post

Маркетинг план: До кога треба да се спроведат активностите?

Маркетинг календар Продолжуваме со шестото прашање на кое треба да даде одговор еден маркетинг план. Станува збор за рокови на завршување на планираните активности, односно тактики.

И ова е тактичко прашање или едноставно процедура која ќе служи за подобрување на севкупните напори кога станува збор за маркетингот.

Сега кога веќе знаеш што се треба да имплементираш, знаеш колку пари имаш на располагање и сето тоа е добро усогласено заради максимизирање на резултатите, ќе треба да направиш еден план за имплементација на тие активности или тактики.

За ваквите потреби се користи маркетинг календар.

Нема да навлегувам во детали за опишување на изработка на маркетинг календар бидејќи досега беше опфатен во повеќе наврати тука на претприемач, па затоа ќе ги наведам линковите на кои ќе можете да прочитате повеќе за тоа како да подготвите маркетинг календар:

Тука само ќе се обидеме да дефинираме еден процес или чекори за имплементација заради изработка на овој календар:

  • Извлечи ги сите активности за сите персони кои ги наведе на скиците на маркетинг инката
  • Пополни ги во табелата која ќе ти служи како маркетинг календар (или користи го темплејтот кој го обезбедивме)
  • Размисли за целиот процес на инката и времетраење на истото како и можните циклуси на тактиките кои ќе ги имплементираш
  • Определи време кога ќе почне и кога ќе заврши секоја тактика
  • Тактиките кои ќе бидат постојани ќе имаат ознака “континуирано”
  • Внеси го идеалниот купувач во втората колона
  • Внеси го буџетот кој ти стои на располагање во третата колона (претходното прашање)
  • Може да ја внесеш и фазата од инката за која се однесува (ова го нема во темплејтот, но може да биде од помош)
  • Внеси ги целите кои треба да ги постигнеш со секоја тактика
  • Подготви колона за резултати од имплементација

Забележувате дека еден ваков календар ќе има повеќе функции. Првата е да обезбеди имплементација на се што е испланирано. И втората е да обезбеди доволно информации заради мерење на резултатите и подобрувања на целиот процес во иднина.

Останатите постови од овој серијал за маркетинг план:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*