Интрапретприемачки политики

Купување на постоечки бизнис

Купување на постоечки бизнисЕден латински поет го нарекол човекот: “rerum novarum cupidus” што значи “алчен за нови работи”Менаџментот во компанијата треба вработените да ги направи токму такви. Раководството во компанијата често си го поставуваат прашањето: Како да се совлада отпорот спрема иновациите во претпријатието?

Со растење на фирмата расте и отпорот кон промените, бидејќи и нечии позиции или интереси мора да се загрозат за нешто да се смени. Затоа е потребна голема борба за реализација на промените. Во секој случај ова прашање е погрешно, а вистинското прашање би гласело: Како може компанијата да се направи претприемлива за иновации? Како да се направи постојано да бара иновации и да работи на нивно создавање?

Тоа ќе се направи со усвојување и спроведување на посебни деловни политики и тоа:

  • Прво: Иновацијата мора да се направи атрактивна за менаџерите во организацијата, па и директно корисна, односно не би требало секогаш да се задржува на она што веќе постои.
  • Второ: Мора точно да се дефинираат и објаснат, значењето на создавањето и негувањето на потребата за иновации и временската димензија на настанувањето и развојот на тие иновации.

Потребен е и план за работа со иновациите, кој ќе ги содржи точно утврдените цели и моделитетите за нивно остварување. Постои еден единствен начин иновациите да се направат атрактивни за менаџерите:

  1. Постоење и спроведување систематска политика за отфрлање на сето она што е застарено, непродуктивно, како и сето она што создава грешки, промашувања и погрешно насочени напори во работата и организацијата на компанијата.
  2. Поинаков облик на деловна политика е оној кој му е потребен на компанијата за тоа да стане “алчно за нови работи”. Тоа во суштина е соочување со фактот дека сите постоечки производи, услуги, пазари, канали на дистрибуција, процеси, технологии, имаат ограничен и обично краток век на траење.
  3. “Рендгенската” снимка на бизнисот не снабдува со информации, кои помагаат да се дефинира колку и какви иновации се потребни во компанијата или работата која ја работиме, во кои области тие информации се користат и во кои временски рамки?
  4. Системско отфрлање на застарените, надминати работи. “Редгентската” снимка на постојната работа, производи, услуги, пазари, технологија како и утврдување јаз и иновативни потреби. Сето ова заедно овозможува компанијата да формулира организациски план за остварување на иновацијата, како и рокови во кои треба да се оствари. Таквиот план обезбедува буџет кој мора да биде соодветен на иновациите.
  5. Секоја компанија мора да биде водена така што ќе работи “денес” на нови производи, услуги, процеси и технологии, кои иднината ќе ја направат да биде поинаква и подобра од сегашноста

Останатите постови од овој серијал се:

 

Print Friendly

Trackbacks

Speak Your Mind

*