post

5 Состојки кои постојано ќе бидат потребни на вашиот бизнис

Што е онаа што постојано ќе му треба на вашиот бизнис?

Дали се тоа повеќе купувачи? Или пак подобри производи и услуги? Или пак подобри бизнис процеси?

Доколку продолжиме со бреинстормирање на потребите на еден мал бизнис кои ќе го направат успешен бизнис, лесно ќе дојдеме до стотици или пак илјадници посебни потреби.

Но, сите тие не се изолирани. Една потреба (состојка) ќе помогне на друга.

Сега, кои се најважните состојки кои постојано ќе му бидат потребни на вашиот бизнис?

Да погледнеме некои од нив.

1. Свежи идеи

Без разлика на индустријата или пазарот каде функционира вашиот бизнис, тој секогаш ќе има потреба од свежи идеи од внатрешноста или надворешноста на компанијата. Идеите може да дојдат од вас како еден претприемач, вашите вработени, вашите купувачи, конкуренцијата…

Тие претставуваат важна и непроценлива состојка за вашиот бизнис.

2. Бизнис модел кој е лесно прилагодлив

Кога имате дузина свежи идеи постојано, ќе треба да имате силен бизнис модел кој ќе биде лесно прилагодлив кон новите идеи и нивната имплементација.

Вашиот бизнис нема потреба од статичен, непроменлив бизнис модел. Тој има потреба од динамичен и силен бизнис модел.

3. Маркетинг план

Третата многу важна состојка претставува маркетинг планот, кој ќе одговори на најважното прашање во вашиот бизнис.

Како стекнувате, одржувате и ги зголемувате вашите купувачи?

Без купувачи, не можете да очекувате дека бизнисот ќе преживее во оваа динамична околина каде што функционира.

4. Тим кој победува

Се изгледа добро кога е на хартија или осмислено во нашиот мозок. Но, прашањето е дали имаме тим кој ќе може да имплементира се што ние сме испланирале да се имплементира.

Без одличен победоносен тим, не можете да очекувате дека бизнис потенцијалната енергија ќе биде на посакуваното ниво.

5. Претприемачки сили за успех

Следната и последната состојка во оваа листа сте вие, претприемачот. Доколку немате поттик, моќ, спремност и желба за успех, не можете да очекувате дека вашиот бизнис ќе ви ги даде резултатите кои ги сакате.

Вие сте одговорни. Се останате без вас е безвредно.

Што мислите? Ги имате ли овие состојки во вашиот мал бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*