Секој човек има сопствени силни страни. Па и вие како еден претприемач исто така имате силни страни. Тоа е нешто што не може лесно да се копира од другите. Нешто што е уникатно, специфично и силно врзано само за вас.
Потребно е само да се откријат и секако да се користат. Понекогаш силните страни се длабоко сокриени во индивидуата, но понекогаш тие се забележителни и се користат од индивидуалците и особено од претприемачите.
Силните страни, онаа во што сте најдобри, претставуваат еден и единствен клуч за вашата успешност како еден претприемач. Од друга страна онаа за што сте свесни дека денес претставува ваша силна страна не значи дека тоа се и единствените. Сигурно постои уште нешто.
Со помош на овој наслов ќе можете постојано да ги следите и откривате вашите силни страни, но и веднаш по откривањето да ги користите како вашиот бизнис постојано ќе ја одржува својата супериорност.
1. Секогаш експериментирајте
Различни експерименти кои ќе ги имплементирате ќе ви овозможат да учите се повеќе за себеси, за онаа што го знаете, за онаа што не го знаете, но и за возбудата и уживање при имплементација на таквите експерименти.
Експериментите не се важни само за да откривате нови начини на вршење на работите во вашиот бизнис, тие се важни и за вашиот личен развој, но и развојот на вашиот тим.
2. Која работа кога ја работите најмногу ве возбудува?
Нормално е да очекувате дека кога работите и се чувствувате возбуден, работите со вашите најсилни страни. Тогаш сте најмногу мотивирани и најенерегизирани.
Едноставно следете ги тие ваши чувства и секогаш кога тие се позитивни размислете што е тоа во вас што ви обезбедува таква леснотија во завршување на тие задачи, а истовремено ве возбудува.
3. Што е онаа што го правите различно од сите други?
Секогаш постоело, постои и ќе постои нешто што само вие го правите на начин на кој го правите. Доколку онаа што го правите различно од сите други и резултатот е навистина нешто одлично, тогаш логично е тоа да е ваша силна страна.
Размислете за оваа прашање и обидете се да го одговорите составувајќи листа на работите кои ги правите различно од останатите. Тука се кријат повеќе ваши силни страни.
4. Водете листа на ваши силни страни
И како четврта препорака во овој наслов е да подготвите и постојано да ажурирате една листа во која ќе бидат наведени сите ваши силни страни онака како што ги откривате. Една ваква листа секогаш ќе ви биде при рака и ќе ви овозможи во секој важен проект за вашиот бизнис вашиот фокус да биде целосно насочен на вашите силни страни.
На ваков начин ќе успеете да извлечете максимум од се онаа што ќе го работите.




Speak Your Mind