Бидејќи не можев да најдам некое истражување спроведено кај нас анализирав неколку истражувања во светот во однос на пропаѓањето на бизнисите. Во последниве 12 месеци видов две малопродажни продавници кои затворија по 6 месеци од нивното отворање и кои се наоѓаа во мојата близина. Интересно е што на локацијата кај што едната затвори по месец дена друг претприемач започна бизнис ист како и затворениот. Премногу храбро, бравоооо!!!!! Но пред некој ден гледам дека имаше неколку муштерии кои пазарат, чекаат на ред за плаќање итн. Браво, значи подобри се од претходниот претприемач. Започнување на сопствен бизнис не е само добра идеа, наоѓање на локација и отворање (започнување со работа). Дури по овие активности доаѓа она вистинското за претприемачот, да привлече потрошувачи (маркетинг), да ги менаџира финансиите, да управува со вработени…
На бизнис пазарот отпочнуваат многу исти или слични бизниси, но по неколку години остануваат и одат во следната фаза од животниот циклус само мал процент. И повторно исто прашање: Зошто пропаѓаат бизнисите? Согласно едно истражување кое е објавено од John Murphy од Murphy Associates, Your Marketing Department бизнисите најчесто пропаѓаат поради:
- Слабо разбирање или недостаток на вештини за готовискиот тек – 82%
- Започнување со премалку финансии – 79%
- Недостаток на квалитетен бизнис план – 78%
- Поставување на несоодветни цени на производите – 77%
- Преголем оптимизам за продажба и потребни финансии – 73%
- Игнорирање и непрепознавање на сопствени слабости и небарање на помош – 70%
- Недоволно промовирање на бизнисот – 64%
- Недоволно или нерелевантно бизнис искуство – 63%
- Несоодветно делегирање – 58%
- Најмување на погрешни луѓе – 56%
- Недоволно разбирање или игнорирање на конкуренцијата – 55%
- Преголемо фокусирање на еден потрошувач – 47%
Да продолжиме со уште дна анализа. На друго место прочитав дека најчеста причина за пропаѓање на бизнисите се:
- Претприемачот нема искуство
- Претприемачот нема доволно финансии
- Претприемачот избрал лоша локација
- Претприемачот лошо управува со залихите
- Претприемачот премногу инвестира во фиксен имот
- Претприемачот зема лоши кредити
- Лично користење на бизнис финансии
- Неочекуван раст
И двете анализи и истражувања навистина покажуваат елементи кои претприемачите или не ги познаваат или ги испуштаат па затоа веќе не се претприемачи. И навистина, незнам дали некој претприемач кој започнал бутик со текстилна стока има направено бизнис план, анализа на локација, вистинска анализа на готовински тек…
Внимавајте на овие елементи кога отпочнувате бизнис, навистина можат да бидат кобни за вашиот нов бизнис, но и за вас самите. Оставете коментар за вашите мислења зошто бизнисите пропаѓаат како би можеле да започнеме со подготовка на една анализа за елементи кои доведуваат до пропаѓање на бизнисите во Република Македонија.