post

Има ли пазар…? Моето лично мислење е…

На прашањето има ли пазар за твојата идеја, иновација, бизнис најчест одговор од страна на претприемачи кој го добивам започнува со „моето лично мислење е…”

пазар

И потоа продолжува има пазар, ќе има пазар, сеуште нема но ќе го создадеме итн. Не, не, не, не, не… Прашањето е јасно има или нема. Не ме интересира твое лично мислење ме интересира мислењето на оние кои го сочинуваат или ќе го сочинуваат пазарот во иднина.

Па следуваат прашањата во видот на:

  • Колкава е големината на тој сеуште целен пазар?
  • Постои ли конкуренција на тој сеуште целен пазар?
  • Колку купувачи веќе имаш на тој сеуште целен пазар?
  • Колкав е процентот на тој број на купувачи кои веќе ги имаш од вкупната големина на тој сеуште целен пазар?
  • И уште голем број слични прашања кои бараат одговор.

Вашето лично мислење воопшто не е важно за успех на вашиот бизнис. Нечие лично мислиење може да биде:

  • Или точно, да постои пазар па макар и сеуште мал кој допрва треба да се развива,
  • Или неточно не постои пазар и тешко дека ќе може да се развие во брзо време.

На ваков начин личното мислење доведува до тоа шансите за да има пазар за таа идеја, иновација или бизнис воопшто се фифти-фифти, пола-пола, 50%-50%… Тоа веќе не е добро.

Успехот на еден бизнис бара постоење на пазар или во најлош случај постоење на можност за развој на пазарот во следните неколку месеци до една година. Да, не повеќе од една година ако сте стартап, доколку сте веќе постоечка компанија која веќе е присутна на некој пазар и има доволно ресурси за да вложи во креирање на нов пазар тој период може да биде и поголем.

Сега кога знаеме дека пристапот е погрешен, тогаш зошто сеуште се користи лично мислење за да кажеме има или нема пазар?

  • Првин личното мислење значи дека сеуште се базираме на интуиција, а не на факти што пак е дозволиво само во фазата на идеизација, односно сонување на иновација или нов бизнис воопшто, но потоа лично мислење веќе не е нешто на што смеете да се потпрете.
  • Се користи учење па преземање на акција за што зборував во последната епизода на претприемачки пат, а што доведува до заклучок дека тоа учењето го користиме за подготовка на бизнис план со цел не да ја видиме реалната ситуација туку со една и единствена цел да ја потврдиме нашата интуиција која не води до лично мислење.
  • Лични мислење води до тоа постои минимално 50% веројатност дека бизнисот нема дфа успее, дека иновацијата нема да успее…
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*