link

Иновација преку поставување на прашања

Иновација преку поставување на прашања

Извор: Innovation Excellence

Прашања кои се однесуваат на важни аспекти на еден бизнис и нивниот одговор се основа за иновација кај малите бизниси. Во овој одличен текст се дадени три клучни подрачја во кои вие како еден претприемач ќе треба да поставувате прашања и да барате одговори кои ќе ги користите како основа за иновирање во однос на вредноста, процесите и технологијата во вашиот мал бизнис.

  1. Поставување на прашања на купувачите. Да поставувате прашања на вашите купувачи претставува фидбек за се онаа што вие како еден бизнис го работите. Не само што ќе дојдете до квалитетни идеи за иновација, туку ќе дојдете и до квалитетни информации и знаење за најпроблематичните процеси во вашиот бизнис кои лесно може да станат предмет на подобрување.
  2. Поставување на прашања за конкурентите. Следното подрачје каде прашањата може да водат до квалитетна иновација е конкуренцијата. Уште во 2011 година дизајнирав 22 основни прашања кои постојано ќе треба да си ги поставувате во однос на вашите клучни конкуренти. Истите прашања лесно ќе се надоградат со повеќе подпрашања, само треба да започнете. Инаку, што прават вашите конкуренти, како го прават, која е нивната вредност и многу слични прашања како и одговорите ќе ве поттикнат да преземете нешто и вие во вашиот бизнис.
  3. Поставување на прашања за заедницата. Заедницата која постои околу еден бизнис е поширока и опфаќа повеќе ентитети освен тековни купувачи и конкуренти. Тука се вработени, потенцијални вработени, поддржувачи, критичари, потенцијални купувачи, потенцијални конкуренти, снабдувачи, потенцијални снабдувачи… Сите овие ентитети кои ја сочинуваат заедницата на еден бизнис имаат потенцијал да поттикнат иновација во еден мал бизнис. Затоа и прашањата во однос на заедницата околу вашиот бизнис ќе можат да поттикнат иновација во вашата компанија.

Поставувајте прашања. Поставувајте многу прашања за се околу вас и вашиот бизнис. Тие ќе ја поттикнат креативноста кај вас, а со тоа полесно ќе станете многу поиновативна компанија. А, на поиновативните компании им е загарантиран успехот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*