post

Повторно откривање на претприемачки дух

Интрапретприемач Основната потреба во развојот на еден бизнис кога станува бирократизиран е појава на интрапретприемачи. Во една таква фаза некако бизнисот станува тром, едноставно не може да одговори на оние “вистинските” потреби на пазарот, за што во минатото го бивало. Затоа и секој менаџер сака и се обидува да го врати бизнисот во таа “топ” форма.

Поради враќањето во топ форма треба уште еднаш да се “открие”, односно фирмата да стане повторно “млада”, па се поставува прашањето како тоа да се направи?

Ние препорачуваме тоа да се направи со:

  • редефинирање на пазарот;
  • редефинирање на производот (услугата);
  • редефинирање на ресурсите;
  • ревитализација на оперативниот (производствениот) систем;
  • ревитализација на менаџментот;
  • ревитализацијата на организациската култура.

Потребно е фирмата пак да стане иновативна, креативна, адаптибилна, односно каква што била кога се формирала. Компанијата може да стане претприемачка со:

  • елиминација на неефикасната бирократија и бирократското однесување;
  • оформување на претприемачки деловни единици, кои самостојно и автономно ќе функционираат;
  • оформување на “фирми во фирми” според принципот “секој проект нова фирма”.

Менаџерот треба успешно да ја “игра” и лидерска улога, како што успешно ја “игра” улогата на претприемачот.

Карактеристики, знаења и способности кои овозможуваат интрапретприемачко однесување се:

  • способност за воочување на деловни шанси;
  • преземање ризик;
  • способност за управување со стресни и ризични ситуации;
  • лидерство;
  • натпреварувачки дух, перманентно повторување и докажување на пазарот;
  • адаптибилност, флексибилност, истрајност, упорност и посветеност на работата;
  • подготвеност за перманентно учење и акциска ориентираност.

Корпорациски потфати според Mac Millan and George се:

  • нови подобрувања на тековните производи и услуги;
  • новите производи и услуги да се продават на постојните пазари во тек на една до две години;
  • постојните производи и услуги да се продаваат на нови пазари;
  • новите производи или услуги да се продаваат на новите пазари.

Останатите постови од овој серијал се:

About Илија Чубровиќ

Speak Your Mind

*