post

Како да ја зголемиш продажбата?

Дали постои претприемач, кој не сака да ја зголеми продажбата во својот бизнис?

Зголемувањето на продажбата значи зголемување на приходи. Повеќе приходи значи поголема профитабилност. Со поголема профитабилност имаш поголеми можности за раст на твојот мал бизнис.

Сега, што мислиш? Дали сакаш да ја зголемиш продажбата на твојот мал бизнис?

Веројатно сакаш и тоа е веројатно прашање за кое размислуваш 100% од твоето време кое го трошиш за бизнисот. Што мислиш за вредноста, купувачите, маркетинг напори … Сè што мислиш за секојдневното функционирање на бизнисот и она што го правиш на секојдневна основа во твојата компанија на крајот има една единствена цел, да се зголеми продажбата.

Но, прашањето е како да ја зголемиш продажбата?

Дали постои некакв уникатно решение или формула која може да ти помогне во твоите напори?

Дали има нешто што може да направиш и да ти гарантира 100% дека ќе се зголеми продажбата?

За жал, одговорите на овие прашања кои веројатно ќе ти одат на нерви секојдневно е не.

Не постои единственото решение или формула која може да ти помогне во твоите напори да ја зголемиш продажбата. Ништо не може да гарантира успех.

Но, како ќе знаеш кои активности треба да ги преземеш со цел да ги зголемиш зделките за компанијата? Ова е логично прашање кое доаѓа на памет кога не можеш да најдеш уникатно решение или формула и нешто што ќе ти гарантира зголемување на продажбата.

Одговорот е дека никогаш нема да знаеш, ако не си се обидел да ги зголемиш зделките за твојот бизнис. Како можеш да знаеш дека можеш да ја зголемиш продажбата ако не се обидеш да понудиш нешто повредно за твоите купувачи, доколку не се јавиш на твоите потенцијални купувачи, ако не користиш реклами, доколку не го едуцираш твојот продажен тим…?

Секој бизнис што постои на пазарот, дури и кога пазарот е ист, дури и на индустријата во која тие работат е иста се уникатни на свој сопствен начин. Уникатноста на бизнисот ќе влијае на твоите напори за зголемување на продажбата.

  • Кои се твоите идеални купувачи?
  • Која е вредноста што твојата компанија им ја нуди на твоите идеални клиенти?
  • Каде се твоите идеални купувачи?
  • Кои се нивните проблеми, желби, потреби или навики?
  • Како им приоѓаш?
  • Кои се резултатите од твоите актуелни приоди кон нив?
  • Дали имаш неодолива понуда?
  • Може ли да им се понуди нешто повеќе за да се зголеми продажбата?

Размисли за овие прашања? Одговори на нив, и ќе видиш како ќе постојат различни погледи и приоди кон овие напори.

Вториот дел од овој пост е насловен како 10 совети за да ја зголемите продажбата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. користиш рекламиш

  2. Владимир says:

    Добар наслов, штура содржина. Поголем дел од статијата се прашања и констатации кои се дел од проблемот, а не од решението.

    • Sutevski says:

      Можеби, иако ова е само првиот дел. Ќе следува наслов со 10 препораки кое повторно нема да биде комплетно решение, туку темплејт кој кај различни бизниси ќе има различна функционалност.

      Сепак, постовавување на корените на проблемот значи и половина решение, барем кој може да го види. Без да навлезам комплетно во сите аспекти и постоечки системи, не можам да дадам конкретно решение.

  3. Муки says:

    Ве следам секојдневно и ги читам Вашите прекрасни теми кој многу претприемачи можа да ги користат и да ги стават во пракса во својот бизнис, и така да направат еден профитабилен бизнис.

    Во врска со наведената тема, повеќепати е пишувано, пишувано и пишувано…, и може од праксата која секојдневно ја имаме кај нас да пишуваме уште многу безброј пати.

    Како да ја зголемиме продажбата:

    Тука би дал еден пример кој лично ми се деси и кој сакам да го споделам заедно со вас.

    Еднаш имав потреба да одам во Фармацевска Апотека, морав да поминам повече апотеки за да одлучам кока Фамацевска апотека да ја одберам и бараната потреба да ја купам. Во поголемиод дел од апотеките вработените не укажуваа голема одговорност туку Ми велеа: “ДА ГО ИМА ОВОЈ ЛЕК И ЦЕНАТА МУ Е ХХХ“. Кога отидов во една апотека имаше една апотекарка која се гледаше дека има љубезнос во себе. Таа ме пречека, ме праша што е проблемот, дали може нешто друго да ми помогне итн. Чудо, цената беше повисока но јас се одлучив да ја изберам таа апотека, и секогаш да бидам Нивен потенцијален купувач. После одредени денов минував од апотеката и вработената која ме послужи ме прашува „Дали има промени, дали сум се сторил подобар итн…“

    Се гледа дека таа навистина покажува интерес и за секогаш ме напра да бидам Потенцијален купувач.

Speak Your Mind

*