на бизнисот?

Доколку се најдеш себеси во одговорите на овие прашања, тогаш навистина треба да преземеш нешто, односно да промениш во твоето сопствено однесување, но и во твојот бизнис.

#11 Твојот бизнис не може да функционира без тебе

Се чувствуваш ли како личност без која твојот бизнис не може да преживее?

Сакаш ли да бидеш секаде, да проверуваш и поправаш дури и да имаш вработени за тоа?

Доколку мислиш дека е нормално малиот бизнис да не може да функционира без сопственикот, тогаш грешиш. Ти си лицето кое го изградило бизнисот, и си го изградил така да не може да функционира без тебе.

Мора да промениш нешто, но од основите на твојот бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*