post

На кои локации се вашите купувачи

Како претприемач секогаш ќе треба да знаете каде се наоѓаат вашите купувачи доколку сакате вашиот бизнис секогаш да биде блиску до нив.

купувачи

Најважната личност за вашиот бизнис е вашиот купувач. Тоа веќе многу пати го пишувам и зборувам (на подкастот претприемачки пат), не мора сега да обрзложувам нешто повеќе. Но, бидејќи веќе знаете дека вашите купувачи се најважни за вашиот бизнис и најмоќни од друга страна особено со моќ која има потенцијал да го обликува вашиот бизнис логично за вас е да бидете колку што можете поблиску до вашите купувачи. На таков начин, лесно ќе зборувате со нив, а за возврат можете да ја очекувате нивната доверба да дојдат во вашиот бизнис и да ги купат решенијата кои вие им ги нудите.

Каде се наоѓаат моите целни купувачи?

Оваа прашање е едно од најважните прашања за претприемачите и вистинскиот одговор ќе ја зголеми конкурентската предност на секој мал бизнис.

Процес на одржлив бизнис

Процесот кој се користи од повеќето успешни претприемачи на мали бизниси за креирање за креирање на одржлив бизнис, или едноставно процесот на лоцирање и испорака на вредноста до целните купувачи е нешто слично како следново:

  1. Откривање на локација каде се наоѓаат целните купувачи,
  2. Градење на присутност на бизнисот на тие локации,
  3. Креирање на разни стратегии за конверзација со целните купувачи и
  4. Имплементација на стратегиите за конверзација со целните купувачи.

Како што можете да забележите, првата работа која треба да ја направите во овој процес е да ги најдете сите можни локации каде вашите тековни и потенцијални купувачи се наоѓаат или би можеле да се наоѓаат во иднина и потоа да започнете со градење на присутност на тие локации за да можете да имплементирате разни стратегии со чија помош ќе можете да им ги продавате вашите решенија.

Локации на вашите купувачи

Да видиме каде се наоѓаат вашите купувачи?

Најопшто земено, тие може да бидат на два вида различни локации: физичка локација и виртуелна локација.

  1. Физички локации. Физички локации се сите оние физички места каде вашите тековни и потенцијални купувачи поминуваат определено време од нивниот вообичаен живот. Сега прашањето е на кој вид на физички локации тие поминуваат определенео време во еден просечен ден? Мора да си го поставите оваа прашање и да дојдете до колку што можете повеќе одговори на оваа прашање. Најопшто кажано тие може да бидат во нивните домови, канцеларии, работни места, локални продавници, ресторани каде што излегуваат да јадат, кафетерии каде пијат кафе… Мора да бреинстормирате колку што можете повеќе локации каде вашите целни купувачи проведуваат некое време и да ги користите овие локации при креирање на маркетинг и продажни стратегии.
  2. Виртуелни локации. Вториот вид на локација каде можете да ги најдете вашите целни купувачи претставуваат виртуелни локации кои често пати се забораваат, а имаат огромен потенцијал за секој бизнис. Денес имаме големи можности да ги пронајдеме и да разговараме со нив токму на овие локации. На пример, вашите тековни и потенцијални купувачи се присутни на разни социјални медиуми, читаат разни блогови и дискутираат на разни форуми. Доколку сакате вашите маркетинг и продажни напори да успеат мора да започнете да градите присутност и на виртуелните локации.

Се онаа што ќе го правите во иднина ќе биде базирано токму на овие локации. Затоа, бидете внимателни при бреинстормирање на локации каде вашите потенцијални купувачи се наоѓаат.

Прашање: Користите ли некаков процес во откривање на локации каде што се наоѓаат вашите купувачи? Можете ли да го споделите вашето искуство со нас? Можете да оставите коментар со клинкнување тука.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*