post

Може ли вашиот бизнис да ги поддржи вашите идеи

Како еден претприемач вие можете и треба постојано да имате нови и свежи идеи. Вашиот бизнис го бара тоа од вас. Вашите купувачи го бараат тоа од вас. Успехот го бара тоа од вас.

идеи

Можеме да имаме илјадници идеи, тоа е наша дарба како човечки суштества. Можеме да сонуваме колку што сакаме. Можеме да мечтаеме колку што сакаме. Можеме да планираме колку што сакаме. Сепак, ништо од тоа нема да ви вреди доколку не го имплементирате.

Имплементацијата ќе се базира на квалитетот на идејата, вашиот капацитет да имплементирате идеи и колку идеи можете да имплементирате, но и капацитетот на вашиот бизнис во поддршката на имплементацијата на тие идеи. Така, да можете да ја поминете препреката со постоење на идеи за имплементација, можете да ја поминете и препреката во однос на вашиот личен претприемачки капацитет, но доколку не ја преминете препреката на капацитетот на вашиот бизнис кој сепак треба да ја поддржи имплементацијата на секоја ваша идеја, не можете да очекувате успех од онаа што го работите.

Затоа, прашањето кое е валидно и кое често пати треба да се поставува не е како до идеи, туку дали вашиот бизнис може да ги поддржи сите ваши идеи.

  • Дали имате развиено системи во вашиот бизнис кои ќе ја поддржат вашата идеја?
  • Дали имате тим од луѓе кои можат да ја имплементираат вашата идеја?
  • Дали имате тим од луѓе кои имаат знаење, вештини и искуство во имплементација на вашите идеи?
  • Дали вие и вашиот тим имате доволно време за имплементација на вашата идеја?
  • Дали имате доволно финансиски средства за имплементација на вашата идеја?

Сите овие прашања се валидни прашања не само за вашиот бизнис туку и за сите бизниси кои постојат или ќе постојат во иднина. Но, прашањето е што ако утврдам дека мојот бизнис нема капацитет да ги поддржи моите идеи?

Дали треба да се откажам од имплементација?

Одговорот на оваа прашање понекогаш може да биде позитивен, односно, да ќе треба да се откажете доколку немате системска поддршка за имплементација, бидејќи имплементација која нема да се реализира или нема да даде резултати претставува расфрлање, односно отпад. А, што правите со отпадот, односно ѓубрето? Го фрлате, едноставно не ви е потребно дома.

Но, сепак вие имате квалитетни идеи кои ако останат нереализирани повторно претставува ваша загуба како еден претприемач. Барем за мене, откажувањето од имплементација не е баш најприкладно решение. Затоа мора да се бараат други алтернативи како вашите идеи би заживеале и би му помогнале на вашиот бизнис.

  1. Вашиот бизнис мора да биде изграден на цврсти системи кои ќе го поддржат развојот на бизнисот во иднина. Иако можеби, не можеби туку често пати мислите дека нема потреба од самиот старт да градите системи, структура и процедури од самиот старт, сепак најдобро е од старт да градите силни темели, а силината на темелите ќе зависи од силината на системите на кои ќе се потпира вашиот бизнис.
  2. Создадете тим за иднина. Мора да размислувате поинаку кога станува збор за создавање на тим. Најчесто проблемот претприемачите го ставаат на страна на вработените, а не на своја страна бидејќи токму тие ги избрале токму тие вработени кои денес не им се допаѓаат. Причината лежи и во непостоење на системи уште од старт кои ќе дефинираат какви знаења, вештини и искуства ќе се бараат од секое работно место.
  3. Мора да градите продуктивен бизнис во кој личната продуктивност ќе се рефлектира на севкупната продуктивност на компанијата. Колку вие, вашите вработени и вашата компанија во целост сте попродуктивни толку поголем капацитет ќе имате за имплементација на нови идеи во вашиот бизнис.

Мора да работите на пдобрувања во овие подрачја на вашиот бизнис иако можеби ви изгледаат дека не се нешто на што треба да дадете главен приоритет. Многу работи ќе зависат токму од нив, а со тоа и развојот на бизнисот во целост ќе се потпира на нив.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*