
Знаење како реквизит во продажба
Знаењето е дел од вториот слој за успех на еден претприемач. Но, исто така знаењето е нешто што мора да биде насекаде низ Вашиот бизнис. Може да биде користено и како најважен реквизит во текот на продажбата.
Знаењето е составено од два главни елементи: едукација и искуство, но бара и пасија и истрајност за да се изгради и користи во бизнис цели.
Претставени се 8 идеи како да го користите Вашето и на Вашиот продажен тим знаење како реквизит во текот на продажбата.
1. Покажи го, немој да го криеш од твоите потрошувачи
Како некој како твој потенцијален потрошувач ќе знае дека Вие и Вашиот бизнис сте вистински избор за неговите проблеми доколку не знае дека Вие и Вашиот бизнис сте доволно компетентни за неговите потреби.
2. Помогни им во донесувањето на одлуки
Вашето и на Вашиот продажен тим знаење има огромен потенцијал да го намали времетраењето на процесот на донесување на одлука на потенцијалниот потрошувач за купување.
3. Помогни им по процесот на купување
Знаењето претставува важен елемент во давање на помош на Вашиот потрошувач откако тој ја донел одлуката за купување. Оваа помош ќе ја зголеми веројатноста то потрошувач да се врати и повторно да има бизнис со Вас.
4. Користи го твојот бизнис блог за да го покажеш знаењето
Доколку сакате да изградите кредибилитет и репутација преку Вашето знаење, тогаш блогирањето ќе биде одличен начин за распространување на Ваето знаење кон потенцијалните купувачи.
5. Понуди знаење наместо намалување на цени
Знаењето ти дава можност да ги продаваѓ твоите производи и/или услуги со поголема цена од конкуренцијата. Со оваа предност ќе ја зголемиш профитабилноста.
6. Одговори на сите прашања од страна на потрошувачите
Потрошувачите секогаш ќе имаат прашања. Одговарајќи на нивните прашања ќе изградиш репутација и компетентност за твојот бизнис.
7. Користи го во Вашите бизнис информативни билтени
Доколку користите печатени или електронски билтени за да ги информирате Вашите тековни или потенцијални потрошувачи, тие се одлично место за споделување на Вашата експертиза.
8. Користи го за да обезбедиш upsale
Знаењето претставува одличен извор за обезбедување на upsale во моментот кога се наоѓате во процесот на продажба.
Би сакал само да додадам дека процесот на информирање е особено важен и треба да е интензивен во случај на таканаречените high involvement одлуки, кога потенцијалниот купувач има мало или никакво претходно искуство во таа област, а се работи за голема сума пари и/или животна опасност. Купување на кола/куќа, хирушки зафати итн. Со ова се намалува перцепираниот ризик кај муштеријата бидејќи тој/таа ја запознава областа и се остава впечаток дека сте knowledgeable и дека сочувствувате со муштеријата и ситуацијата во која се наоѓа.