post

Водич за поставување на бизнис цели

Поставување на бизнис цели Како еден претприемач сигурно имаш јасна визија за тоа што сакаш да постигнеш на деловен план. Веројатно имаш цели бидејќи знаеш што сакаш да постигнеш.

Но, проблемот не е во поставување на бизнис цели. Тој повеќе е во самиот процес на поставување на цели кои може да се постигнат и кои ќе бидат високо обврзувачки како за тебе така и за целиот твој тим.

Овој пост ќе биде како водич кој би те водел низ процесот за поставување на деловни цели, кои ќе бидат постигнати на крајот од периодот за кој се однесуваат.

Наједноставен начин за поставување на твоите цели е да започнеш со одговор на прашањето за тоа каде сакаш твојот бизнис да биде по одреден временски период и да го дефинираш патот за тоа како да стигнеш таму. Постојат повеќе насоки кои ќе ти помогнат да го однесеш бизнисот во посакуваната идна позиција, но тебе ти требаат вистинските насоки кои ќе ти помогнат да бидеш таму со оптимални напори и во најбрзо можно време.

#1 Започни со потребите за твојот бизнис

Прво првите работи. Ти треба јасна визија за тоа каде сакаш твојот бизнис да биде во иднината. Доколку не го знаеш одговорот не можеш да започнеш со поставување на цели за твојот бизнис.

Што ти треба? Што твојот бизнис има потреба за да постигне во иднина? Што сакаш?

Како што забележуваш во оваа ниво на поставување на бизнис цели ги користиш зборовите треба, сака, посакува, желба…

На пример, речениците би биле:

  • Треба да направам 200.000,00 денари профит.
  • Сакам да направам 200.000,00 денари профит.
  • Посакувам да направам 200.000,00 денари профит.

Твоите потреби, посакувања, ќелби ќе креираат јасна визија каде сакаш да бидеш во иднина.

#2 Трансформација на потребите во акциони елементи

Доколку погледнеш во речениците од претходниот чекор ќе забележиш дека тие не се акционо ориентирани, тие се само желби или твои соништа. Твоите цели мора да бидат акциони колку што може повеќе.

Потреби, желби, или посакувања може да бидат корисни, но тие се облигаторни само за тебе како еден претприемач за да ги оствариш. Многу е подобро да користиш изјава како ќе направам 200.000,00 денари профит. Така ќе бидеш многу повеќе поттикнат да работиш за остварување на таа цел.

#3 Направи колку што можеш помала листа

Може да имаш голема листа на твои соништа трансформирани во акциони елементи. Но, ти немаш потенцијал за постигнување на сите нив во ист временски период. Мора да одлучиш што ќе биде најприоритетно на таа листа.

Избери помеѓу 5 до 10 реченици како добра основа за твоите бизнис цели.

#4 Направи ја листата SMART

Твоите цели мора да бидат SMART цели.

  • Специфични. Целите мора да бидат колку што може повеќе специфични. Запрашај се себеси дали целите се специфични. На пример, ти треба специфична цел која ќе каже ќе направам профит од 200.000,000 денари наместо цел која ќе каже ќе направам профит без колку ќе изнесува тој профит.
  • Мерливи. Мора да бидат мерливи бидејќи само така ќе можеш да го мериш прогресот и го прилагодуваш она што го правиш за нивно остварување.
  • Остварливи. Целите мора да бидат нешто навистина остварливо. На пример, можеш ли да оствариш 200.000 денари профит? Доколку сметаш дека не можеш или претставува навистина нереално да се оствари, подобро смени ја целта.
  • Реални. Дали целите се реални? Сакаш да ја оствариш целта за остварување на профит од 200.000 денари, но дали ти и твојот бизнис сте подготвени за една таква цел? Дали бизнисот е на доволно голем пазар за да оствари таква цел?
  • Временски ограничени. Дали целите се временски ограничени? Доколку не ги направиш целите временски ограничени, едноставно ќе немаш ни цели. Нешто без ограничување кога треба да биде постигнато не може да биде цел. На пример, целта ќе биде нешто како следнава реченица: Ќе направам 200.000 денари профит во следните 12 месеци.

#5 Не заборавај на емоционални конекции

Еден од најголемите проблеми со целите дури да бидат SMART цели е недостаток на емоционални конекции помеѓу тебе – претприемачот и твоите цели. Може да ги имаш најдобрите цели, и тие може да бидат SMART цели, но тие се за иднината. Ги поставуваш денес и ќе ги користиш утре. Но, утрешницата може да донесе други можности или пак други активности кои ќе те оттргнат од твоите иницијални цели.

Откако ќе ги подготвиш целите до оваа ниво ќе треба да додадеш едно затоа што веднаш по нив. На пример, ќе направам 200.000 денари профит затоа што… Адговори ги следниве прашања за бреинстормирање на можни завршетоци на речениците за цели на твојот бизнис:

  • Зошто ќе ја оствариш таа цел?
  • Што ќе добиеш?
  • Што твоите купувачи ќе добијат од постигнување на таа цел?

#6 Напиши ги целите

Сега кога веќе ги имаш дефинирано твоите цели мора да ги направиш видливи, односно да седнеш и да ги напишеш на хартија. Целта на пишување на целите на хартија е да се зголеми твоето обврзување за остварување на само што дефинираните цели.

#7 Јавно покажи ја твојата листа на цели

Мора јавно да ги комуницираш твоите само што дефинирани цели доколку сакаш да го зголемиш обврзувањето и одговорноста за тебе како еден претприемач. Ти си одговорен за остварување на целите.

Разговарај за нив со твоите вработени, потрошувачи или деловни партнери. Доколку кажеш нешто за твоите цели со важни личности за твојот бизнис, ќе бидеш повеќе обврзан за остварување.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*