post

Како вашиот купувач да не ве замени?

Никој не сака да биде заменет, но сепак честопати тоа е реалност во еден претприемачки свет. Еден од поголемите императиви на сите претприемачи е да ги избегнат можностите да бидат заменети од нивниот купувач.

купувач

Зошто?

Затоа што доколку продолжите да го искусувате заменувањето, тоа е знак дека вашиот бизнис ќе страда од губење на купувачи, намалување на продажба, приходи и профитабилност.

Пред извесен период во мојата канцеларија дојде претприемач со ваков проблем во кој тој забележува дека се повеќе купувачи го заменуваат неговиот бизнис со конкурентскиот. Моето прво прашање беше што тој мисли дека е причината за да неговите купувачи го заменат со неговите конкуренти. Овој претприемач, но и скоро сите други со сличен проблем го одговараат оваа прашање така што сметаат дека вистинската причина е повисоката цена на нивните производи или услуги.

Овој одговор е сосема погрешен одговор. Зошто? Затоа што дури и високите цени да бидат причина, сепак сеуште зад високите цени се кријат многу повеќе причини за тоа зошто се случува заменувањето од страна на еден купувач.

Тука ќе презентирам еден мој вообичаен одговор што претприемачот треба да направи доколку не сака да биде заменет од страна на еден купувач и доколку се договориме за соработка би продолжиле со имплементација на стотици тактики за сето подолу наведено биде инкорпорирано системски во бизнисот.

  1. Нема да бидете заменети доколку испорачате навистина исклучително доживување за секој ваш купувач.
  2. Нема да бидете заменети доколку испорачате и повеќе од онаа што сте го ветиле на секој ваш купувач.
  3. Нема да бидете заменети доколку постојано се наоѓате во контакт со секој ваш купувач.
  4. Нема да бидете заменети доколку навистина вредите повеќе одколку што вашите купувачи треба да ви платат.
  5. Нема да бидете заменети доколку обезбедите дека вашите купувачи знаат за вашата вредност и вредноста што тие ќе ја добијат доколку работат со вас и вашиот бизнис.
  6. Нема да бидете заменети доколку сте човек од доверба и доколку сите ваши купувачи му веруваат на вашиот бизнис.
  7. Нема да бидете заменети доколку му помогнете на вашиот купувач без разлика дали тој купува или не купува во моментот.

Прашање: Имате ли искуство во обидување да обезбедите дека вашиот купувач нема да ве замени? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*