post

Бизнис успех во 50 чекори

Бизнис успех во 50 чекори

Бизнис успех во 50 чекори

Можеме ли да имаме одредени чекори кои мора да се изодат за да го направиме бизнисот успешен? Мислам дека не може да има некаков темплејт дизајниран од едноставни чекори кој ќе го одведе нашиот бизнис до успехот. Како и да е, од друга страна, не постои волшебно стапче кое ќе направи успех. Успешноста на бизнисот зависи од нас и од нашите одлуки.

Доколку успешноста на нашиот бизнис зависи од нас, тогаш ќе мора да превземеме некои акции кои ќе не одведат до тој успех.

Би сакал да споделам можни чекори кои имаат потенцијал да го одведат бизнисот кон успехот соберени низ моето искуство и искуството на успешните претприемачи. За некои претприемачи 30 чекори ќе бидат доволни, додека за некои ни сите 50 нема да се доволни.

Чекор 1: Развој на повеќе од една бизнис идеја

Чекор 2: Анализа на сите бизнис идеи

Чекор 3: Иницијално истражување на пазарот

Чекор 4: Вклучи ги заклучоци од иницијалното истражување на пазарот во анализата на бизнис идеите

Чекор 5: Избор на најдобрата бизнис идеја за започнување

Чекор 6: Развој на јасна визија

Чекор 7: Анализа на перформансите

Чекор 8: Направи ги соодветните прилагодувања

Чекор 9: Откриј ја твојата толеранција за ризикот

Чекор 10: Определи ги личните цели

Чекор 11: Определи ги иницијалните бизнис цели имајќи ги во предвид личните цели

Чекор 12: Провери дали целите се опипливи и мерливи

Чекор 13: Отстрани ги сите неопипливи и немерливи цели или пак направи ги да бидат опипливи и мерливи

Чекор 14: Обврзи се за остварување на сите опипливи и мерливи цели

Чекор 15: Подели ги иницијалните цели во потребни акции

Чекор 16: Направи бизнис план

Чекор 17: Избери го го најдобриот бизнис модел

Чекор 18: Дефинирај ја мисијата на бизнисот

Чекор 19: Дефинирај ги суштествените бизнис системи

Чекор 20: Дефинирај ги ресурсите за сите бизнис системи

Чекор 21: Осигурај се дека сите подготовки се спремни за стартување

Чекор 22: Идентификувај ги сите компетентности потребни за остварување на целите

Чекор 23: Вработувај согласно идентификуваните компетенции

Чекор 24: Секогаш наградувај се себеси и вработените за постигнување на секоја цел

Чекор 25: Идентификувај ги сите можни извори на промени

Чекор 26: Имплементирај систем за следење на тие извори на промени

Чекор 27: Дефинирај ги потенцијалните извори на отпор кон промените

Чекор 28: Пронајди начини како да ги елиминирате тие извори на отпорот кон промените

Чекор 29: Имплементирај ги потребните проемни континуирано

Чекор 30: Мери ја имплементацијата на промените

Чекор 31: Нека промените бидат дел од вашата бизнис култура

Чекор 32: Идентификувај ги сите главни конкуренти

Чекор 33: Анализирај ги предностите на конкурентите

Чекор 34: Проучи ги сите чекори на конкурентите

Чекор 35: Имплементирај ги и подобри ги сите вредни акции на конкурентите

Чекор 36: Идентификувај ги најважните купувачи

Чекор 37: Сегментирај ги потрошувачите

Чекор 38: Награди ги најважните купувачи

Чекор 39: Оценувај го задоволството на купувачите

Чекор 40: Отстрани ги сите елементи кои предизвикуват незадоволство кај купувачите

Чекор 41: Направи финансиско предвидување

Чекор 42: Спореди ја актуелната финансиска ситуација со предвидената

Чекор 43: Направи анализа на готовински тек

Чекор 44: Идентификувај потенцијални трошоци за елиминирање

Чекор 45: Подобри го готовинскиот баланс

Чекор 46: Направи ABC анализа на производите и/или услугите

Чекор 47: Елиминирај ги производите со слаб приход или профит

Чекор 48: Дефинирај ги најважните платформи за социјални медиуми и отвори акаунти

Чекор 49: Започни бизнис блог

Чекор 50: Биди интерактивен со потенцијалните и тековните купувачи онлајн

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Trackbacks

  1. […] Успехот во бизнисот се остварува само ако вашата компанија е подобра денес од вчера, или пак подобра утре од денес. Подобрување е основа за стекнување на конкурентска предност. Како и да е, од друга страна подобрувањето не може да се појави без причина. Си има свој сопствен извор, или претставува последица на нешто. […]

  2. […] секаков тип на бизнис. Постојат многу бизниси кои биле успешни, но со текот на времето не ги следеле демографските […]

Speak Your Mind

*