post

Маркетинг план: Кој ќе биде одговорен за имплементација на активностите?

Менаџмент Да продолжиме со седмото, односно претпоследното прашање на кое еден маркетинг план треба да даде одговор кое исто така е од делот на тактички прашања кога станува збор за маркетингот.

Веќе знаеш што треба да постогнеш. Знаеш кого треба да привлечеш со твоите маркетинг активности. Ја имаш дизајнирано инката и она што ќе користиш во секоја фаза. Знаеш колку пари треба да потрошиш или пак можеш да потрошиш. Имаш и маркетинг план кој ти кажува до кога треба секоја тактика да се имплементира. Сега е време за одговорностите. Односно, кој ќе треба да биде вклучен во имплементацијата и кој ќе биде одговорен за секој дел од имплементацијата.

Одговорност е да се знае кој треба да направи нешто. Но, одговорност е да се знае и кои се последиците од правење на тоа нешто или не правење на тоа нешто. Одговорност е и да се знае што значи кога правилно се направилот тоа нешто, а што значи кога неправилно се направило тоа нешто. Одговорност е да се знаат и следните чекори доколку тоа нешто не е исправно направено.

Одговорноста има клучна улога во еден маркетинг план и неговата имплементација.

Одговорноста ја трансферира визијата на хартија (она што досега го имаш направено) во нешто опипливо и врзано за човек. Одговорноста го оживува еден маркетинг план. Таа се врзува за име и презиме. Таа претставува 50% гаранција дека она што се планира и ќе се реализира.

Но, кој ќе биде одговорен?

Прв си ти, претприемачот

Да, првата и најголемата одговорност е твојата. Тука нема бегање, нема оправдување, нема никакви изреки… Неуспехот на имплементацијата, е твој неуспех, неуспех на твојот бизнис.

Можеби ти си и единстевниот одговорен, доколку си мал бизнис, од еден човек. Но, и да имаш повеќе луѓе вработени, стратешката одговорност е кај тебе. Ти си претприемач, ти си тој кој треба да ја менаџира имплементацијата.

Доколку е потребна 100% одговорност за 100% имплементација на се онака како што е замислено, ти како еден претприемач имаш 70% одговорност.

Зошто 70%?

Затоа што визијата е твоја, погрешна визија било кој да је имплементира нема да може да даде резултати. Затоа што целните купувачи ти ги дефинираш, ти ја дизајнираш инката…

Затоа што без тебе имплементацијата е невозможна, дури и да ја споделиш одговорноста за имплементација. Мора да објасниш, да контролираш, да управуваш, да подобруваш…

Започни со дизајн на твоите одговорности.

Твоите соработници

Доколку не си сам во сево ова, одговорноста ќе биде и на твоите соработници, оние кои на некаков начин директно ќе се вклучат во процесот. Но, како што забележавме погоре, таа одговорност е само 30%.

Доколку и таа одговорност не ја распределиш на вистинскиот начин, повторно успехот на имплементацијата нема да биде ни блиску до твојот видик.

Сите се различни. Некој е подобар од другите во нешто, додека послаб во нешто друго. Ти како еден претприемач мора да знаеш кој за која задача е најдобар. Што е најоптимално?

Затоа, размисли два пати пред да донесеш одлука за тоа како да ги распределиш одговорностите.

Сега може да ги наредиш коцките онака како што треба да бидат наредени. Тоа значи дека нападот може да започне. Патот кон победата е трасиран и треба да се изоди.

Може да започнеш, иако останува уште едно прашање.

Останатите постови од овој серијал за маркетинг план:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*