status

иновации тема на годината за 2014

Иновации тема на годината за 2014

иновирај

Како и секоја година, така и оваа одлучив да изберам една тема која би била тема на годината на претприемач, а оваа година тоа ќе биде иновации и иновативност кај малите бизниси.

Што значи главна тема на претприемач? Тоа значи дека приоритет ќе биде даден на насловите кои ќе ги обработуваат иновациите и иновативноста кај малите бизниси.

Темата е многу важна доколку сакаме да обезбедиме брз напредок на нашата земја. Во минатите неколку месеци разгледав повеќе истражувања кои се однесуваат на развојот на претприемништвото во земјава и некако недостаток на иновација во секторот на малите и средните бизниси скоро секаде преовладува како главен недостаток.

Иако се случија многу работи во полето на иновацијата, особено со креирање на иновациска стратегија за земјава во која се планирани доста активности во периодот кој следува и иако ќе се операционализира иновацискиот фонд од оваа година, сепак сметам дека една суштинска алка која ќе биде потребна е промена на претприемачкиот мајндсет кај микро и мали бизниси, односно кај нивните претприемачи. Добро, таа тема ќе биде опфатена овој месец на претприемач и едноставно ќе претставува вовед на главната тема…

Кога станува збор за иновации и иновативност постои голем, слободно може да кажам и огромен потенцијал, особено кај малите бизниси кој пак ќе ја поттикне и иновативноста кај поголемите компании кои едноставно изгледаат како „заспани убавици” укотвени во едно мирно море уживајќи во благодетите од минатите активности. Од друга страна, никогаш како досега не постоеле можности за силна иновација од страна на малите, која сметам дека мора да ја искористиме. Предмет на иновации може да биде секој подсистем во вашиот бизнис, но и иновации кои ќе имаат ефект на надворешноста на вашиот бизнис како иновација на сосема нов пазар.

Затоа сметам дека оваа тема треба да биде тема на годината за 2014 иако имав и други идеи. Сепак, сеуште постои огромен простор за работа, творење и споделување на претприемачко знаење кое иако со повеќе од 1600 наслови во изминатите 5 години сепак дорпрва го начнуваме во вистинска смисла на зборот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*