post

Претприемачки мајндсет – во 2014 бидете поодлучен претприемач

Сега се наоѓаме во петтиот наслов од серијалот за промена на вашиот претприемачки мајндсет кај вас како еден претприемач во кој ќе стане збор за вашата одлучност како една потребна карактеристика за градење на бизнис кој победува на сите стази.

претприемачки мајндсет

Премногу размислување и одложување на донесување на квалитетни одлуки едноставно го забавува растот и развојот на вашиот бизнис. Не, тука не станува збор за брзоплети одлуки, туку станува збор за повисоко ниво на вашата претприемачка одлучност.

Колебливост, парализираност, застој или пак несигурност претставуваат главните пречки на вашиот претприемачки пат кои не смеете да си ги дозволите. Затоа оваа промена ќе биде важен дел од промена на вашиот претприемачки мајндсет во 2014 година.

Едно нешто е сигурно и тоа мора да ви биде јасно. Вие сте претприемач и дел од вашата секојдневна работа е да донесувате одлуки, а не да ги одложувате истите. Иако понекогаш одложувањето може да биде најдобро решение, сепак и тоа е одлука, вие не смеете да си дозволите повеќе да одложувате со одлучувањето отколку да одлучувате.

Што можете да направите во оваа 2014 година за да ја зголемите вашата одлучност кога станува збор за носење на важни одлуки за вашиот бизнис и иднината на вашиот бизнис воопшто?

  • Одлуките носете ги брзо, но внимавајте на можните грешки. Иако брзината на носење одлуки може да влијае на квалитетот, сепак во голем дел на случаи мора да бидете одлучен бидејќи водење на бизнис по патот на успешноста го бара токму тоа. Без разочарување доколку погрешите, сепак само 10% вистински одлуки во вистинско време може да претставуваат огромен чекор напред за вас и вашиот бизнис.
  • Не одложувајте, бидете секогаш доволно информиран и доволно аналитичен при носење на одлуки. Одлуките се базираат на вашата информираност за нештото за кое што носите одлука. Информираноста ќе зависи од вашето тековно знаење во моментот на донесување на одлука. Не барајте дополнителни информации, дополнително учење за предметот, ако досега не сте ги имале тие информации, или пак го немате потребното знаење ден два трупање со информации или пак дополнително знаење нема да ве направи попаметен туку ќе значи само одложување на одлука.
  • Имајте систем кој ќе обезбеди најефикасно и најефективно информирање и проширување на вашето знаење. Точно, многу пати велам дека е потребен систематски пристап во оваа подрачје и скоро сите се сложуваат со мене. Но, што потоа? Што откако веќе знаеме дека ни требаат системи за соодветен проток на информации и знаење? Едноставно го преземате првиот чекор во нивно креирање и имплементирање но и прилагодување. Нема уникатно и единствено решение креирано само за вас и вашиот бизнис, морате самите да го обезбедите.

Еве некои линкови кои може да ви бидат од корист:

Важно е да бидете одлучен, без двоумење да бидете сигурен што сакате да направите и што сакате да постигнете. Плановите претставуваат поддршка на вашите одлуки, но внимавајте во најголем број на случаи тие се неточни.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*