post

Изградете навистина препознатливо севкупно доживување на купувачите

Вашиот бизнис ќе преживее само доколку има доволно купувачи кои ќе купуваат производи и услуги од вас. Тоа е факт. Но, како можете да го осигурате преживувањето на вашата компанија кога моќта се наоѓа во рацете на вашите купувачи? Еден начин е да испорачате навистина препознатливо севкупно доживување на купувачите.

севкупно доживување на купувачите

Во овој наслов сакам да зборувам малку за градење на препознатливо севкупно доживување на купувачите во вашиот бизнис. Но, пред да продолжам со специфични чекори кои треба да ги преземете сакам да зборувам малку за едно мое искуство.

Пред неколку месеци, работев со клиент кој очајно се обидуваше да обезбеди преживување на неговиот бизнис во стартап фаза. Се наоѓаше во позиција кога иницијалниот ентузијазам и желба да успее беа скоро целосно скршени. Нешто што му овозможило да го почувствува успехот и да започне да ги реализира неговите соништа станало една од најлоши ноќни мори за него. Брзо откако направив некои истражувања во неговиот бизнис и по спроведен разговор со неколку купувачи кои сеуште останале кај него, а кои исто така размислувале за замена, дојдов до заклучок дека овој претприемач не го разбира концептот на севкупно доживување на купувачите. Има одличен производ со сите барани и потребни карактеристики и бенефити за купувачите. Исто така има и одличен маркетинг материјал и процеси кои навистина донесуваат купувачи во неговиот бизнис. Но, едноставно не може да капитализира на нив бидејќи привлечените купувачи доаѓаат неколку пати и едноставно исчезнуваат. Вистинскиот проблем беше недостаокот на претприемачот да разбере дека севкупно доживување на купувачи не значи една продажба, туку е многу повеќе од тоа.

Затоа, тука ќе споделам некои чекори кои ќе треба да ги имплементирате во вашите бизнис процеси доколку навистина саката да испорачате препознатливо севкупно доживување на купувачите и да уживате во бенефитите од растот на вашиот бизнис.

  1. Започнете со разбирање на вашите тековни и потенцијални купувачи. Пред да започнете со испорака на нешто, мора првин да ги проучите и истражите различни купувачи за вашиот бизнис. Многу е важно да не започнете да градите процеси кои нема да испорачаат нешто што купувачите сметаат дека тоа нешто е навистина вредно за нив.
  2. Испорачајте исклучително доживување од почеток до крајот. Започнување на испорака на исклучително доживување не е кога ја изведувате продажбата на вашите купувачи. Процесот започнува многу пред да се реализира првата продажба и трае многу време по реализација на првата продажба. Во тој период, секогаш ќе треба да испорачувате исклучително доживување без разлика на тоа за каква форма станува збор или во кое време се испорачува.
  3. Ценете ја вредноста на времето и парите на вашите купувачи. Никој не сака да го губи сопственото време со вас без соодветна вредност како повраток на неговото време и потрошените пари. Мора да го цените времето и парите што вашите купувачи ги инвестираат во вашата компанија и направете ги да се чувствуваат многу подобро во секој контакт со вашата компанија.
  4. Користете различни иницијативи за да ги натерате да се враќаат за повеќе. Колку подолго интеракцијата помеѓу вашиот бизнис и вашиот купувач трае, подолга ќе биде и потребата за да се испорача исклучително доживување. Од друга страна, ќе имате се повеќе можности за да ја презентирате вашата супериорна вредност и да изградите подобри односи како дел од вашето севкупно доживување на купувачите.
  5. Не ограничувајте се себеси само на производи, услуги, цени, дизајн, карактеристики или бенефити. Размислете за емоционалните аспекти кога испорачувате севкупно доживување на купувачите. Мора да размислите за тоа како можете да им помогнете тие да го елиминираат нивниот страв, и како вашата компанија може да биде дел од нивните размислувања, чувства, аспирации, акции…
  6. Нека секој член на вашата компанија биде одговорен за испорака на навистина препознатливо севкупно доживување на купувачите. Кога разговараме за купувачи и испорака на нешто навистина исклучително за нив како дел од вашето препознатливо севкупно доживување на купувачите зборуваме за сечија одговорност. Вообичаено, вие ќе бидете на врвот од пирамидата на одговорностите, но сите членови на вашиот тим исто така ќе треба да се посветат на оваа работа. Тука не постои можност за компромис.
  7. Подобрувајте, подобрувајте, подобрувајте… Испорака на навистина исклучително севкупно доживување на купувачите не е нешто што може да се подеси и да биде заборавено или пак нешто што само по себе ќе си ја врши работата. Тое е нешто што ќе бара континуирано подобрување бидејќи вашите тековни и потенцијални купувачи исто така ќе ги променат нивните потреби, проблеми, размислувања, чувства, аспирации, акции… Ќе мора да работите на континуирано подобрување на се што е поврзано со оваа тема.
  8. Кога нешто ќе биде погрешно, секогаш претворајте го лошото искуство на купувачите во исклучително. Како што повеќе пати напоменувам, грешките се дозволиви, но не е дозволиво да се игнорираат без корекции со цел да се претвори лошото искуство на купувачите во исклучително. Тоа е ваша работа како еден претприемач, но исто така и работа на сите членови на екипажот на вашиот бизнис.

Мора да разберете дека испорачување на навистина препознатливо севкупно доживување на купувачите претставува процес, а не активност со старт и финиш. Направете го вашиот бизнис исклучителен, релевантен, корисен, нешто за што вреди да се зборува и ќе ја видите разликата низ призмата на резултатите кои ќе ги постигнете.

Прашање: Што претставува вашето препознатливо севкупно доживување кое го испорачувате на купувачите? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*