post

ТРПЕЛИВОСТ, УПОРНОСТ

Секој бизнис нема да може да носи профит од самиот старт. Можеби ќе бидат потребни 1-3 години да се почувствува сласта на профитот. Но и тогаш парите ќе бидат малку. Многу бизниси пропаѓаат заради разочарување на претприемачите. Тие очекувале повеќе пари уште од самиот старт. Но секој нов бизнис е исто како бебе. Вие како родител рчате се додека е бебе. Тоа не може да ве послуша да ви донесе нешто се додека не порасне и не почне да разбира. Така и новите бизниси бараат вложување на труд и пари се додека не застанат на нозе. Овој период може да биде краток (што е редок случај), но може да биде и подолг (што е чест случај).

Затоа едни од клучните фактори за успех на претприемачите е трпеливоста и упорноста. Како претприемач морате да бидете трпеливи и да знаете дека вашиот бизнис е нов и не им е познат на потрошувачите. Како нов претприемач мора да знаете дека мора да бидете упорни и да не се откажувате по првата сопка. А, сопки ќе имате. Овие сопки можат да бидат во вид на потребни фнансии, во вид на напади од конкуренти, во вид на изгубени зделки…

Морате да бидете трпеливи со вашите маркетинг кампањи и да ги следите за да продолжите со оние кои даваат допринос во зголемување на продажбата. Морате да бидете упорни со вашите маркетинг кампањи, бидејќи само преку добар маркетинг ќе привлечете внимание. А, внимание ви е потребно. Запомнете дека сеуште сте нов во бизнисот. Морате да бидете и трпеливи и упорни за менување на навиките на вашите потенцијални клиенти. Тие досега биле клиенти на вашите конкуренти. Како ќе ве забележат, зошто да ја сменат навиката на купување?

Трпеливоста и упорноста на новите претприемачи е потребна заради тоа што:

  • бизнисот е нов и непознат
  • потребно е огромно количество на труд
  • слаб маркетинг или мал буџет за маркетинг
  • имате недостаток на финансии
  • постои можност од разочарување
  • страв за тоа дали ќе се постигне успех
  • доколку не сте трпеливи и упорни нема да го видите вистинскиот потенцијал на вашиот нов бизнис.
post

10 ЧЕКОРИ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА БИЗНИС

Започнување на бизнисот е едноставна работа. Но, доколку сакаме да започнеме бизнис и да биде успешен потребно е да се следат некои чекори, потребно е да се изведат некои активности. Ова се 10 основни чекори за започнување на бизнис кои секој иден претприемач би требало да ги превземе. Она што е важно за овие чекори е то дека тие треба да се поминуваат еден по друг по редоследот кој е опфатен како би претставувале една целина за предстартап фазата од животниот циклус на претпријатијата.

  1. Напишете повеќе идеи на хартија. Колку повеќе идеи имате толку е поголема веројатноста дека ќе ја изберете вистинската. Повеќе идеи ќе бараат повеќе размислувања уште во раната фаза бидејќи ќе морате да донесете одлука за тоа со која бизнис идеа да започнете. Ова ќе бара одредена анализа на пазарот со што ќе станете поблиски со вашиот иден пазар.
  2. Направете мала анализа на пазарот за тие идеи. Овој чекор не значи дека ќе мора да најмите консултант за анализа на пазарот. Ова е обична анализа преку разговори со вашите блиски и далечни роднини, пријатели, познаници и секој кој може да даде допринос во вашата анализа. Во овој чекор вие шетате по различни улици и го мерите сообраќајот. Ги следите можните конкуренти во однос на тоа колку луѓе дневно влегуваат и купуваат. Сите тие разговори или анкетирања, како и информации од терен ги бележите како би можеле да им дадете некоја оценка на различните бизнис идеи.
  3. Рангирајте ги врз основа на резултатите од анализата. Бидејќи во претходниот чекор собравте информации за бизнис идеите и им дадовте некоја оцена, рангирајте ги истите по редослед од оние со најголема оценка до оние со најмала оценка. Дополнително разгледајте ги првите три во однос на тоа колкава е разликата во оценките. Доколку од првата до третата и од првата до втората е голема разликата донесете одлука за прворангираната идеа. Но, доколку разликата е мала и незабележителна направете дополнителни истражувања и анализа како би ја избрале најдобрата.
  4. Разгледајте ја вашата финансиска состојба. Овој чекор е многу значаен како за вас лично така и за вашиот иден бизнис. Извадете ги сите пари што ги имате во банка, во фиока, во џебовите или било каде што чувате пари и избројте ги. Направете проценка за тоа колку пари ќе ви бидат потребни за стартување на бизнисот. Имате ли доволно? Ќе ви реба ли уште пари? Од кај да најдете доколу немате доволно? Одговорете на сите овие прашања и реализирајте ги одговорите за да преминете на следниот чекор.
  5. Направете бизнис план. Ретко кој бизнис кај нас започнува со бизнис план. Но, бизнис планот е тој што ќе ви ја прикаже иднината (барем на хартија) за вашиот бизнис. Бизнис планот е тој што ќе ви помогне во донесување на одлуки во текот на работење на вашиот бизнис во првите неколку години. Бизнис планот е тој кој ќе ви ги покажува целите и зацртаните патеки на вашиот бизнис. Едноставно, бизнис планот е тој што ја претвора вашата потенцијална енергија во вид на бизнис идеа во нешто веќе опипливо. И едноставно мора да имате бизнис план доколку сакате да ја избегнете анархијата при работењето на вашиот бизнис и да постигнете успех.
  6. Направете маркетинг план. Маркетинг планот може да бидне во склоп на претходниот чекор или како посебен чекор. на вас е да изберете. Ретко претприемачите кај нас размислуваат за маркетинг пред отпочнување на бизнисот. Но, добар маркетинг план ќе овозможи побрзо постигнување на вашите цели за отпочнување на бизнисот, а тоа е секако профитот.
  7. Внесете го во правниот систем (регистрирајте го бизнисот). За оваа не реба да имате никакво знаење, едноставно контактирајте некој адвокат или фирма која се занмава со регистрација и за мала надокнада ќе ја заврши сета работа. Доколку не сакате да плаќате одете во Централен Регистар или посетете ја нивната веб страна и прочитајте ги упатставата за регистрација и отребнте документи.
  8. Изберете локација. Вашата мала анализа од чекор 2 како и вашиот бизнис план опфаќаат анализа на локации. Изберете ја локацијата која од анализите е најдобра. Побарајте слободни простори и преговарајте за висината на наемот и направете договор. Доколку имате ваша локација и веќе сте одлучиле да ја користите прескокнете го овој чекор.
  9. Изберете вработени. Направете план за вреднување на кандидатите за вработување. Објавете оглас. Побарајте препораки. Интервјурајте ги. И оценете ги. Изберете ги оние со највисока оценка. Направете договор и легализирајте ги. Доколку планирате да работите како солопретприемач прескокнете го овој чекор.
  10. СО СИТЕ СИЛИ НАПРЕД!
post

ПРЕОПТЕРЕТЕНОСТ СО ИНФОРМАЦИИ

Информациите се насекаде околу нас. Дали можете да замислите еден просечен човек колку информации прими во текот на еден ден. Кога оди на работа може да слуша вести на радио во колата, чита весник на работа, чита меилови на работа, бара информации на интернет, информации од состаноци, информации од средба со клиенти, информации од разговори на кафе пауза или пауза за доручек, гледа ТВ вести, чита книга… Ова се огромен број на информации што мозокот на човекот ги обработува секојдневно.

Интернетот во голем дел ја усложни обработката на информациите и само заради таа преголема достапност на информации. Интернет пребарувачите се тие кои ни ја поедноставуваат работата кога бараме некоја информација на интернер. Колку пати кога ви е потребна информација одите на google.com и барате? Но, и google има премногу информации, па во резултатите од пребарувањето ќе добиете и голем дел бескорисни информации. Алгортитамот на google постојано се подобрува, па така резултатите се се подобри и подобри.

Најчесто информациите ги користиме за да решиме некој проблем. Доколку пронајдената информација го решава нашиот проблем завршуваме со пребарувањето, но доколку не продолжуваме. Ова е системот на барање на информации. Можеби изгледа едноставен, но сепак не е. Ова е заради преголем број на информации кои ни се достапни. На пример, Вие сте претприемач кој се занимава со малопродажба на облека. Потребна ни е информација за се што се случува на интернет во оваа индустрија како конкуренти, производи, трендови итн. Да пребараме на google информации за облека. Еве што ќе добиеме:

googleobleka1.jpg

googleoblekarezultati1 Добивме различни веб страни кои содржат информации за облека. Од првата слика ќе видиме дека некои воопшто не ни се потребни како Википедија – лексикон на кој е опишан зборот облека. Но, имаме 333.000 веб страни добиено кои содржат информации за облека. Но, што се случува доколку сакаме да пребараме на англиски јазик ќе добиеме уште толку можеби и повеќе. Од друга страна пребарувањето на интернет бара комбинација на повеќе зборови, па би вклучиле на пример, фармерки, долна облека, блузи итн. Сето тоа ќе не доведе до еден куп на информации (милиони). Но, секоја информација не се добива директно од google. Ќе мора да го отвориме сајтот и да го разлистаме, да видиме за какви производи станува збор, какви цени има, каков е маркетингот доколку се работи за конкурентски сајт. Ако земеме дека ќе пронајдеме 20 веб страни со информации. Секоја веб страна ќе бара 10 минути задржување (проучување). Тоа се веќе 200 минути или скоро 3,5 часа. Па ќе треба систематизирање на тие информации во некоја ваша база на податоци, па анализа на тие информации што ќе бара дополнителни 2-3 часа. Што значи дека доколку сте добро изверзирани со работа на интернет сепак ќе изгубите цел еден ден за една квалитетна информација од анализа на еден куп на информации од интернет. Значи преку интернетот и google вие имате пристап до милион информации за една индустрија. Вашата работа е да го извлечете најважното од тие информации.

Тука би го спомнал и 80/20 правило кога се однесува за информации. Ова значи дека 80% од информации ви обезбедуваат само 20% од вашите вистински потреби за информации. Значи мора да пронајдете извори на информации во кои ќе верувате и тие да бидат 20% а да ви обезбедат 80% од потребните информации. Тешка задача. Но, ако се знае дека за успешни бизниси веќе не се доволни само пари и луѓе, туку најпотребен е и третиот ресурс, а тоа се информации.

Доколку немате доволно време за да зароните во базенот со информации и да ги влечете најпотребните би ви советувале за оваа активност да изберете outsourcing. За 300 до 400 денари од час може некој друг наместо вас да ја изведува оваа задача.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ: 80/20 ПРАВИЛО

post

АКЦИЈА, АКЦИЈА И САМО АКЦИЈА

Навистина насловот звучи доста активно. Што значи тоа акција? Наједноставно кажано преземање на некоја активност која што сте ја планирале. Зачекорување. Тргнување напред. Сето тоа претставува акција. Кога сакате да започнете нешто мора да преземете акција. Може да имате добра бизнис идеја. Но таа е само во вашиот ум, или вашиот сон. Ако остане така останувате само сонувачи. Но, ако преземете акција во вид на бизнис план со рокови на извршување за вашата бизнис идеја таа веќе станува реалност а не сон.

За да постигнете резултати мора да превземете нешто. Резултатите нема да ви дојдат сами. Можете да разговарате за вашите планови до бескрај. И навистина многу луѓе разговараат за превземање на акција. Но тоа е лесно. Тежок е првиот чекор, а потоа самото ве влече во други акции.

Од друга страна доколку не превземате акција нема да погрешите. Оној кој не работи и не греши. Во бирократски организации постојат еден куп добри „неказнувани“ работници кои се наградуваат бидејќи немаат грешки. Но, дали некој се запрашал зошто тие не грешат? Дали тие работат нешто? Дали превземаат акции? Дали реализираат нови идеи? Постојат голем број на Јапонски менаџмент филозофии, а тоа е дека грешките треба да се наградуваат. Секоја грешка значи ваше поголемо искуство. Секое искуство носипоголема потенцијална енергија на вработените, а со тоа и на бизнисот во целина.

Доколку вашата планирана акција се однесува за отпочнување на бизнис вие со читање на материјалите на pretpriemac.com превземате некоја акција за стекнување на знаење за отпочнување на вашиот бизнис, што моментално е само бизнис идеја.

Доколку вашата планирана акција се однесува на ширење на вашиот постоечки бизнис, овој блог може ќе ве охрабри да го направите првиот чекор. Бидејќи доколку не го направите тој прв чекор нема ни да знаете дали вашиот план за ширење е добар или лош.

Успешните претприемачи се обични луѓе кои превземаат акција. Може да имаат повеќе грешки и падови. Но, искуството од тие грешки и падови го користат во успех од следна акција.

Повеќе акции реираат успех математички кажано претставува функција од пробувај и греши, знаење и постигнување на целите. Само со превземање на акции успехот ќе си дојде.

АКЦИЈА 1 + АКЦИЈА 2 + АКЦИЈА 3 + …+ АКЦИЈА N = УСПЕХ (ПРОБУВАЈ И ГРЕШИ, ЗНАЕЊЕ, ПОСТИГНУВАЊЕ)

post

ШТО МОЖЕ ДА СЕ НАУЧИ ОД КАМПАЊАТА НА БАРАК ОБАМА

Барак Обама не е првиот претседателски кандидат (сега веќе претстедател на САД) кој во својата кампања го користел интернетот. Но, Барак Обама е единствениот на кој му успеало да ги трансформира онлајн донаторите во гласови и онлајн поддржувачи во подржувачи на терен. Како фунцкионирала оваа кампања преку интернет?

Барак Обама имал e-mail листа od 13 милиони луѓе. Имал соберено пет милиони пријатели на  15 онлајн социјални мрежи како facebook (3 милиони), MySpace и неколку кои опфаќаат заедници на Азијати, Шпанци и Афроамериканци. Имал веб сајт со над 8,5 милиони посетители месечно. над 400000 блог постови. Имал над 2000 официјални видео материјали на YouTube кои се гледани над 80 милиони пати. Но,која била целта на оваа онлајн активност?

6 лекции за малите бизниси од 10-те лекции кои можат да се научат од кампањата на Барак Обама кои ги обработи www.edelman.com:

  1. Градење на синџир на поддржувачи. Градење на синџирот на поддржувачи бил дизјниран на 3 нивоа како лично, социјално и посредничко ниво. Започнувате со лично ниво станувајќи пријател на Обама на една од социјалните мрежи. Преку овие мрежи станувате информиран за кампањата и можете да донирате. Откако ќе инвестирате може да испратите коментар на профилите на вашите пријатели зошто Обама е вистинскиот кандидат за нив. Потоа секој може да се регистрира на сајтот на Обама и да креира група на подржувачи каде ќе објавува слики, блогови и видеа коиќе бидат и на YouTube. на ваков начин ќе ги поттикнувате подржувачите да донираат, да се регистрираат за гласање итн.
  2. Овластување на суперкорисници. Суперкорисниците се оние кои креираат групи на сајтот на Обама и привлекуваат поддржувачи и потенцијални донатори за кампањата. Овие суперкорисници имаат пристап до базата на податоци на Обама.
  3. Обезбедување на материјали за самите корисници да генерираат содржина. Сајтот на Обама содржи видео материјал, говори, фотографии и разни упатства кои им даваат на луѓето суров материјал за да креираат нивна сопствена содржина за подршка на Обама. Така поддржувачите креирале повеќе од 400000 видео материјали и ги поставиле на YouTube и над 400000 блог постови на сајтот на Обама.
  4. Обама бил таму каде што се луѓето. Кампањата не користела само една социјална мрежа. Бидејќи некои користат facebook, други MySpace, а малцинствата AsianAve, MiGente и BlackPlanet. Значи тимот на Обама ги избрал највлијателните социјални мрежи. Сите овие социјални мрежи имале за цел да ги привлечат пријателите на сајтот на Обама зада станат суперкорисници.
  5. Користеле алатки кои на луѓето им биле познати. Сите тие социјални мрежи кои ги користел Обама им се познати на луѓето. Секој од нив имал свој профил и своја група на пријатели што бара голема инвестиција.
  6. Обезбедиле дека луѓето лесно може да ги најдат. Тимот на Обама вложил доста во оптимизацијата на пребарувањето (SEO). Бидејќи џабе ти се сите тие алатки доколку твојата содржина нема лесно да биде пронајдена. 

Секој мал бизнис треба да практикува герила маркетинг, да ја искористи секоја шанса за привлекување на потрошувачи. Ова е само дел од една идеја како социјалните мрежи да се претворат во маркетиншко оружје.

post

???ПРОДАВАЧИ????

Продавачите се последна алка од бизнис активностите. Во тоа последна алка потенцијалниот купувач треба да стане вистински купувач. Тие претставуваат потенцијална енергија на бизнисот, но и трансформатор на потенцијалната енергија на бизнисот во кинетичка која носи профитабилност. Продавачите можат да оправат, но и да растурат бизнис. Би набројал неколку примери на лоши продавачи од искуство.

  • Има продавачи кои зад грб на претприемачот купуваат производи од улични продавачи (фалсификати) и ги продаваат со цена на оригинал, а парите си ги земаат за нив. Мора да внимавате ваквите ситуации да не излезат од контрола. ДАЛИ СЕ ТОА ПРОДАВАЧИ ИЛИ МАНИПУЛАНТИ?????
  • Има продавачи кои не знаат да препорачаат или да ги опишат карактеристиките на призводите. ДАЛИ СЕ ТОА ПРОДАВАЧИ ИЛИ НЕЗНАЈАЦИ??????
  • Има продавачи од стилот КЛАТИ ВРАТА ЗЕМАЈ ПЛАТА. Битна им е само платата, а не износот на продажба. ДАЛИ СЕ ТОА ПРОДАВАЧИ ИЛИ ЛЕЗИЛЕБОВИЌИ?????
  • Има продавачи кои ќе собираат друштво и по цел ден ќе пијат кафе и муабетат со друштвото па нема да го приметат купувачот кога ќе влезе, па дури и ќе бидат нервозни заради прекинување на муабетот. ДАЛИ СЕ ТОА ПРОДАВАЧИ ИЛИ НЕПОТРЕБНИ ЗАБАВУВАЧИ????
  • Има продавачи кои сакаат да заработат повеќе и поткраднуваат при наплата (нема да вратат кусур – немаат ситно – наплаќаат по поинаква цена…). ДАЛИ СЕ ТОА ПРОДАВАЧИ ИЛИ КРАДЦИ?????
  • Има продавачи … и продавачи … А ДАЛИ СЕ?????

Како претприемач треба да внимавате од продавачи од типот на: МАНИПУЛАНТИ, НЕЗНАЈАЦИ, ЛЕЗИЛЕБОВИЌИ, ЗАБАВУВАЧИ, КРАДЦИ… И ШТО УШТЕ НЕ!

Како наш мал придонес на оваа тема:

КАРАКТЕРИСТИКИ НА (НЕ)ПРОДАВАЧИ

post

ФИНАНСИИ ЗА МАЛИТЕ БИЗНИСИ

Колку им се достапни финансиите на малите бизниси, на стартап бизнисите, на претприемачите воопшто? Велиме кризните (рецесиски) времиња се голема можност за економски бум. Тој економски бум можат да го нарават идните претприемачи (претприемачи кои ќе се родат во кризата). Тоа се луѓе кои иако ја загубиле работата ќе се обидат да заработат. Овие луѓе ќе воведат нови идеи, нови начини на работа, нови производи, нови процеси, нови начини на размислувања…

Но, за секој бизнис се потребни финансии. Какви се условите за финансирање на банките за нови бизниси? НИКАКВИ! Нашите банки не се водат од бизнис план. Тие едноставно бараат бизнисот да постои повеќе време. Доколку немате една година постоење нема финансии во вид на кредити од банки. Или доколку дојдете ќе бидат неповолни услови и мали износи.

Каква е помошта од државата за нови бизниси и претприемнички процеси? НИКАКВИ! Не слушнав дека планот за излез од кризата опфаќа помош за нови бизниси и мали бизниси. Што е полошо истите од страна на државните инспекциски органи се постојано на удар (И ТОА ЗА СИТНИЦИ – НЕ ЗА КРИМИНАЛ!!!).

Дали е обезбедена вистинска конкуренција за малите и стартап бизниси? НЕЕЕЕЕЕ! Зошто? НИКОЈ НЕ ЗНАЕ!!! Обид со ставање во правниот систем на пазарџиите не успеа!!!!!!!!!!!! ЗОШТО? ИЗБОРНА ГОДИНА!!!!! СТРАВ!!!!!… Еден мал бизнис во правен систем плаќа прридонеси за претприемачот, за вработените, данок на добивка (И ДА ИМАТЕ ДОБИВКА И ДА НЕМАТЕ ЌЕ ПЛАТИТЕ!!!!!! – ТОА Е КОНКУРЕНТНОСТ?????), ДДВ, ИСТАКНАТА ФИРМА на локалните власти, БАНКАРСКИ ПРОВИЗИИ за уплати и исплати, кирија за простор, СМЕТКОВОДИТЕЛ… И ШТО УШТЕ НЕ?  Пазарџиите НЕМААТ ФИРМА – НЕМААТ ДАНОЦИ, ФИРМРИНИ, ГОЛЕМИ КИРИИ, БАНКАРСКИ ПРОВИЗИИ (бидејќи 99% од стоката што ја продаваат е влезена на црно без царини, даноци итн)… И ТОА Е КОНКУРЕНТНОСТ?????? Тука се и еден куп улични продавачи. ПРОБЛЕМИТЕ СЕ РЕШАВААТ НЕ СЕ ОДЛАГААТ. СЕКОЈ НЕРЕШЕН ПРОБЛЕМ НОСИ УШТЕ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ.

Дали е обезбедена вистинска обука? НЕЕЕЕЕ! Зошто? НИКОЈ НЕ ЗНАЕ!!! Треба некој да ја плати.

Дали е обезбедена финансика помош од државата? НЕЕЕЕЕ! Зошто? НИКОЈ НЕ ЗНАЕ!!! За тоа реба пари, а ние не знаеме да управуваме со нив.

Контактирав со една колешка која живее во САД и вели голема криза е сега таму. Ме праша како се снаоѓаме ние со кризата. МОЈ ОДГОВОР БЕШЕ ДЕКА НЕ ЈА ЧУВСТВУВАМЕ НИЕ СМЕ НАУЧЕНИ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО КРИЗА ВЕЌЕ 20-ТИНА ГОДИНИ.

Научи го човекот да се соживее со сопствената и општата криза и ќе владееш со него бидејќи секогаш ќе биде задоволен со трошки, а не ручек во луксузен ресторан. Тоа е МАКЕДОНИЈА.

ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ ДОЈДАТ ПОДОБРИ ДЕНОВИ И ПОДОБРИ ВОДАЧИ ОД ИЗМИНАТИТЕ 20-ТИНА ГОДИНИ.

ВИДИ КАКО МАЛ ПРИДОНЕС ОД pretpriemac.com:

Трендови во 2009 година

10 извори на bootstrap финансирање

44 трикови за заштеда на пари

Бизнис идеи за 2009

post

ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Објавивме артикал за жени претприемачи на pretpriemac.com, иако првично не сакавме да правиме разлика помеѓу мажи и жени. Бидејќи кога го користиме зборот претприемач мислиме и за жени и за мажи и не сакаме да правиме никаква дискриминација во однос на тоа прашање. Но по барање на поголем број на жени читатели на pretpriemac.com одлучивме да започнеме и со вакви теми. Од друга страна интересен е историјатот на жените претприемачи. Можеби навистина постојат поголеми проблеми за жените отколку за мажите. Сеуште жените претприемачи се гледаат со други очи од страна на мажите претприемачи.

Статистиките покажуват солидни резултати за жени претприемачи во развиените земји во последниве 20-тина години. Во светот еден од најголеми проблеми за жените претприемачи се наведува потребна доедукација во однос на менаџментот и претприемништвото. Затоа pretpriemac.com ќе посвети посебно внимание за можноста на едукација како на мажите така и на жените претприемачи со постојано пишување на практични согледувања и теоретски претпоставки за претприемништвото како умешност и наука.

Дадете ваши коментари за теми кои би биле интересни за жените претприемачи кои би им помогнало во водењето на сопствените бизниси и ние ќе дадеме се од себе за да ги обработиме во најкраток можен рок.

post

(НЕ)ПРОДАВАЧ

Зошто ваков наслов? Прво го нареков продавач, но бидејќи она што тој така наречен продавач го нарави ми се чини дека не е продавач. За една книга читав доста на интернетот и бев спремен да ја нарачам преку амазон. Книгата за која станува збор е Герила Маркетинг од Jay Conrad Levinson, кој е татко на герила маркетингот. Човекот кој прв го внесува терминот герила во маркетингот. Овој термин и приод сосема ги измени темелите на сваќањето на маркетингот и го направи полесен за малите и средните претпријатија. За книгата знаев дека е продадена во над 20 милиони примероци и преведена на над 50 јазици. Ова за мене беше доволно. Зошто? Книга која е продадена во над 20 милиони примероци сигурно вреди. Кога некоја книга ќе достигне таков тираж, тоа не е за потценување.  Но, знаев и за одредени делови кои ги прочитав како извадоци на повеќе веб сајтови кои ја продаваат таа книга како еден вид продажна инка. Но, што се случи?

Отидов во книжарница во која имаше големи попусти. И бидејќи не можев да најдам нешто на попуст што би ме заинтересирало ја забележав оваа книга на маакедонски јазик која не беше на попуст. Пред мене еден човек ја зеде книгата и застана на каса за да ја плати. Но, продавачката веднаш му вели дека книгата е „превазиѓена“ работа и дека е подобро да избере некоја од оние книги кои јас и мојот партнер ги нарекуваме „направи сам“, „сликовница“ или „боенка“. Нормално, човекот ја послуша продавачката и ја врати книгата. Но, најчудно е што и јас подзастанав и се спремив да ја вратам бидејќи била „превазиѓена“ без разлика на моето знаење за таа книга и веќе прочитаните делови од истата. Во истиот момент ми светнува во главата следнаве прашања:

  1. Абе од кај знае оваа што е тоа „првазиѓено“ а што не е?
  2. Дали ги прочитала сите книги?
  3. Во книжарата продаваат секакви типови на книги, дали е експерт од сите области?

По завршување на тие прашања во таа една до две секунди си ја зедов книгата во рака веднаш продолжив со книгата на друга каса ја платив. И не зажалив. Во мојата колекција на над 300 стручни книги имам уште една која навистина претставува „бизнис библија за 21-иот век“.

Но што е онаа значајно за претприемачите:

  • Можете да имате одличен маркетинг кој ќе ви донесе еден куп на потенцијални муштерии, но продавачот може да ја за… работата и да ги изгубите со една неквалитетна продажба.
  • Продавачите без соодветно знаење не смеат да се впуштаат во коментирање на производите (само за да се направат попаметни пред муштерии). Муштеријата бара помош, доколку не сте сигурни и немате познавање како продавач, барем не лажете го.
  • Производите кои се продаваат или кои се нови вообичаено не се ставаат на попуст.

Ако за продавачката книга која е продадена во над 20 милиони примероци е „превазиѓена“ работа што ќе значат книгите кои се продаваат во само 1% (20.000 примероци што за Македонија е огромна бројка) од предметнава книга. Сега Вие кажете дали е тоа продавач или не?

Можете да ги разгледате топ 20 бизнис идеи и да оставите коментар за ваши идеи. Најдобрите 3 ќе добијат бесплатен зборник на тие идеи со разработка на истите на 30-тина страници.

post

20 БИЗНИС ИДЕИ ЗА 2009 И ПО НЕА

На pretpriemac.com објавивме 20 можни бизнис идеи за 2009 година и по неа за кои сметаме дека ќе бидат актуелни за во иднината. Овие бизнис идеи се:

  1. Консултант за кратење на трошоци
  2. Производство и продажба на производи кои овозможуваат штедење на електрична енергија
  3. Пишувач за прес конференции, блогови
  4. Маркетинг консултант
  5. IT консултант
  6. Развој на web апликации
  7. Онлајн бизнис
  8. Онлајн маркетинг консултант
  9. Онлајн рецепти за готвење
  10. Програми за намалување на тежината
  11. Салони за разубавување
  12. Производство на храна
  13. Алтернативни начини за подобрување на здравјето
  14. Еколошка иновација
  15. Давање на часови
  16. Реновирање на станови
  17. Услуги за одржување на хигиена
  18. Одржување на автомобили
  19. Нега на постари луѓе
  20. Моден консултант

Сметаме дека потребата за овие бизниси ќе биде доста голема во текот на 2009 или ќе се зголемува со големо темпо. Можете да оставите коментар за вашето размислување во однос на овие бизниси. Како и коментар за некои други бизнис идеи кои би можеле да влезат во листата. Двајца од вас кои ќе остават најдобар коментар и размислување ќе добијат електронска книга (ЗБИРКА НА ПРЕДЛОЗИ НА 20 БИЗНИС ИДЕИ) со подетална разработка за овие бизниси на 30 страници.