post

Развој на вашата стратегија во 4 чекори

Како ќе ги остварите целите доколку не знаете што треба да направите за истите да постанат реалност?

Во стратегија за трансформација на бизнис цели по анализирање на дефиниција за стратегија заклучивме дека:

  • Стратегија е средство за исполнување на бизнис цели. Доколку немате бизнис цели не ви треба ни стратегија.
  • Стратегија претставува еден вид на план во кој се специфицирани акции кои Вие како претприемач ќе ги превземете.
  • Стратегијата е составена од тактики кои пак се составени од активности со што ќе ги исполниме посакуваните цели.

Во овој пост ќе се обидеме да навлеземе во еден систематски приод во развој на вашата стратегија. На сликата е даден еден поедноставен процес за креирање на стратегија како и некои од можни алатки кои се користат во секоја од фазите.

Процес на изработка на бизнис стратегија

Процес на изработка на бизнис стратегија

1. Цели

Секое стратешко планирање започнува од целите кои треба да се остварат. Нели, поребно е да знаете каде треба да стигнете за да започнете да го дефинирате патот, средствата за транспорт, времето, попатни станици…

2. Анализа

Следниот чекор во развој на вашата стратегија треба да биде анализа на:

  • Бизнисот
  • Околината (опкружувањето во коешто опстојува бизнисот)
  • Потрошувачите
  • Стејкхолдерите (сите кои имаат влијание врз бизнисот, како и сите врз кои одлуките во бизнисот имаат влијание).

Постојат различни алатки, методи или техники кои можете да ги користите во спроведување на една ваква анализа, но оние најприменливи се:

3. Идентификација на стратешки опции

Третиот чекор е колку што може повеќе да се идентификуваат стратешките опции кои му стојат на располагање на бизнисот. Затоа во овој дел се користат техники на бреинстормирање, преиспитување на сите можности и закани како можностите би се опфатиле и искористиле во стратегијата додека заканите би се елиминирале или во краен случај би се намалило нивното влијание.

Како една дополнителна алатка во овој чекор можете да ја користите и алатката насловена како 5 Зошто каде 5 пати се поставува прашањето зошто по секој одговор. Друга алатка во оваа идентификација на стратешки опции која ви стои на располагање е Root Cause – односно анализа на причините за се што ќе се наведе како проблем при што ќе се добијат идеи за подобрувања.

4. Евалуација и избор на стратешки опции

Додека целта на претходниот чекор беше да се идентификуваат сите стратешки опции за бизнисот, целта на овој чекор е сите претходно идентификувани стратешки опции да се анализираат и оценат и согласно таа анализа и оценка да се изберат оние кои ќе бидат дел од стратегијата.

За оваа цел можете да користите методи за анализа на ризик на секоја од идентификуваните стратешки опции. Во некои случаи може да ви биде потребен и графиконот на рентабилноста за да се преиспита односно да се визуелизира секоја стратешка опција преку еден монетарен износ и импликации врз бизнисот.

Се надеваме дека еден ваков поедноставен процес полесно ќе ве воведо во процесот на стратешко планирање кој ви е потребен иако сте мал бизнис.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*