post

Не можам, не знам и не сакам

Неможам, незнам и не сакам од насловот се трите најлесни изговори за не преземање на акција која значи успех и живот за вашиот бизнис.

не можам

Како еден претприемач ќе имате многу изговори исто како што зборував и за вашите купувачи и нивните изговори да не купуваат од вас. Но, не смеете да дозволите изговорите да станат пракса која едноставно секојдневно ќе работат на уништување на вашиот бизнис.

Вие сте претприемач, и вие сте централниот ентитет во ваш бизнис. Одговорноста е ваша.

Кои се тие изговори кои најчесто ги сретнувам кај претприемачи кои имаат потенцијал за успех? Имаат потенцијал за успех, но изговорите им претставуваат една голема препрека кон тој успех.

  • Не можам да… Ако не можете не значи дека нема некој околу вас кој може и кој е спремен да ви помогне само треба да прашате. Можете да делегирате на дел од членовите на тимот, можете да ги пополните дупките со нови членови во вашиот тим, оние кои ќе можат, но не смеете да си го оставите изговорот дека не можете нешто, а знаете дека морате и требате да го направите тоа нешто.
  • Не знам да… Ако не знаете не значи дека не можете да научите или пак дека воопшто не треба да се обидете да го направите тоа нешто. Никој не е роден со севкупното знаење кај себе. Знаењето се стекнува преку учење за нешто и преку практична работа, односно стекнување на искуство. Најдоброто знаење се стекнува преку лично искуство. Затоа не можете никогаш да научите и знаете доколку не се обидете. Повторно доколку не знаете можете да најмите знаење, односно некој кој знае како да го изведе тоа за вас. Едноставно отфрлете го ваквиот изговор, тој не смее да постои кај вас.
  • Не сакам да… Е, оваа е веќе „удирање со глава во ѕид”, инаетење… Кој вас ве прашува дали сакате или не сакате да направите нешто што купувачите го бараат од вас? Кој вас ве прашува дали сакате или не сакате да направите нешто што ви се наметнува од страна на конкуренцијата, технологијата, пазарот, индустријата, законодавството…? Има многу ситуации кога едноставно се притиснати да направите нешто доколку сакате вашиот бизнис да остане на вистинскиот пат. Несакам е изговор кој убива, уништува се околу вас, онаа што сте го граделе или градите и во кое имате вложено многу труд, време и пари. Сега, останува на вас да се решите дали ќе користите ваков изговор.

Постојат и многу други изговори, но сепак сметам дека овие се доволни за да започнете со ваша сопствена анализа и подобрувања, односно отфрлања на ваквите опции како изговори.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*