post

Интрапретприемачи: Фактори кои доведуваат до нивна појава

Интрапретприемач Работењето на претприемачите се карактеризира со тоа што тие оформиле одреден бизнис и ги надминале сите тешкотии кои го следат тој процес. Тие креирале нешто од ништо. Го подобриле светот околу нив. Донеле иновација или решение за проблем кој постоел или пак за кој воопшто не постоела свесност дека постои.

Во понатамошната фаза, доколку се запазени сите критериуми (и доколку претприемачот сам не го ограничува растот на фирмата), неминовен е раст на тој бизнис. 

Со растот, претпријатието се трансформира од претприемачко во менаџерско.

Со понатамошен раст, менаџерската фирма може да стане административна (или бирократска).

Кога фирмата ќе стане менаџерска или административна, тогаш се јавуваат проблеми со:

  • раководење на фирмата,
  • бројот на вработените е зголемен,
  • а зголемен е и обемот на работењето. 

Паралелно се зголемува и бирократија (администрацијата) и се влегува во фаза на заситување и тромост. Одлуките тешко се носат, бавна е нивната имплементација, се јавуваат “тесни” грла во работењето и други придружни проблеми, во врска со отежнатото работење на компанијата. 

Со оглед на овие факти, потребно е фирмата да изврши преобразба и од менаџерска или административна да стане повторно претприемачка, како што била во почеток. 

Доколку компанијата сака да остане конкурентна на пазарот, луѓето кои ја водат (менаџерите) треба да се менуваат и да ги надоградуваат своите знаења. 

Кога се јавува проблем во работењето, доаѓа до ерозија на лидерските и претприемачките способности.

Поради сите наведени факти, се чувствува потреба повторно да сe врати претприемачкиот дух во работењето на фирмата, односно се јавува потреба од интрапретприемачи. Главните чекори кои треба да се преземат за да се постигне подобрување се:

  • зголемување на продуктивноста во работењето,
  • зголемување на квалитетот на производот,
  • намалување на трошоците,
  • намалување на времето потребно да се превземат акциите и сл.

Односно менаџерите повторно да станат претприемачи!

Ова е доста тешко спроведлива замисла, бидејќи основачот  на фирмата, кој имал голем претприемачки дух, обично веќе не работи таму. Тој се пензионирал или фирмата е предадена во рацете на други луѓе (наследници или некој кој ја откупил фирмата).

Најчесто основачот пропуштил да ги обучи и насочи луѓето за развивање на претприемачкиот дух, а можно е поради неговото отсуство, претприемачкиот дух едноставно да замрел, гушејќи се во голема администрација, па компанијата полека запаѓа во тешкотии при работењето.

Затоа сега е потребно да се оформи нов претприемачки тим или да се активираат интрапретприемачи, кои би почнале да дејствуваат во правец на ревитализација на компанијата. Најзгодно е да се основаат мали единици, во кои ќе биде лесна имплементацијата на претприемачките замисли. За да се спроведат овие промени, потребно е да се оформи претприемачка култура, претприемачко однесување, односно фирмата повторно (како што било на почетокот) да стане претприемачка.

Останатите постови од овој серијал:

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*