~ Warren Buffet
во интервју на Charlie Rose цитат од книгата Practicaly Radical, Not-So-Crazy Ways to Transform Your Company, Shake Up Your Industry and Challenge Yourself

~ Warren Buffet
во интервју на Charlie Rose цитат од книгата Practicaly Radical, Not-So-Crazy Ways to Transform Your Company, Shake Up Your Industry and Challenge Yourself


Вашиот претприемачки живот ќе биде соочен со премногу одбивања кои понекогаш може да бидат и на секојдневна основа. Можете да бидете одбиени од купувачите, вработените, партнерите, пријателите, смеејството… Тие се ваша реалност и не можете да ги зибегнете.

Книгата “Изберете се себеси” е една од понови книги која едноставно ме заинтересира за да ја прочитам, особено поради фактот што го следев блогот на авторот James Altucher и знаев дека истиот има и позитивно и негативно искуство со неговите повеќе бизниси. Всушност авторот има искуство и во заработување на милиони, но и во губење на милиони, што претставува барем за мене некој кој може да го преслика сопственото искуство во една книга.
Мислам дека ние премногу се фокусираме на успешни приказни. На пример, секогаш се бараат успешни приказни за да се научи нешто ново, но знам дека едно нешто е сигурно, а тоа е дека приказни за неуспех вредат многу повеќе од успешните приказни, затоа што многу може да се научи од туѓи грешки. Од друга страна, кога станува збор за бизниси, знам и дека сите успешни приказни за успешни претприемачи имале десетици неуспешни приказни пред да станат успешна приказна. Го базирам оваа тврдење на десетина автобиографски книги на успешни претприемачи.


Широк објектив – Нова стратегија за иновација од Ron AdnerПоследните дваесет години се години во кои можевме да забележиме дека процесот, начинот и чинителите на иновацијата драстично се променети. Единките не успеваат. Успеваат само иновациите кои ќе успеат да ги интегрираат сите лица кои се важни за да успее самата иновација. Исто како и алките на синџирот, така и во процесот на иновација доколку една алка не постои или е слаба, процесот нема да успее.
Зошто имаме примери каде големите компании со огромен капацитет за иновација не успеваат? Sony имаше невиден успех со вокмен, но mp3 плеерот не беше продолжеток на еден таков успех. Автомобили на електричен погон дури сега наоѓаат соодветен екосистем кој може да гарантира успех на иновација како еден производ која не е од денес ниту од вчера, туку многу порано. Но, екосистемот дури сега се развива и можеме да кажеме дека постои голема веројатност во следните години да видиме многу големи промени на една цела индустрија.

Претприемачите по природа се луѓе со многу идеи, концепти, проекти, задачи… Доколку ја одложуваат имплементацијата на тие идеи, концепти, проекти или задачи во секојдневната работа на нивниот бизнис не може да очекуваат успех за себеси и бизнисот воопшто. Едноставно, без имплементација не може да се каже дека постои претприемач. Затоа и одложувањето се смета како еден од најголемите непријатели на претприемачите или потенцијалните претприемачи.

~ Seth Godin We Are All Weird

Одличен текст кој покажува што сметаат научниците, односно до кои сознанија има дојдено науката за да се обезбеди дека моќта на мозокот и во повозрасни години ќе биде на повисоко ниво на луѓето. Менталната работа може да биде решение.

За да ги добивате ажурирањата во вашиот inbox секојдневно пополнете ја формата подолу.
Copyright © 2026 · Sutevski on Genesis Framework · WordPress · Log in