post

Маркетинг тестови како основа за подобрување

Маркетинг како маркетинг станува се повеќе и повеќе специфична наука која во себе интегрира различни науки како математика, психологија, кибернетика… Тоа значи дека веќе не се гледа на маркетинг како коцкање туку како еден систематски пристап и процес во развој на еден бизнис.

маркетинг тестови

Можеби секое маркетинг средство започнува во вид на коцкање, но сепак без систематски пристап кој обезбедува тестирање и итерација, односно подобрување останува да се нарекува како коцка.

Тестирањето претставува клуч за успех на сите ваши маркетинг активности. Но, проблемот е што постојат многу фактори, односно варијабли кои ќе треба да се тестираат.

Зошто?

Затоа што секогаш имаме повеќе опции. Имаме повеќе опции за насловот на рекламата. Имаме повеќе опции за текстот на рекламата. Имаме повеќе опции за слика на рекламата. Имаме повеќе опции за предметот на email пораката. Имаме повеќе опции за се и сешто во однос на секој елемент на вашите маркетинг пораки.

Од друга страна, некои даваат поголеми резултати, некои помали, а некои воопшто не даваат резултати. Затоа тестирањето е нешто што МОРА постојано да се прави кога станува збор за маркетинг.

  1. Секогаш започнете со неколку алтернативи на маркетинг пораки. Како што веќе кажав, секогаш ќе имате повеќе опции, повеќе алтернативи, повеќе можности кога станува збор за вашите маркетинг, односно промотивни материјали. Но, тоа не значи дека треба да се блокирате и да не знаете од каде да почнете, ниту пак значи дека треба да изберете една опција, една алтернатива или пак една можност а останатите да ги отфрлите. Можеби токму во некоја од отфрлените комбинации лежи вашата совршена кампања. Затоа изберете две или три алтернативи кои би сакале да ги тестирате и тестирајте ги.
  2. Тестирајте променливи на една варијабла, а не на повеќе варијабли одеднаш. Многу погрешен пристап кој едноставно води до блокада, односно не ги дава очекуваните резултати од тестирањето е кога се тестираат неколку варијабли одеднаш на неколку опции кои ги тестирате. Во една таква ситуација не можете да бидете 100% сигурни дека токму таа и таа варијабла и промените во неа ги даваат резултатите кои што сте ги добиле. Подобро е да тестирате една варијабла со неколку нејзини променливи, а потоа да правите промени на таа варијабла и да ја тестирате со други променливи на таа иста варијабла, или пак да тестирате сосема нова варијабла во следните тестови кога веќе сте се одлучиле за најдобрата (односно онаа која дава најдобри резултати) опција на прво тестираната варијабла.
  3. Тестирајте на мала листа. Не треба да вршите тестирање на севкупната листа без разлика дали станува збор за email листа, или пак целен пазар на кој сакате да настапите со некое маркетинг средство. Сепак, целта е да удрите со најдоброто орудие на сите тогаш кога ќе бидете сигурни дека во рацете го имате најдоброто орудие или порака што пак е резултат на вашите тестирања.
  4. Никогаш не запирајте со тестирање, затоа што никогаш нема да постигнете совршенство. Тестирање не е нешто што има свој почеток и крај. Тестирање е процес кој постојано трае се додека не бидете 100% сигурни дека вашата порака ја постигнува саканата цел. А, факт е дека никогаш нема да бидете 100% сигурни во тоа, затоа што едноставно никогаш или премногу е неостварливо целиот идеален пазар да купува од вас. Но, со постојано тестирање вашата цел е постојано да привлекувате се повеќе и повеќе купувачи за вашата компанија.
  5. Постојано подобрувајте врз основа на резултати од тестирање. Зошто да тестирате ако резултатите не ги имплементирате во подобрување на вашите маркетинг пораки? Секој тест ќе даде некакви резултати. Без разлика да ли тие резултати се позитивни или негативни, сите се вредни за вас и вашите идни одлуки во креирање на блиску до совршени кампањи. Затоа користете ги резултатите и имплементирајте ги во работата.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*