post

Квалитетот на одговорите лежи во квалитетот на прашањата

Слободно можеме да кажеме дека да се биде претприемач значи да се поставуваат прашања и да се бараат одговори на тие прашања. Да, тоа е така кога подлабоко ќе навлезете во самиот процес.

квалитет на одговорите

Зошто е тоа така? Првин, секој претприемач 99% од неговото време носи одлуки и презема акции врз основа на тие одлуки. Без разлика на тоа дали станува збор за акции од него како претприемач или акции кои се резултат на процесот на делегирање во самиот бизнис.

Одлука е избор на соодветна алтернатива од повеќе алтернативи кои претставуваат можни решенија на специфичен проблем. Сега, целиот тој процес е проткаен со разновидни прашања кои може да бидат во вид на:

  • Што е проблемот?
  • Зошто се појавил проблемот?
  • Kако може да се реши проблемот?
  • Кое е најоптималното решение на проблемот?
  • Кој е одговорен за барање на решение?
  • Кој е одговорен за имплементација на решение?

Добро, овие се навистина општи прашања кои имаат за цел да ги поврзат со улогата на прашањата во претприемачкиот процес. Еве некои поконкретни прашања кои веќе на некаков начин ги опфатив на претприемач:

Се надевам дека веќе го гледате значењето на прашањата.

Од друга страна, одговорите се тие на кои се или ќе се базираат одлуки што пак значи дека квалитетот на акциите ќе се базира на квалитетот на одлуките, додека пак квалитетот на одлуките ќе се базира на квалитетот на одговорите кои пак се базираат на квалитетот на прашањата.

Затоа и доаѓаме до важноста на способноста на еден претприемач да поставува квалитетни прашања за да може да даде квалитетни одговори.

Сега се поставува клучното прашање, а тоа е што значи квалитет на поставени прашања?

За да добиеме квалитетен одговор треба да имаме квалитетни прашања, а квалитетни прашања ќе имаме само и само ако тие се:

  • Вистински прашања, оние кои значат нешто за бизнисот и од чиј одговор ќе зависи иднината на бизнисот.
  • Специфични прашања кои не дозволуваат нејаснотии и губење на фокусот на претприемачот.
  • Реални прашања, оние кои навистина се однесуваат на нешто од реалноста.

Значи, за квалитетни прашања тие мора да бидат оние вистинските, специфични и реални. Доколку ги немаат овие особини ќе значи и несоодветен квалитет на поставени прашања.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*