post

10 Работи кои треба да ги знаете за водење на мал бизнис

Водење на мал бизнис навистина претставува еден голем чекор за секој претприемач. Не е лесно, но и не е нешто што не може да се постигне од страна на претприемачите.

водење на мал бизнис

Откако ќе го започнете бизнисот, набргу ви станува јасно дека тука се наоѓаат уште еден голем број мали, но навистина важни работи како надополнување на креација на вредноста која вашиот бизнис ја испорачува на купувачите.

Пред неколку месеци разговарав со еден претприемач кој започнал бизнис и набргу станува разочаран кога открива дека знаењето кое го поседува не е доволно за успешно водење на бизнисот. Му треба веб дизајнер за веб сајтот, сметководител за менаџирање со финансии, ракување со разни опции на фактурирање, менаџирање со залихи и складиште… Сето тоа се работи кои во најголем дел спаѓаат во категорија одржување, а не во категорија иновирање.

Затоа и се јавува проблем, тешката задача за која имате пасија и елан кој ве движи нанапред се комбинира со илјадници други задачи кои едноставно сметате дека ви го одземаат времето од најважната работа – да испорачате вредност на купувачите.

Оваа тема е навистина комплексна тема и бара многу поголем простор. Сепак, тука ја начнувам како опција за размислување додека тука ќе набројам 10 најважни работи кои би требало да ги знаете при водење на ваш успешен бизнис.

  1. Никогаш не смеете да ги заборавите вашите купувачи. Првата работа како прво, а тоа се вашите купувачи. Да, тие се најважниот дел од вашиот претприемачки пат и тие се оние кои ќе ви кажат што вие треба да направите за нив. Тоа е основната формула за успех. Никогаш не смеете да си го дозволите „луксузот” да ги заборавите темелите на кои веќе сте започнале да го градите вашиот бизнис – купувачите.
  2. Мора да го најмите најдобриот тим за вашиот бизнис. Не можете се самите да завршувате кога станува збор за водење на вашиот бизнис. Да, веројатно можете да завршувате повеќе работи во самиот почеток, но доколку сакате да бидете сигурни дека вашиот бизнис ќе продолжи да се движи во вистинската насока кон успехот ќе мора да најмите и да го изградите најдобриот можен тим за вашиот бизнис.
  3. Не ја потценувајте вредноста на интернет маркетингот. Денес, дури и не можете да замислите мал бизнис без вебсајт и различни стратегии за градење на онлајн присуство. Интернет маркетинг претставува моќен начин за градење на ваша заедница и основи на вашиот бизнис.
  4. Мора да бидете уникатен и да го диференцирате вашиот бизнис од конкуренцијата. Знам дека најлесен начин за водење на бизнис е да го правите онаа што сите останати го прават. Но, сепак тоа не е победничка стратегија за вас како еден претприемач. Доколку навистина сакате да изградите нешто навистина исклучително, мора да бидете уникатни и да го диференцирате вашиот бизнис од конкуренцијата. Тука не зборувам за радикални промени, туку зборувам за мали работи кои може многу да значат и каде што навистина можете да бидете „the best”.
  5. Мора да го менаџирате ризикот на најдобар можен начин. Водење на мал бизнис секогаш ќе биде пропратено со ризик и вие како претприемач мора да бидете свесни за тоа. Една од вашите задачи ќе биде да го менаџирате ризикот околу вас и вашиот бизнис. Ќе мора да ги дефинирате најсилните ризични индикатори и за секој од нив да подготвите стратегии за менаџирање со ризикот внатре и надвор од твојата компанија.
  6. Мора да изградите соодветни менаџерски вештини. Менаџерски вештини се вештини кои еден менаџер треба да ги поседува за од успее да одржи висока ефикасност и ефективност во однос на начинот како неговите вработени ги завршуваат доделените задачи. Мора да бидете свесни дека имање и водење на бизнис ќе бара такви вештини од вас. Затоа започнете со развој на вашите вештини колку што можете побргу.
  7. Ќе мора да учите со поголема брзина отколку што сте морале претходно. Како еден претприемач веројатно веќе имате знаење, вештини и искуство за главниот предмет на вашиот бизнис. Но, тоа знаење, тие вештини и тоа искуство не е доволно за успешно водење на вашиот бизнис. Како претприемач ќе мора постојано да работите на развој на ново знаење, вештини и искуство со многу поголема брзина отколку порано.
  8. Ќе мора да бидете колку што можете попаметен кога станува збор за вашите финансии. Веројатно знаете и сте свесни дека лоши финансиски перформанси може да значи и рушење на се онаа што го градите во вашиот бизнис. Затоа мора да бидете колку што можете попаметен кога станува збор за финансиите. Користете анализа на готовински тек за да научите повеќе за можностите кои ги имате кога станува збор за трошење на пари. Континуирано анализирајте ги трошоците за да ги откриете можните подрачја за подобрување. Навистина мора паметно да постапувате доколку сакате да успее вашиот бизнис.
  9. Стравот од технологијата мора да стане ваше минато. Денес, претприемачите се лица кои навистина се цврсто поврзани со технологијата. Не можете да побегнете од трендовите околу вас и вашата компанија. Затоа, ќе мора да ја користите технологијата која ќе ви помогне во обезбедување на најефикасен и најефективен начин на водење на вашиот бизнис.
  10. Се претставува еден вид на подобрување. И како последно нешто што треба да го знаете при водење на ваш бизнис е исто така и една од најважните работи со кои ќе се соочувате. Мора да бидете свесни дека вашиот бизнис секогаш ќе бара различни видови на подобрувања. Вашите купувачи секогаш ќе имаат можности да [ве заменат]. Ако сакате да останете на врвот, ќе мора да иновирате и подобрувате внатре и надвор од вашата компанија.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*