post

Претприемачки мајндсет – Во 2014 проактивност наместо реактивност

Оваа е првиот наслов од серијалот за промена на претприемачкиот мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за промена од една вообичаено реактивна состојба во сосема поинаква, состајба во која вие сте проактивен.

претприемачки мајндсет проактивност

Дали имате искуство, или пак можеби подобро е да кажам дали се чувствувате како постојано да бркате нешто, постојано поправате, ги затнувате дупките, едноставно се наоѓате во ситуација да постојано ја одржувате status-quo ситуацијата во вашиот бизнис.

Дури и вашиот најдобар бизнис план, најдобрата „да направам” листа за специфичен ваш работен ден не можат да ви помогнат. Плановите не можат да се реализираат и бараат многу промени во целиот период на нивната намена и имплементација. Вашата „да направам” листа останува обичен лист хартија со многу недовршени задачи кои иако се планирани сепак не се довршени.

Зошто се случува сето тоа?

Доколку сте редовен читател на претприемач знаете дека динамиката на водење на бизнис и неизвесноста во која опстојува еден бизнис може да бидат причинители за да се најдете во една ваква ситуација. Но, бидејќи нешто што се наоѓа надвор од бизнисот, тешко може да се управува и да се има влијание не значи дека треба да се помирите со таквата ситуација и да си го живеете бизнис животот на најтежок можен начин.

Одговорноста иако често пати се префрла на надворешноста (лоши купувачи, лоши конкуренти, лоша политика, лоша регулатива, лошо се и сешто околу вашиот бизнис…) сепак таа како прво се наоѓа кај вас, кај лицето кое се нарекува претприемач.

Вие дозволувате пореметувања во вашиот систем на секојдневна работа. Вие сте ги поставиле така работите да опкружувањето го има тоа влијание кое што го има во моментов. Вие едноставно сте се поставиле во позиција да не сте лидер туку следбеник на состојбите околу и во вашиот бизнис.

Како да се извлечете од ситуацијата во која што се наоѓате?

Што би се случило доколку вие го диктирате темпото на работите во и околу вашиот бизнис?

Ќе бидете лидер, а не следбеник. Во една таква ситуација вие ќе ги наметнете правилата за игра, а некој друг ќе треба да ве следи и да се обидува да ги пополнува дупките кои едноставно вашите „топовски ѓулиња” им ги нанеле.

Тоа е една сосема понаква ситуација. Тоа е ситуација во која вие преземате акција која влијае на вашиот бизнис, но и на вашата околина без разлика дали станува збор за позитивно или негативно влијание врз околината. Оние на кои имате позитивно влијание ќе ве поддржат уште повеќе со што вашата бизнис потенцијална енергија ќе се зголемува, а оние на кои имате негативно влијание како вашата конкуренција ќе се најде во паника за да ја одржува status quo ситуацијата што во минатото вие сте го правеле.

Промена на мајндсет: од реактивен во проактивен

Значи првата промена која предлагам да ја направите оваа година е да го промените вашиот претприемачки мајндсет од реактивен во проактивен. Да бидеме реални, оваа не е лесно, па затоа и го ставив како прва промена на која добро треба да размислите и да започнете да работите уште утре.

Ќе имате борби на два фронта, едниот одбранбен, со сеуште користење на реактивност, и втор фронт е проактивен каде ќе тргнувате во контранапад, но со истите ресурси што ги имате. Со квалитетнта одбранбена стратегија и стратегија за напад, брзо по некое време ќе се најдете во позиција помалку ресурси да користите за реагирање, а повеќе за проактивност.

Е, тогаш ќе ги почувствувате поволностите на онаа што сте го преземале уште денес.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*