audio

Епизода #17: Што мора да направите како еден стартап претприемач

Еден стартап, па и еден стартап претприемач на својот пат ќе имаат доста комплексни предизвици кои на ваков или онаков начин ќе мора да ги надминат и тоа во своја полза. Затоа и оваа тема за седумнаесетата епизода на подкастот “претприемачки пат”.

Претприемачки пат за стартап

Оваа епизода на претприемачки пат всушност ќе биде надополнување на постот кој го напишав на претприемач насловен како 20 мора за стартап претприемачи. Во тој наслов само ги нафрлав тие 20 „мора” кои се дел од една листа на 100 такви мора. Таа листа како што напишав и на претприемач ја подготвив уште во 2009 година, а сега истата таа листа само што ја проширив со уште 87 нови „мора” кои очекувам по уште едно седнување и преразгледување лесно ќе ја надминат бројката 200.

Стартап истовремено претставува процес, но и градење на еден ентитет како стартап бизнис. Претприемачот кој го стартува тој стартап го нарекуваме стартап претприемач кој едноставно ја покренува машинеријата на стартап процесот со цел да изгради успешен но и одржлив бизнис. Е, сега тука и кога станува збор за успешен и кога станува збор за одржлив слободно можам да кажам дека мнозинството не успеваат.

Значи, главната премиса на оваа епизода се 20 мора во вид на способности, однесување и активности на стартап претприемачи во еден стартап процес.

Кликни за слушање на 20 мора за стартап претприемачи

Најава за онаа што следува

Следниот подкаст ќе биде на тема Како да изведете дисквалификација на потенцијални купувачи, Доколку имате прашања за оваа тема, можете да оставите гласовна порака на подкаст прашања или да напишете прашање преку контакт формата.

Транскрипт од оваа епизода

Можете да го симнете комплетниот транскрипт на оваа епизода тука доколку повеќе ви одговара читање отколку слушање.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*