post

Што Можеме Да Научиме од Amazon за Бизнис?

Продажбата едноставно претставува уметност и наука во исто време. Наука заради примена на научни методи и техники во системот на продажбата во која доминација има психологијата. Уметност бидејќи претставува креација на претприемачот со што креативноста е таа што ги прави успешните бизниси да се разликуваат од просечните.

Amazon e најголемиот продавач на интернетот. Иако, основното функционирање на оваа компанија е базирана на интернетот не значи дека принципите, методите и техниките, како и креативноста што ја имплементира во секојдневното функционирање нема врска со офлајн бизнисите.

Тие не измислиле ништо ново, едноставно направиле добра комбинација на продажните техники кои се користат кај успешните офлајн бизниси во градење на нивната онлајн империја.

Ајде да видиме како продавачот – робот на Amazon ја води продажбата. Во оваа презентација нема да одам по важност туку едноставно од врвот на веб страната, односно еден производ – книга која ќе ја користам за оваа презентација.

1. Препораки за мене

На сликата забележувате порака за добредојде и веднаш информација дека имаат препораки за мене. Amazon води евиденција, односно знае што претходно сум купувал и врз основа на одреден алгоритам прави препорака за тоа што тие сметаат дека јас ќе сакам да купам.

Познавање на Вашите потрошувачи е клучно за дизајнирање на Вашиот бизнис затоа и како посебно маркетинг средство го издвоивме познавањето на потрошувачите.

2. Запознавање со производот

Иако ова е електоронски продавач сепак особено внимание се обрнува на запознавање на потенцијалниот купувач со производот. Така да можете да ја видите содржината и одредени делови од некои поглавја кои имаат за цел да донесете одлука за купување. Во овој случај ова е книгата за која напишав мој преглед на претприемач.

3. Обид за Upsale

Доколку сеуште се мислам и одам подолу низ страната продавачот се обидува да направи Uppsale со тоа што ми препорачува уште една книга, кои доколку ги купам ќе добијам 5% попуст. Во бизнис поимникот ја опфативме оваа продажна техника:

Продажна техника каде продавачот му нуди на купувачот дополнителни производи како би извршил поголема продажба од тој еден купувач, а со тоа поголем приход и нормално поголем профит. Оваа техника се користи за да се извлече максимумот од секоја продажба.

Овој попуст не е којзнае колку голем (во случајов изнесува 1$), но од друга страна привлекува квалитетно внимание во вид на препорака и поволност. 5% звучи многу подобро и ќе привлече поголемо внимание отколку 1$ (45 денари во моментов).

4. Презентација и на други „поврзани“ производи

Понатаму продавачот – робот ми презентира други книги, но тоа се книги кои на некој начин се оврзани со мојот интерес, односно книги кои другите купувачи ги купиле, а ја имаат купено и оваа книга која во моментов јас како потенцијален купувач ја разгледувам. Доколку гледам книга поврзана со бизнис тематиката нема да ми понуди презентација на книги кои се однеуваат на рецепти за готвење.

Во овој момент, продавачот се обидува да ја зголеми продажбата или во краен случај да имам во предвид за идно купување на некои од овие други производи.

5. Дополнително запознавање со производот

И повторно продавачот сака да ме доближи до содржината на производот преку неколку збора од страна на издавачот. Но, она што е важно е содржината на овој преглед. Погледнете ги само подвлечените со црвено зборови. Тие не се карактеристики на производот туку едноставно корисности кои јас како кпотенцијален купувач ќе ги добијам доколку го купам овој производ.

6. Споредба со други потрошувачи

Секој сака да биде со мнозинството. Па, така и со овој обид продавачот сака да ми покаже дека 64% од другите потрошувачи веднаш ја купиле оваа книга. Од друга страна со листата подолу едноставно се обидува да направи Upsale и за останати популарни книги кои биле купени од потрошувачи кои го купиле производот кој во моментов се гледа.

7. Прегледи од страна на оние кои веќе го купиле производот

Преглед од страна на самите потрошувачи претставува доста моќно маркетинг средство. Доколку од сето она погоре сеуште се двоумам, продавачот едноставно ми дава шанса да прочитам што велат купувачите на тој производ како би ме поттикнале да донесам вистинска одлука за купување.

Оваа едноставно претставува препорака од страна на купувачите која бизнисот ја користи за да оствари или зголеми продажба.

Мислам дека е доволно за да се препознае логиката на еден продавач – робот.

Забележувате дека ништо не е ново во овој начин на продажба. На пример, McDonald’s постојано нуди комбинација на производи, продавачот постојано се обидува да направи Upsale, постојано имаат некои препораки…

Но, дали продавачите кај нас функционираат на ваков начин?

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Sinisa says:

    Пoзади продавачот „Робот“ како што велиш има 15,800 луѓе кои работат во Amazon.com.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Да, за да функционира се беспрекорно во суми мерени во милијарди мора да има и тим од луѓе, администрација, физикалци, пакување, организирање, програмери, дизајнери, support служби… Но, има и веб страни со мали продажби кои ги користат истите принципи и кои имаат 1, 5 или 10 вработени, а едноставно функционираат. Има посебни скрипти кои претставуваат продавач „робот„ како што го нарекувам а се базирани на оваа што е на Amazon кој е лидер во продажба на книги.

      Од друга страна целта на написот е сосема друго, Дали нешто може да се научи од Amazon и да се примени во онлајн или пак офлајн бизниси?
      Во секој случај може да се научи, а ова е само дел од принципите на кои се базира оваа компанија и кои малите бизниси во поразвиените земји ги користат.

  2. Sinisa says:

    Мислам дека примерот со Amazon е предалеку за нас… Ако се вратиме на нашиве простори, на пример поблизок би бил примерот на Magento, како едно солидно, бесплатно open-source решение. А не сум видел e-commerce сајт во Македонија кој би го користел ова решение, кое содржи доста елементи од новите, модерни светски сајтови.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Magento е open source eCommerce решение кое има и платежна и бесплатна верзија. Amazon такво нешто не продава. Значи тука воопшто не станува збор за технологија како eCommerce решение, туку како процес на кој се темели еден бизнис и тоа успешен бизнис. Magento го рагледував и тестирав пред некое време и претставува ОК но како eCommerce решение, но не и како целосно интегрирано интернет маркетинг решение за што ќе бидат потребни дополнителни комбинации на технологија и креативност.
      Од друга страна мислам дека Трговски Центар користи Magento така да се користи и во Македонија.
      Така да примерот на Magento е далеку од она на што се однесува овој напис, а тоа е комбинација на бизнис процеси во вид на маркетинг и продажба.

      • Драган, Трговски центар не користи Магенто, туку комплетно интерно развиен систем. Магенто беше иницијална идеја, но после првичната анализа и чепкање во кодот се решивме за “custom” решение, бидејќи Магенто не ни се допадна од аспект на перформанси, квалитет на кодот и софтверска лиценца. Никогаш не стигнав да го напишам продолжението на првиот пост 🙂
        http://biznis.tc.mk/kupuvanje/tcmk-sozdavanje/

        Поздрав

        • Здраво Александар, ме збуни бидејќи мислев дека твојот коментар од 2010 година (подолу) повторно ми се појавува. Во секој случај благодарам за дообјаснување.

  3. Sinisa says:

    tc.mk не користи Magento. Инаку, зошто го спомнав:

    – има предвиден up-sale и cross-sale

    – ваучер промоции

    – шема за попусти за групи на купувачи (loyal на пр.)

    – коментари и тагови од посетители

    Колку што знам, нема сајт во Македонија што ги има имплементирано сите овие решенија.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Имаат искуство бидејќи започнале со Magento, барем така стои во нивниот официјален блог во приказна за идеја и создавање. Но, искуството не им било најсјајно. Дури и на веб страната на Magento за Community Ed. стои: "Recommended for expert developers and highly technical enthusiasts and hobbyists in non-mission critical environments. As this edition is unsupported it is intended to be used by those happy to spend time and resource solving issues independently." Во секој случај мислам дека Magento има многу корисници (+30.000) низ светот и сигурно претставува добра eCommerce платформа.
      Мислам и дека си во право дека тие маркетинг техники не се доволно користени во Македонија во онлајн продажба, но не можам да кажам со 100% сигурност бидејќи не сум купувал од е-продавници во Македонија. Но, затоа во офлајн продажба се користат.
      Секој бизнис си бира на која платформа ќе работи врз основа на услови во кои стопанисува. Но, повторно Amazon не нуди техничко решение туку едноставно е бизнис кој продава различни производи, така да доколку пишувам напис за техничко решение тогаш ќе биде насловот со Magento или некој друг.

  4. Sinisa says:

    Значи да појаснам:

    Magento го спомнав како прв чекор во градење на некаков e-commerce пазар во Македонија. Решението нуди 5 од спомнатите 7 точки во написот. Прво треба да се научи првата лекција па да се гледа amazon.com. Работиме и на други, соседни пазари каде што и најмала продавница за ИТ опрема си има сајт за продажба, нaјчесто Joomla или оние со поголеми амбиции во Magento. Бидејќи блогов е за претприемачи, како што разбрав, би требало да се промовираат вакви достапни решенија.

    • Драган Шутевски says:

      Добро е што го спомна во вид на промоција, но повторно, написот не е за техничко решение туку за процес, а за компаративна споредба јас го избрав Amazon затоа што го користам скоро минимум еднаш месечно.
      „Magento го спомнав како прв чекор во градење на некаков e-commerce пазар во Македонија.“ Написот не е за e-commerce пазар во Македонија. Во еден дел пишува: Amazon e најголемиот продавач на интернетот. Иако, основното функционирање на оваа компанија е базирана на интернетот не значи дека принципите, методите и техниките, како и креативноста што ја имплементира во секојдневното функционирање нема врска со офлајн бизнисите.
      Можам да промовирам само она што сум го испробал и во исто време барем еднаш до двапати месечно го користам. Можам да промовирам она што сум го купил и користам и сметам дека е добро, но не можам да промовирам нешто што не го користам во моментов. Доколку Вие го користите можам да ви понудам да напишете гостински напис за претприемач за карактеристики, предности, недостатоци и употреба на Magento.
      Секоја чест за пазарите во кои работите.
      Лекцијата за избор на техничко решение е најмал проблем доколку го имам бизнис дизајнот кој ми треба и да знам што сакам да постигнам. А еве јас ветувам дека кога ќе наидам на некој бизнис кој користи Magento и кој има барем 5% приходи од приходите на Amazan ќе објавам за нивниот бизнис модел и секако ќе го споменам решението кое го користат. Во исто време ќе напишам, луѓе не гледајте во Amazon од него не може ништо да се научи.

  5. Sinisa says:

    Не реков дека од Amazon нема што да се научи, па повеќето e-commerce сајтови учат од нив. Маркетиншките алатки на open-source решенијата се оттаму копирани/адаптирани. Она што сакам да го кажам е дека во Македонија многу се зборува за Amazon, eBay а истовремено се прави многу малку. Има многу "консултанти", но многу малку претприемачи.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Сосема си во право дека многу малку вебприемачи има во Македонија. Мислам дека започнува да заживува и ова поле и покрај многуте пречки во вид на актуелниот финансиски сектор кај нас.
      Во секој случај ова ми беше пријатна комуникација во која споделивме различни идеи, можности и предлози.

      Поздрав

  6. Само да потврдам, tc.mk не користи Магенто. Го расчепкавме, не ни се допадна, всушност не разочара тоа што го видовме од аспект на код и перформанси, и го искодиравме системот од нула. Да напоменам дека ова беше од времето на Магенто верзија 1.0 мислам… Сега не знам колку е променето.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Да, Александар го прочитав тоа од Вашиот блог само не стигнав да видам дали го има најавеното второ продолжение за деталите.

  7. Mile Sulevski says:

    Ima li nekoj vo Makedonija sto znae da go raboti Magento, i ako ima neka se javi na 075 641 787, da se dogovorime za rabota!

Trackbacks

  1. […] за Amazon како еден бизнис модел можете да прочитате во Што можеме да научиме од Amazon за бизнис. И оваа порака не изгледаше нешто поразлична од оние […]

  2. […] за Amazon како еден бизнис модел можете да прочитате во Што можеме да научиме од Amazon за бизнис. И оваа порака не изгледаше нешто поразлична од оние […]

  3. […] во офлајн продажбата во онлајн продажбата. Во постот Што можеме да научиме од Amazon за бизнис пишував за некои елементи од кои дел можат да влијаат […]

Speak Your Mind

*