post

Сакате ли да ја подобрите вашата продуктивност

Сакате ли да ја подобрите вашата лична продуктивност започнувајќи уште денес? Тогаш следете ги шесте чекори кои ќе ги објаснам во овој наслов.

Продуктивност на вработени

Многу е важно за вас како еден претприемач да бидете попродуктивно лице бидејќи само на таков начин ќе започнете да завршувате многу поважни работи во пократок временски период и тоа поквалитетно. На ваков начин ќе постигнете повеќе резултати како на личен така и на професионален план.

Па, да започнеме со шесте чекори.

1. Започнете го денот со нешто навистина мотивирачко за вас

Секој систем има потреба од нешто што ќе донесе помоќна енергија во истиот кога се стартува погонот за нормално функционирање. Луѓето исто така имаат потреба од различни видови енергенси на самото започнување на денот. Па, доколку сакате да се подготвите себеси за остатокот од денот, започнете со нешто што навистина ќе ве мотивира, нешто што ќе ви даде позитивна моќ за да завршите се што сакате да завршите за еден специфичен ден.

2. Потрошете еден час на анализа на тоа како сте го потрошиле вашето време претходниот месец

Како сте го трошеле вашето време минатиот месец?

Оваа прашање е важно за да ви обезбеди процес на континуирано подобрување на вашата продуктивност. Од друга страна оваа прашање ќе ви даде повеќе одговори за минатото со потенцијал подобро да ве подготви за иднината која што следува. Еднопставно поглед кон минатото за да ја подобрите иднината.

Тогаш зошто да не потрошите еден час секој месец за да видите како сте го трошеле вашето време и што можете да направите во однос на тоа.

3. Пронајдете ги активностите кои не се важни и за кои сметате дека едноставно сте губеле време минатиот месец

Анализирајќи го потрошеното време од претходниот месец ќе дојдете до голем број на активности за кои ќе утврдите дека немаат приоритет ниту важност за времето кое што сте го потрошиле на нив.

Следниот чекор е во тековниот месец да се обидете да ги елиминирате сите такви активности.

4. Направете листа со приоритети

Што е онаа што најважно за вас како еден претприемач и вашиот бизнис?

Да, кои се вашите најголеми приоритети? Вашите приоритети претставуваат вашите највредни активности, односно активности кои додаваат вредност за вашиот бизнис но и за вашиот личен живот надвор од обврските дефинирани околу вашиот бизнис.

Едноставно во овој чекор направете листа на тие највредни активности кои ќе претставуваат приоритет за вас за во иднина.

5. Секогаш кога ја подготвувате вашата „да направам” листа погледнете првин во вашата листа со приоритети

Сега кога веќе ја имате листата таа секогаш нека биде лесно дофатлива на вашите раце или директно пред вашите очи. Секогаш, ама баш секогаш кога ја подготвувате вашата „да направам” листа без разлика дали тоа е неделна листа која се подготвува еднаш неделно или пак секоја вечер за следниот ден или пак секое утро за денот кој започнува погледете во листата со приоритети и се онаа што не претставува приоритет едноставно прецртајте го и ставете го во листата насловена „некој ден” или пак „можеби”.

Се додека вашите приоритети не се променат, немојте да ги прекршувате законите кои произлегуваат од нив.

6. Секој месец анализирајте ја и подобрувајте ја вашата листа со приоритети

Бидејќи листата со приоритети во овој систем претставува важна алатка за подобрување на вашата продуктивност, добро е секој месец да ги проверите приоритетите се со цел да видите дали има некоја промена во однос на нив. Доколку има промена, променете ја и листата и повторно користете ја онака како што е опишано во претходниот чекор.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*