post

8 Можни начини да ги мотивирате вработените без пари

Мотивација претставува еден од клучните елементи за обезбедување успешно функционирање на бизнисот овозможувајќи вработените да бидат на нивото на потребите на работните задачи и извлекувајќи го најдоброто во нив.

Честопати, кога зборуваме за мотивација некако во главата ни се појавува сликата на парите. така сметаме дека парите се најважниот мотивациски фактор за вработените. Парите иако се важни, и врвен мотивациски фактор, сепак понекогаш постојат и други можности кои може да се искомбинираат за да се добијат посакуваните резултати.

Мора да бидете свесни дека парите не се единствената мотивација за вашите вработени.

Да разгледаме некои дополнителни можности на оваа поле.

  1. Пофалете ги најдобрите. Оние кои се залагаат, кои ги извршуваат навремено и квалитетно работните обврски, оние на кои едноставно можете да се ослоните како еден претприемач, а со еден збор најдобрите, сакаат да бидат пофалени. Сакаат да се покаже дека не заради ништо другу, туку заради нивното залагање и резултати вие се потпирате на нив. Овие пофалби, ќе имаат позитивно влијание и на останатите вработени, кои ќе сакаат да го постигнат тоа ниво.
  2. Поттикнете конкуренција. Еден можен начин да ги мотивирате вработените е преку програми за поттикнување на конкуренција меѓу нив. Ако станува збор за продажното одделение, овие програми ќе поттикнуваат конкурентност заради поголема индивидуална продажба преку непарични награди, пофалби, избор на продавач на неделата, месецот, годината… Подгответе вакви програми со прецизно дефинирани “правила на игра” како би ја поттикнале конкурентноста, а со тоа и резултатите. Сепак, мора да напоменам дека ќе треба да внимавате, конкурентноста да не се одрази на нарушување на меѓучовечки односи во организационата единица во која се применува оваа можност.
  3. Промовирајте ги најдобрите. Секој сака да биде промовиран како најдобар во нешто. Таквите промоции не само што му обезбедуваат на вработениот углед и авторитет во организационата единица во која се наоѓа, туку едноставно и му обезбедуваат одлична референца во своето CV.
  4. Унапредете ги. Напредувањето низ хиерархијата на вашата организација може да одигра клучна улога во севкупната мотивираност на вашите вработени. Добро е да дизајнирате програма за тоа како ќе се изведуваат унапредувањата и кои ќе бидат условите кои мора да се постигнат за да се постигне едно такво напредување.
  5. Зголемете им ја слободата во одлучување. Понекогаш некој може да биде платен со одлична сума на пари, но доколку се чувствува ограничен во донесување одлуки за кои сметаат дека можат да ги донесат без да бараат одобрение од вас ќе претставува навистина демотивирачки фактор. Мора да внимавате на овој вид на демотивација, бидејќи едноставно со правилно постапување ќе успеете и да ги мотивирате вработените но и да ја зголемите вашата продуктивност.
  6. Наградете ги со специјални производи. Иако најбараните награди се парите, сепак награди во непарични форми може да одиграат добра улога во зголемување на мотивацијата. Тоа може да биде некој ваш производ, или едноставно некои производи кои можете да ги набавите, а вработениот ќе се чувствува навистина почестен со добивање на истиот. На пример, подарок слика со која вработениот ќе се пофали пред своето семејство и сите посетители на неговиот дом, може да одигра клучна улога во мотивација на истиот, но истовремено и градење на едно позитивно јавно мислење на пошироката заедница.
  7. Поканете ги со семејствата на некој настан. Како еден претприемач, сигурно вие и вашиот тим учествувате на различни настани. Зошто да не ги поканите и некои од вашите вработени да присуствуваат на истите, но заедно со семејството. Тоа ќе направи да се чувствуваат важни и ќе обезбеди чувство на солидна припадност во вашата бизнис-заедница.
  8. Изградете пријателски односи. Вашиот бизнис претставува ваше второ семејство. Понекогаш повеќе време поминувате со вашите вработени отколку со вашето семејство. Зошто да не обезбедите еден вид на пријателски односи со нив.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*