post

Што ви треба за да иновирате

Знаеме дека за да останете на врвот на пазарот вашиот бизнис мора постојано да иновира без разлика дали станува збор за иновација во производ/услуга, бизнис модел или пак процеси.

иновирате

Тогаш зошто некои претприемачи, а со тоа и нивните иноватори се беспрекорни иноватори кои постојано го менуваат светот во кој што живееме, а некои едноставно не можат дури ни да фатат приклучок со иноваторите?

Да се иновира значи да се менува тековната ситуација на вас како еден претприемач, вашиот бизнис и вашите купувачи. Иновација бара вложувања, но не само финансиски вложувања, туку и интелектуални вложувања за како прво да се појави можност за иновирање, а потоа процесот да се истера до крај и тоа успешно.

Тука накратко ќе навлезам само на три потребни елементи за да иновирате.

1. Желба и поттик вашиот бизнис да иновира

Прво мора да имате желба, и не само желба туку и континуиран поттик да сакате да иновирате, инаку не можете да очекувате дека вашиот бизнис ќе продуцира успешни иновации.

Зошто велам желба и поттик кога во почетокот на овој наслов реков знаеме дека треба да иновираме? Затоа што желбата и поттикот ќе бидат оние елементи кои ќе ве направат никогаш да не бидете задоволни со постоечката ситуација. Истото што се случува и со вашите потенцијални купувачи.

2. Континуиран тек на идеи за иновација

Понатаму, ако сакате да бидете претприемач кој се карактеризира како успешен иноватор ќе мора да бидете сигурни дека дозволувате непречен развој и тек на иновативни идеи низ вашата компанија.

Ако сте претприемач не значи дека само вие имате ексклузива да иновирате. Иновирање е обврска на секој член на вашиот тим. А, кога е така успешните иновации ќе бараат постојан тек и процесирање на идеи за иновирање.

3. Вештини за иновирање

И како за крај ќе споменам уште една потреба, а тоа се вештините за иновирање. Оваа е навистина еден комплексен елемент за кој никогаш нема да имаме исцрпен и конечен одговор. Иновацијата бара технички вештини, но иновацијата бара и менаџерски вештини како правилно да бидат координирани и управувани сите активности во самата компанија кои се поврзани со иновативниот процес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*