post

Претприемачки мајндсет – во 2014 првин ШТО, а потоа КАКО

Продолжуваме со шестиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за тоа кое прашање треба прво да си го поставувате.

претприемачки мајндсет

Што или како? Две прашања кои не можеме да кажеме кое е поважно, а кое поневажно. Сепак и двете се потребни и тоа е факт.

Но, проблемот се јавува во нешто сосема друго, односно во редоследот на поставување на овие прашања од страна на еден претприемач.

Пред неколку години сметав дека воопшто не е важно, но по анализа на некаде стотици податоци за разни претприемачи во мојата база на податоци дојдов до една интересна констатација. Всушност со изведување на корелации од тие податоци забележав дека оние кои даваат предност на прашањето „што” менаџираат неколку пати поуспешен бизнис.

Зошто е тоа така?

  1. Оние кои го поставуваат прашањето како пред да го постават прашањето што го губат фокусот од вистинската работа која треба да ја изведат. Како да го направам оваа? Не знам да го направам тоа? Уффф има уште да учам. Уффф ми требаат уште информации. Па, јас ништо не сум знаел. Ваквите искази се многубрајни кај овие претприемачи. Барајќи одговор на како едноставно се отвораат милиони и милиони што одговори. Што сепак не е добро. Во една таква ситуација кога имате премногу избор (често пати преголем избор и не е добар) вашиот фокус на важносто, на потребното се губи.
  2. Оние кои го поставуваат прашањето како пред да го постават прашањето што, одговорот на што го базираат на одговорот на како. Да продолжиме со оние премногу како одговори кои водат едноставно до двоумење. Зошто двоумење. Затоа што кога ќе навлеземе премногу во како одговори, доаѓаме до премногу сознанија за нас самите и за нашиот бизнис и едноставно заклучокот лесно се донесува дека тоа не треба да го изведуваме. На таков начин, мозокот едноставно ги игнорира одговорите на важните што прашања за да не се дојде во ситуација одговорот како да биде негативен. Во една таква ситуација, одговорот на што ќе се базира не на приоритет, туку на интерните капацитети на претприемачот или бизнисот кои нормално никогаш нема да бидат на ниво на кое сакаме да биде.
  3. Оние кои го поставуваат прашањето како пред да го постават прашањето што, често пати и не ни доаѓаат до одговорот на што. Како да го направат бизнисот профитабилен? Како да ја зголемам продажбата? Како да го зголемам приходот? Како да ја зголемам единечната продажба? Како да иновирам повеќе? Како да ја зголемам продуктивноста? Како да бидам поефективен и поефикасен? Милиони како кои едноставно влечат за поставување на уште милиони како прашања, барање на уште еден и уште еден одговор за да бидеме спремни. Едноставно доаѓаме во ситуација во која нема да имаме време да одговориме на прашањето што.

Затоа шестиот совет за промена на вашиот претприемачки мајндсет е да се фокусирате првин на прашањето што а потоа на прашањето како. Еве како во наједноставен случај би изгледало тоа.

  • Што е најголемиот приоритет кој треба да го направам оваа година? [Зголемување на продажба] за 20% во однос на минатата година?
  • Како да ја зголемам продажбата? Зголемување на продажба преку: воведување на нови производи, зголемување на продажби по еден купувач, зголемување на износот во пари кој еден купувач ги остава во нашиот бизнис.
  • Како да воведам нови производи? Нови производи ќе воведам преку два вида на иновации: подобрување на три постоечки производи и иновирање на сосема нов производ за сосема нов пазар.
  • Како да го зголемам бројот на продажби по еден купувач? Бројот на продажби по еден купувач ќе ги зголемам преку градење на посилни односи со секој купувач. Првин ќе ги анализирам купувачите и ќе ги поделам во сегменти врз основа на нивните досегашни навики за купувачи и ќе спремам стратегија за секој сегмент.
  • Како да го зголемам паричниот износ од секој купувач? Паричниот износ ќе го зголемам со имплементација на понуди кои не може да се одбијат од страна на купувачите истовремено мерејќи го ефектот на секоја промена и постојано подобрување на самите понуди.

Забележувате за што станува збор? Секогаш одговорот на што пред да преминете на како ќе ви овозможи соодветен фокус на онаа што навистина треба да го правите без да навлегувате во тоа дали можете или не можете. Сепак бизнисот е експериментирање и тестирање. Мора да го запомните тоа.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*