post

Како да подготвите бизнис план?

Бизнис план претставува само средство за претворање на вашата визија во конкретен пат за да може да се реализира истата. Тоа значи претворање на сонот преку конкретни бројки и пресметки во конкретни чекори кои ќе треба да ги преземете следните години.

Бизнис план

Сепак, подготовката е едно, а имплементацијата е нешто сосема друго. Бизнис плановите имаат репутација на нешто што никогаш не е точно.

Зошто, никогаш не е точен бизнис планот?

  • Затоа што се подготвува денес, а се имплементира утре, по една недела, по една и повеќе месеци, по една и повеќе години…
  • Затоа што бизнис план не претставува статичен документ, туку резултат на процес кој произлегува во динамичен документ.
  • Затоа што бизнисите функционираат во крајно неизвесно опкружување, што значи дека не може се во детали да се испланира со 100% прецизност.

Во овој дел ќе дадам еден збир на насоки кои ќе ви помогнат да изработите и имплементирате добар бизнис план.

Со цел да се обезбеди еден поедноставен пристап до сите овие наслови истите ќе ги групираме во овој пост:

Заради полесно следење на онаа што треба да го правите при подготовка на бизнис планот имаме подготвено една mind мапа. Доколку сакате некои чекори кои можете да ги користите при пишување на бизнис план имаме подготвено 30 чекори.

Но, често пати како проблем кој што го гледам во практиката е обид од страна на претприемачи или потенцијални претприемачи да подготват перфектен бизнис план уште во старт. едно треба да биде јасно, перфектен бизнис план не постои и нема никогаш да постои. Затоа подобро да гледате да подготвите релевантен бизнис план на место перфектен бизнис план.

Од друга страна кога зборуваме за бизнис план не зборуваме за обичен документ туку еден процес преку кој ќе се обидете да одговорите на повеќе прашања. Тука можете да прочитате за основните 30 прашања на кои ќе треба да даде одговор вашиот бизнис план.

Освен подготовка на бизнис планот, тој нема да вреди ништо доколку не се имплементира. Но, и самата имплементација без подобрување на самата содржина на планот, како и следните акции кои треба да се преземат нема да дадат резултати. Затоа резултатите од имплементација мора да се мерат. Врз основа на таа имплементација и мерењето вие како еден претприемач ќе имате повеќе маневри. Тоа е факт.

Во последните 5 години имам забележано повеќе цитати, од многу книги, изјави на претприемачи, научни работници од полето на претприемништвото и малите бизниси. Во едно видео се обидов да презентирам некои сосема нови погледи во однос на бизнис планот.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*