post

Епизода #03: Одложување како сопирачка за вас и за вашиот бизнис [Подкаст]

Во оваа епизода ќе зборувам за ”Одложување како сопирачка за вас и за вашиот бизнис” при што ќе навлеземе во суштината на одложувањето преку објаснување на тоа што претставува, какви последици носи, особено за претприемачите и едноставно преку опис на повеќе причини за појава на одложувањето ќе се обидам да ви обезбедам повеќе тактики како да се борите со оваа појава.

Оваа е втора епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме следна епизода.

Кликни за слушање

Целта на оваа епизода од подкастот претприемачки пат е да ве поттикне да се подобрите самиот себеси и без одложување да започнете да ги имплементирате вашите идеи, концепти или проекти, без разлика дали станува збор за започнување на бизнис, за подобрување на процесите во бизнисот, за имплементација на нов проект во бизнисот…

Во самиот подкаст зборуваме за 12 причини за одложување и како да се елиминираат тие причини:

  1. Недостаток на самодоверба
  2. Тенденција да сакате првин да научите се, а потоа да преземете акција
  3. Немате јасни цели, што пак доведува до нејасност и конфузија
  4. Вашата “да направам” листа содржи проекти наместо задачи
  5. Вашиот план не се базира на “IF THEN” принципот
  6. Имате проблеми со одлучноста
  7. Вашата работна околина дозволува премногу одвлекувања на вниманието
  8. Не користите кратки распореди и рокови за да го обезбедите неопходни фокусирани акции
  9. Одложувањето е секогаш поатрактивно во однос на акцијата
  10. Барате перфекционизам во се што работите
  11. Немате јасни приоритети
  12. Едноставно не препознавате или не признавате дека одложувате

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема Големи податоци и малите бизниси, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Ресурси од епизодата

Во оваа епизода споменувам неколку ресурси меѓу кои и:

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*