Да продолжиме со осумнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да го користат блогот за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба. Претходниот тринаесети ден од предизвикот се однесуваше на пишување на текстот на секој од поднасловите кој доколку не си го поминал би било добро да се вратиш пред да одиш со активности од овој осумнаесети ден.
Ден 18: Вовед и заклучок
До сега твоите постови се скоро завршени и ги содржат одговорите за читателите, односно твоите потенцијални купувачи. Сега треба да вклучиш уште два дополнителни елементи во постот како што е вовед кој треба во неколку реченици да даде одговор што ќе следи во постот, како и заклучок кој ќе треба во кратки црти да ги покаже основните мислења изнесени во постот.
За овој ден обидете се за сите постови кои ги подготвивте досега да напишете воведни излагања на почетокот како и заклучок на крајот на постот.
Целта е едноставно со воведот да привлечете внимание и да го натерате читателот да продолжи понатаму со читање бидејќи тука ќе дадете одговор на она што ќе следува. Од друга страна, за сите оние кои немаат време целосно да читаат заклучокот ќе биде нешто што навистина ќе им помогне.
На ваков начин вашите постови ќе бидат скоро готови, уште еден елемент недостасува за кој ќе стане збор утре.

Добивате бесплатен пристап премиум претприемач 2.0 и е-книги маркетинг план и блогирање за бизнис и уште многу други изненадувања...






