post

Предизвик за бизнис блог – ден 18: Вовед и заклучок

Да продолжиме со осумнаесетиот ден од предизвикот за блогирање за бизнис  кој служи за претприемачи кои сакаат да започнат да користат бизнис блог за привлекување на внимание, градење на репутација, кредибилитет и доверба.

бизнис блог

Претходниот, односно од четиринаесетиот до седумнаесетиот ден од овој предизвик за подготовка на бизнис блог се однесуваше на пишување на текстот за секој од поднасловите кој доколку не сте го поминале би било добро да се вратите на тие денови пред да продолжите со активности од овој осумнаесети ден од подготовка на вашиот бизнис блог.

Ден 18: Вовед и заклучок во постот за бизнис блог

До сега вашите постови за вашиот бизнис блог се скоро завршени и ги содржат одговорите за читателите, односно вашите потенцијални купувачи. Сега треба да вклучите уште два дополнителни елементи во постот како што е вовед кој треба во неколку реченици да даде одговор што ќе следи во постот, како и заклучок кој ќе треба во кратки црти да ги покаже основните мислења изнесени во постот.

За овој ден обидете се за сите постови од вашиот иден бизнис блог кои ги подготвивте досега да напишете воведни излагања на почетокот како и заклучок на крајот на постот.

Целта е едноставно со воведот да привлечете внимание и да го натерате читателот да продолжи понатаму со читање бидејќи тука ќе дадете одговор на она што ќе следува во специфичниот наслов, односно пост на вашиот бизнис блог. Од друга страна, за сите оние кои немаат доволно време за целосно да читаат ќе скокнат се и одат директно на заклучокот што ќе биде нешто што навистина ќе им помогне.

На ваков начин вашите блог постови ќе бидат скоро готови, бидејќи само уште еден елемент недостасува, а за кој ќе стане збор во утрешниот ден од предизвикот за подготовка на бизнис блог за вашата компанија.

Следен ден од предизвикот: Бизнис блог – ден 19: Повик за акција

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*