post

ТОП 100 АЛАТКИ ЗА УЧЕЊЕ ЗА 2009

Малку да се навратиме на темата за учење. Нели знаењето е моќ, знаењето е сила. Човекот како природно суштество ја има таа особина постојано да учи. Токму и заради таа особина човекот владее со светот, а не затоа што е најсилен или најголем. Што се случило со диносаурусите.  Претприемачите пак мора да постојано да учат. Не мора да значи дека кога ќе го започнат сопствениот бизнис мора се да знаат. Видовте во примерот со потребата од знаење од менаџмент во различните животни циклуси. Но, постојаното учење претставува една константа во претприемништвото.

CheckList1Центарот за учење и технологии за перформанси – C4LPT (Center for Learning and Performance Technologies) секоја година врши истражување во однос на најдобри алатки за учење кои се наоѓаат на интернет. Начинот на спроведување на истражувањето е со помош на анкетирање на професионалци за учење од целиот свет преку набројување на најдобрите 10 алатки за учење. Резултатите од истражувањето можете да ги видите на Top 100 Tools for Learning 2009.

Интересно е што на прво место e Twitter алатка за микроблогирање каде можете да испраќате до 140 знаци текст и да го ширите кругот на пријателството (на речникот на facebook) кое се нарекува следење (вие следите некого и некој ги следи Вашите Twit-ови). Интересно е што оваа алатка според alexa.com не се наоѓа меѓу првите 100 користени во Македонија.

Второ место како најдобра алатка за учење го зазема delicious. Ние веќе пишувавме за оваа алатка на блогот на претприемач во Delicious како средство за прибирање и складирање на информации и направивме едно видео како да го користите delicious.

Трето место е едно од децата на големиот Google, Google Reader. И навистина е предобра оваа алатка, бидејќи ако не секојдневно барем еднаш неделно ја користам за да прочитам нови блогови и вести од целиот свет.

Четвртото место го држи Mister WordPress платформата за блогови. За уникатноста и корисноста на оваа платформа немам зборови. И овој блог во позадината е на WordPress платформата. Подготвуваме електронска книга за блогирање која набргу ќе имате можност да ја добиете бесплатно и во неа опфативме нешто за оваа платформа.

Петото место го зазема Slideshare.net, платформа за аплоадирање и разменување на PowerPoint и MSWord презентации со остатокот од светот. Оваа не сум ја користел но веќе ми е отворена страната и се спремам да ја испробувам.

Шестото место е популарниот YouTube, второ од големото семејство на google. Нема потреба за дополнителни коментари во однос на истиот. Инаку во Македонија по користење се наоѓа на високото 3-то место веднаш зад популарниот facebook (кој е на 28-мото место) согласно alexa.com.

Но да не должиме многу погледнете ги резултатите и алатките можеби ќе ви користи некоја од нив.

post

ТЕХНОЛОГИЈА – СТРАВ КОЈА ШТО УШТЕ ПОСТОИ

Овој феномен на страв од технологијата (особено компјутерите со се онаа што го носат со нив) е навистина чуден и постојан во Република Македонија. Со постоење на ваква страв нема 80/20 правило, нема ефективност и ефикасност, нема вирозен маркетинг, нема ефект на пеперутка, нема професионализам, нема подобрување, нема потенцијална бизнис енергија… Со еден збор нема успешен бизнис или се она за кое пишуваме и препорачуваме во Pretpriemac.com.

Дури и имам пријатели кои се плашат кога ќе добиат еден e-mail од мене во кој им покажувам нешто што можат да направат. Ми викаат немој да ме плашиш. Но, зошто да постои страв? Размислувам дека можеби тоа е страв од незнаење. Но, од друга страна никој не е роден со знаење, се учиме додека сме живи. Се се пробува, а со пробување и се учиме, па стравот е непотребен. Грешките нема да се кобни и со големи последици. Каква грешка ќе бидне доколку отворите акаунт на некоја од социјалните мрежи, или пак секојдневно во комуникација користите е-mail, или го користите интернетот за учење на нови работи, или пак користите Skype наместо телефон секаде каде што имате можност, или пак користите видео конференциски врски, или пак секојдневно прибирате информации на интернет… или пак… или пак… Сето ова само може да допринесе за Ваш подобар бизнис, стравоте е непотребен бидејќи нема што да изгубите.

Технологијата треба да се зграби и да се искористи особено сега кога се е достапно преку интернетот. Со користење на технологија ќе ги намалите трошоците на Вашето работење и ќе бидете поефикасен и поефективен со што ќе се обезбеди успешноста на Вашиот бизнис. затоа искоренете го стравот доколку постои и гледајте напред, не назад.

post

LINKEDIN – БИЗНИС СО БИЗНИС ВМРЕЖУВАЊЕ

LinkedIn претставува најголемиот сајт за деловно вмрежување. Малку подолу ќе прикажеме некои статистики за оваа бизнис алатка, а сега накратко да што е LinkedIn.

Најпросто кажано LinkedIn претставува социјален сајт за вмрежување (слично како Facebook – кој моментално е попопуларен од LinkedIn во однос на број на корисници во Република Македонија). Но, суштинската разлика и значајност на LinkedIn е што оваа социјално вмрежување е бизнис ориентирано и во најголем дел се користи со цел за професионално вмрежување. Овој сајт започнал со работа во 2002 година, а во Февруари 2009 година има повеѓе од 35 милиони корисници од над 150 индустрии.

Некои од основните карактеристики и можности на LinkedIn се:

  • Мрежа на контакти преку која корисниците одржуваат контакти за бизнис партнерите
  • Можности на конекции од прво (директна конекција), второ и трето ниво. На ваков начин можете да се претставите на некој кој лично не го знаете но имате врска преку Вашите директни врски или пак преку врските на вашите директни врски (конекција од второ ниво).
  • Можност да се користи како средство за наоѓање на работа, бизнис партнери и потенцијални потрошувачи.
  • Можност за формирање или зачленување во различни заедници и поставувања на прашања во тие заедници кои се во поле на интерес на групата или заедницата.

Како изгледа LinkedIn во бројки:

  • Над 35 милиони корисници ширум светот кои се поврзани заради бизнис причини.
  • 46% од корисници се на менаџерски позиции (луѓе кои донесуваат одлуки)
  • Извршните директори од сите Fortune 500 компании се присутни на LinkedIn.
  • Опфатени се над 150 индустрии

Мислиме дека оваа е доволно за да се активирате особено доколку сакате да го глобализирате Вашиот бизнис. Во условите во кои стопанисуваат малите бизниси во моментов во република Македонија и тоа како е потребно да се најдат бизнис партнери ширум светот.

post

ВЕБПРИЕМАЧ – ЕДЕН НОВ ТЕРМИН

Се почесто во развиените земји се користи терминот „вебприемач“ (WebPreneur). Овие лица се дефинираат како личности кои започнуваат или водат веб базирано претпријатие. Како што зборот прет-приемач се однесува на луѓе кои започнуваат или водат нови бизниси (претпријатија) така терминот вебприемач се однесува исто така на бизниси но веб базирани бизниси. овој збор вебприемач го исковавме ние како превод на англискиот збор. Можеби не е адекватен преводот, можеби специјалистите за македонски јазик ќе ни забележат. Но, целта тука не е да го надградуваме македонскиот јазик, туку да ги видиме бизнис можностите што ни се нудат.

Веб базирани бизниси се оние кои целосно функционираат преку веб. Овие бизниси немаат физички локации како продавници, канцеларии, служби итн. Продажбата се изведува директно преку веб и зад тие продажби вообичаено стојат автоматски процеси кои целата работа наместо продавачот ја изведуваат за одреден процент од трансакцијата како надоместок.

Основните предности на овој тип на претприемачи се:

  • Ниски трошоци за започнување на бизнисот (од 200-300 евра). Потребен хостинг за сајтот, регистрација на домеин име и автоматизиран систем за наплата.
  • Изгледа професионално исто како и големите компании
  • Работата на различни служби ја изведува преку автоматизирани процеси и нема потреба од дополнителни вработени.
  • Глобален пазар. Пазарот не е ограничен само на локално или национално ниво, туку достапен е глобалниот пазар.

Но за вакви типови на претприемачи во Република Македонија постојат многу ограничувачки фактори како што се:

  • Сеуште слабата свесност кај граѓаните за користење на интернетот како виртуелна продавница. Кај нас сеуште можете по шалтерите на банките да видите луѓе кои вадат пари од картичка (стојат на шалтер, а не пред банкомат).
  • Страв од злоупотреба на картичките при изведување на трансакција. Јас лично имам купувано преку интернет повеќе пати и никогаш не ми се случило нешто непредвидено.
  • Неразвиен систем за наплата. Една од банките нешто воведе но тоа не е тоа.
  • Невозможен пристап до глобалните системи за наплата како ClickBank и PayPal.
post

ТЕХНОЛОГИЈА – НЕМА ПРИЧИНИ ЗА СТРАВ

Кога го изговараме зборот технологија мислиме не само на технлогијата како тврд елемент (нешто што се опипува) туку и на примена на знаење, методи, техники и средства во остваување на целите. Секој претприемач има поставено цел за сопствениот бизнис. Целта може да биде обезбудување на плати за себе и за вработените, остваување на профит, градење на стаблен бизнис кој ќе носи соодветен приход итн. Значи се она што ќе помогне во остварување на нашите претприемнички цели треба да го искористиме. Технологијата има огромна улога во исполнување на нашите цели. Но, од друга страна постои огромен страв во користење на истата. Стравот доаѓа заради следниве причини:

  • Дали ќе се снајдеме да ја користиме новата технологија која постои.
  • Ќе треба да учиме за да го зголемиме знаењето за новата технологија.
  • Дали ќе се исплати вложениот труд?
  • Нашето досегашно знаење за работата ќе треба да се промени, а со тоа ја губиме моќта што ни е обезбедена од досегашното знаење.
  • Ќе реба да се спроведат промени во работењето на бизнисот.
  • Вработените ќе бидат отпорни кон користење на новата технологија.

Сакаме да докажеме дека овие причини за страв се неосновани:

  • Човекот по природа е снаодлив. Некој омалку, некој повеќе, но сепак секој човек е доволно снаодлив инаку не би опстанал на планетата земја. Така да секој може да се снајде да користи нова технологија, некој со помалку, а некој со повеќе труд.
  • Човекот по природа постојано учи. Некој помалку, некој повеќе, но никој не е „глуп“ да не може да научи нешто. Така знаењето за новата технологија секогаш може да се зголемува.
  • Секој вложен труд некогаш ќе се сиплати. Ако не веднаш по еден месе, два месеци, година.
  • Ќе ја изгубиме моќта со претходното знаење, но ќе добиеме поголема моќ со новото знаење и во комбинација со новата технологија таа моќ ќе бидеуште посилна.
  • Отпорноста кон промени секогаш ќе постои, но и методи и техники за надминување на таа отпорност.

А што ќе добиеме со примена на нова технологија во работењето на бизнисот?

  • Зголемена ефикасност и ефективност како на личен така и на бизнис план.
  • Зголемена конкурентска предност.
  • Повеќе потрошувачи.
  • Подобра контрола на работата.
  • Поголемо задоволство.
  • Поголема моќ как на претприемачот така и на бизнисот

ОТФРЛЕТЕ ГО СТРАВОТ. НЕ ВИ Е ПОРЕБЕН. ПРЕПРИЕМАЧИТЕ, ОНИЕ УСПЕШНИТЕ СЕ ХРАБРИ.