Да, маркетинг е составен дел на секој бизнис и тоа е неизбежен факт кој мора да се знае, но и да се практикува. Иако понекогаш се пренагласува фокусот, сепак овие активности се нешто што додаваат и треба да додаваат вредност за секој бизнис, нормално доколку се имплементираат како што треба.
Како за крај на годината, еве некои прашања кои можеби ќе бидат интересни да си ги поставите со цел подобро да ја започнете новата 2014 година кога станува збор за маркетинг активности.
- Дали маркетингот ги даде очекуваните резултати во 2013 година?
- Колку пари потрошив за кои маркетинг активности и што добив од истите?
- Со што со сигурност ќе треба да продолжиме?
- Што не треба да биде дел од мојот маркетинг план?
- Како да постигнам подобри резултати со помош на маркетингот во следната 2014 година?
Сега и како за крај на овој наслов да ги презентирам оние најкорисни и најчитани наслови на претприемач од категоријата маркетинг.
- Креирајте ја вашата стратегија за маркетинг со содржина
- Вашиот производ како прво треба да изгради доверба
- Едноставна но најдобра дефиниција за пазарот
- Истражување на пазарот: прашања кои треба да си ги поставите
- Што значи доколку немате конкуренција?
- Испорачајте исклучително доживување на купувачите преку надминување на 7 препреки
- Што треба да знаете за вашите купувачи?
- Како вашиот купувач да не ве замени?
- 6 прашања за да го направите вашиот бизнис поразличен од останатите
- Како да поттикнете висока побарувачка за вашите производи
Speak Your Mind