post

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете поиновативен претприемач

Продолжуваме со третиот наслов од серијалот за промена на претприемачкиот мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за нешто што ќе обезбеди потенцијалната енергија складирана во зголемена креативност да ја претворите во кинетичка енергија која ќе заврши работа и ќе донесе мерлив успех за вашиот бизнис.

поиновативен претприемач

Станува збор за тоа да станете поиновативен претприемач, за иновација, односно иновативноста која во себе ја содржи и креативноста.

Имам забележано дека често пати се прават грешки во сфаќањето на овие зборови – креативност и иновации. Ајде да го видиме нивното вистинско значење.

Прво би започнал со креативноста:

  • Креативноста значи сонување за нешто ново, за подобрување на работите околу вас.
  • Креативноста значи замислување на подобри работи, нешто сосема ново за вашето опкружување.
  • Креативноста значи откривање на можности за подобрување на нешто, подобрување кое е непостоечко досега.
  • Креативноста претставува размислување за нешто ново, за подобрување на работите околу вас.

Сега да преминеме на иновација. Што претставува иновација?

  • Иновација претставува практична примена на идеи и технологии.
  • Иновација претставува промена за нешто подобро.
  • Иновација претставува правење на работите да бидат подобри.
  • Иновација претставува работење на различен начин, работење на нешто сосема ново.

Веројатно ги забележувате разликите. Креативноста е размислување за нови работи, додека иновација е правење на нови работи. Размислување, сонување, идеи или соништа не е исто со правење, имплементација, промена… Да се биде покреативен претприемач не значи и дека сте поиновативен претприемач.

Професор Theodore Levitt од Harvard Business School го вели следново:

Разликата помеѓу креативноста и иновација е разлика помеѓу размислување за завршување на работите и самото завршување на работите.

Од сето оваа наведено, слободно можеме да кажеме дека:

Креативност = Идеи

а,

Иновација = Идеи + Акции

Сепак, оваа ваква формула не ми се допаѓа бидејќи недостатсува нешто, па затоа јас додавам уште еден елемент со што вистинската формула која треба да ја знаете и имплементирате е следнава:

Иновација = Креативност (идеи) + Акции + Валидација (купувачи)

Сега, врз основа на последните два наслови од овој серијал за промена на вашиот претприемачки мајндсет лесно ќе можете да да го заокружите процесот на постојана иновација во вашиот бизнис со што едноставно ќе станете поиновативен претприемач. Тоа значи да бидете проактивен, повеќе креативен и секако да иновирате. Само со иновација ќе ги постигнете резултатите кои што ги посакувате. Затоа не губете време, иновирајте.

Сега едноставно еве некои наслови кои може да ви помогнат во поттикнување на иновации во вашиот бизнис:

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*