post

Стратегија – Најбрз начин да ги трансформирате Вашите бизнис резултати

Колку мали бизниси имаат стратегија? Дали претприемачите на малите бизниси имаат стратегија? Дали малите бизниси се стратешки, или само тактички мали бизниси кои размислуваат како да го преживеат месецот?

Од моето лично искуство и контакти со претприемачи на мали бизниси сметам дека тие воопшто не се стратешки ориентирани туку тактички ориентирани. Ова значи дека тие најмногу се загрижени за генерирање на приход за да ги платат сметките и да го преживеат месецот. Тоа значи дека малите бизниси немаат стратегија. Тоа значи дека растот и развојот не е важен, туку само голо преживување.

А, како да мислат на стратегија кога немаат здрава околина. Нема еднакви услови за сите на пазарот.

Но, сепак стратегијата на еден мал бизнис може само да му помогне, а не може да му одмогне. Па, затоа и препорачливо е да се има стратегија која ќе се следи.

Што е стратегија?

За стратегија на претприемач досега немам пишувано многу. Во делот за изработка на бизнис планот, односно во насловот Стратегија како дел од бизнис планот напишав дека:

Стратегија претставува план на акции за остварување на поставените цели. За имплементација на една стратегија потребно е да имаме повеќе тактики. На пример, доколку нашата стратегија е да изградиме бизнис со долгорочни односи со своите потрошувачи, тактиките со кои можеме да ја имплементираме таа стратегија може да бидат давање на дополнителни услуги за редовните потрошувачи, тренинг, долгорочни договори со поинкави цени итн. Секоја тактика се исполнува со активности кои имаат одредени датуми на остварување, одговорни лица за остварување на тие активности и потребни финансиски средства за остварување.

Зборот стратегија доаѓа и се користи во бизнисот од употребата во воени мисии. Во Merriam-Webster Dictionary освен дефинирање на стратегија како воено средство пишува и дека стратегија претставува:

    • Темелен план или метод
    • Умно лукавство (воено го исфрлив)
    • Уметност на смислување или пак користење на планови или пак лукавства кон исполнување на целите.

Забележливо е дека:

  • Стратегија е средство за исполнување на бизнис цели. Доколку немате бизнис цели не ви треба ни стратегија.
  • Стратегија претставува еден вид на план во кој се специфицирани акции кои Вие како претприемач ќе ги превземете.
  • Стратегијата е составена од тактики кои пак се составени од активности со што ќе ги исполниме посакуваните цели.

Имам видено различни „таканаречени“ стратегии. Тие повеќе изгледаа на еден текст на 20-30 страници и се однесуваа на период од 3-5 години без специфичности. Како што забележувате погоре за да се исполнуваат воспоставените стратегии потребно е да се определат тактики и да се дефинираат сите активности за секоја тактика.

Моја препорака пред да започнете со промена на стратегија е првин да ги погледнете дефинициите за тоа што е стратегија кои ги обработив во овој поднаслов. Потоа убаво да погледнете во вашите бизнис дејствувања и да видите дали се тоа тактики кои од време на време ги спроведувате или пак тоа претставува една стратегија на еден подолг рок.

Како да ја промените стратегијата?

Менување на стратегија не е пожелно да го правите секојдневно. Подобро потрошете повеќе време да подготвите вистинска стратегија и да се обврзете кон нејзино извршување. Имам лошо искуство со често менување на една стратегија со друга пред да измине рокот за кој е предвидена претходната. Во една таква состојба ни вработените ни консултантите не знаеја која стратегија е на сила.

Стратегијата се изготвува од менаџментот (врвот) на бизнисот, а се спроведува и извршува од сите.

Ќе се обидам да дефинирам еден приод во чекори кој ќе може да ви помогне да успеете да спроведете стратешко планирање во Вашиот бизнис и да ја промените тековната стратегија доколку ја имате или пак мислите дека ја имате.

  1. Прва работа е да бидете сигурни дека имате стратегија и дека ја следите иако не сте задоволни со неа. Не ви треба стратегија која ќе седи во фиока и ќе фаќа прашина. Тогаш подобро и не губете време на стратегија.
  2. Откако ќе се уверите дека имате стратегија која се следи потребно е да ја прилагодите за да таа иста стратегија претставува една проактивна стратегија, а не реактивна стратегија. Не размислувајте кој друг што направил. Размислувајте што Вие сакате да постигнете и направите.
  3. Размислете што треба да направите за да ви даде најдобри резултати најбргу што може на една подолгорочна основа.
  4. Откако ќе откриете што е тоа што ќе ви даде најдобри резултати најбргу на подолгорочна основа можете да размислувате за можните тактики.
  5. За секоја тактика подгответе активности со рокови и одговорни лица за извршување на тие активности.
  6. И секако на крај системско размислување. Воспоставете повратна врска за преку мерење и контрола на исполнување на стратегијата.

Микро бизниси и стратегија

Не значи дека доколку сте мал бизнис со неколку вработени дека не ви треба стратешко размислување и водење на Вашиот бизнис. Ова е голема грешка. Дали малиот бизнис има цели? Секако, ако ништо друго во првата година целта е преживување. Па како ќе преживее? Ќе понуди некоја поволност. Ќе обезбеди квалитетен сервис. Ќе обезбеди квалитетна услуга. Ќе примени нови маркетинг методи и техники. Сето ова се тактики за стратегијата преживување на бизнисот. Потоа ќе следуваат активности за секоја од тие тактики.

Разликата е само во тоа што подготвувачот на стратегијата ќе биде и извршител на истата.

About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Comments

  1. Гого Рафајловски says:

    Одлична статија! Многу ми е мило што конечно на едно место се ставаат малите (микро) бизниси со стратегијата и стратешкото размислување! До сега се мислеше дека тие две не одат заедно, но колку ли само е неточно тоа…

    Бидејќи се е убаво срочено во текстот погоре, јас само би додал:

    На секоја стратегија, тактика, акција или операција додајте ја димензијата „време“! Сите ќе се согласиме дека секоја стратегија (составена од тактики или акциии) не вреди нити пет пари ако, како што беше кажано, седи во фиока… без рокови за постигнување на истата! Временскиот рок не само што ја прави стратегијата „померлива“ (ако сте исполниле 60% посто од задачите, знаете до каде сте и уште колку ресурси и „време“ Ви се потребни за комплетирање на работата), и затоа психолошки се чини дека истата е и пореална и остварлива, туку и Ве принудува на акција (меѓусебната зависност од чекорите што ги превземате).

    Сепак, Вашата стратегија е препорачливо да ја направите откако ќе направите анализа на пазарот и анализа на конкуренцијата, за биде насочена да ви одгатне каде сте на оној пазар на кој што (ќе) се натпреварувате, за да утре знаете каде треба да одите и каде сакате да стигнете! Само така на долг рок ќе успеете да им излезете во пресрет на Вашите клиенти и на нивните потреби, воедно трудејќи се секогаш да бидете чекор пред конкурентите.

    • Д-р Драган Шутевски says:

      Одлично дополнување Гого. Навистина секој твој коментар додава вредност на секој напис. Благодарам.

Trackbacks

  1. […] стратегија ја обработив во Стратегија – Најбрз начин да ги трансформирате Вашите…. Едноставно без да имате еден стратешки приод кој не е […]

  2. […] профитниот модел не претставува ништо друго туку една стратегија која треба Вашиот бизнис да го направи […]

  3. […] на Профитен Модел за Вашиот Бизнис – Претприемач on Стратегија – Најбрз начин да ги трансформирате Ваши…Важноста на брзи одлуки – Претприемач on Претприемач […]

  4. […] За она што претставува стратегија повеќе ќе можете да прочитате во Стратегија за бизнис трансформација. […]

  5. […] светот на животните многу е позната стратешката борба помеѓу лисица и […]

  6. […] во ера на Google: Вашата онлајн стратегија e Ваша бизнис стратегија). И секако додека ја очекувам книгата да ми пристигне […]

  7. […] претприемничката пракса се користат повеќе стратегии. Повеќето стратегии се водат од ситуацискиот пристап […]

Speak Your Mind

*