Да, добро читате, иако не сте веќе во стартап фазата вие сепак ќе мора да експериментирате. Тоа е факт. Всушност, менаџирање и водење на бизнис претставува еден континуиран процес на експериментирање.
Многу пати кога го велам оваа добивам еден збунувачки поглед или прашања и размислувања кои гласат нешто вака:
- Па, зошто повторно експериментирање, нели завршив во стартап фазата со тоа?
- Не можам сега пак да експериментирам, мора да се фокусирам на онаа што го имам?
- Немам време за експериментирање, морам да го раснам бизнисот.
Но, сите тие претприемачи забораваат дека еден бизнис претставува отворен систем кој постојано е во интеракција со околината. А, околината никогаш не се менувала побргу отколку сега. Очекувањата се дека темпото на промени во околината ќе бидат уште поголеми.
Доколку не експериментирате, едноставно вие не се фокусирате на вашите купувачи и едноставно вие немате можности за раст на вашиот бизнис.
Добро сега темава за потреба и бенефити од експериментирање ќе ја оставам за другпат, да претпоставиме дека сте претприемач кој знае дека мора постојано да експериемнтира со неговиот бизнис. Во една таква состојба веќе главното прашање е како да експериментирам, а не дали треба да експериментирам.
Во овој текст ќе се обидам да дадам еден систематски приод во експериментирање во вашиот бизнис кој верувам дека лесно ќе можете да го имплементирате, прилагодите и проширите за вашите потреби.
1. Каде треба да го фокусирам експериментирањето?
Прво и основно е да знаете каде ќе треба да се фокусирате. Дали тоа е продажниот процес, дали тоа е маркетинг процесот или пак процесот на производство мора да знаете што ќе биде фокус на ваше постојано експериментирање.
На пример, постојано мора да го/ги тестирате маркетинг процесите кои се однесуваат на привлекување на нови купувачи за вашиот бизнис. Тука може да имате повеќе процеси, но сите тие за да може да бидат предмет на континуирано подобрување мора да бидат дел од постојано експериментирање со нив.
2. Планирање на експеримент пред започнување со експериментот
Планирањето на експериментите иако можеби изгледа поздодевно од самото спроведување на експериментите сепак може драстично да ви заштеди и време и пари, но и да ја зголеми вредноста на самото експериментирање за вашиот бизнис.
Што ќе експериментирате? Како ќе го спроведете експериментот? Кога ќе го спроведете експериментот? Кој ќе го спроведува експериментот? Како ќе се мерат и анализираат информациите како резултат од експериемнтот?
Оваа се важни прашања на кои вашиот план ќе треба да одговори.
3. Определете ги варијаблите на експериментирање
Варијаблите, односно променливете се клучниот фокус на секој експеримент. Едноставно секој експеримент претставува користење на променливи и следење на нивната интеракција во самиот процес за да се оптимизираат резултатите од процесот.
Кои се варијаблите на вашиот експеримент? На пример, ако тестирате привлекување на нови купувачи, во зависност од самиот процес кој ќе го тестирате со експериментот варијаблите може да бидат големина на букви на летоците, бојата на летоците, самата содржина на насловот или понудата во летокот итн. Врз основа на тие варијабли ќе се менува и аутпутот од процесот, односно бројот на нови купувачи.
4. Определете ги клучните аутпути на процесот во кој експериментирате
Освен варијаблите, односно променливите, за соодветно спроведување на експериментот ќе мора да ги определите и излезите, односно резултатите од процесот кој го тестирате како дел од вашиот експеримент.
Број на нови купувачи може да биде резултат од процесот за привлекување на купувачи. Но, може да бидат и други резултати како помало време за конверзија, пониски трошоци на самиот процес, помалку труд…
5. Комбинирајте различни варијабли
И секако, како за крај, никогаш не заборавајте да ги комбинирате различните варијабли, бидејќи секогаш може да се обезбеди подобра меѓусебна интеракција со цел да се обезбеди подобрување на севкупниот процес.
Speak Your Mind