post

Зошто “да направам” листи може да бидат безвредни

Времето во кое што живееме „да направам” листите ги направи толку популарни да насекаде се забележуваат алатки во вид на софтвери, веб, мобилни апликации…

Продуктивност на вработени

Сепак, мора да напоменам дека лоша „да направам” листа е многу поопасна отколку и воопшто да се нема таква листа.

Сега доколку сте ги следеле претходните наслови поврзани со продуктивноста за претприемачите сигурно се прашувате како тоа да се нема „да направам” листа може да биде подобро отколку да се има една лоша таква листа. Точно е дека целев и сеуште сметам дека треба да имате повеќе „да направам” листи и тоа секоја со сопствена намена, сеуште држи вода дека вашата „да направам” листа мора да биде ориентирана кон акција, сеуште важи и тоа дека ќе треба постојано да ја подобрувате вашата „да направам” листа и сеуште важи правилото за неделен преглед на „да направам” листата.

Дури и може слободно да се каже дека доколку не ги примените тие совети ќе имате т.н. лоша „да направам” листа. Но, тука не сакам да зборувам за онаа што веќе го имам кажано тука на претприемач.

Ваквите листи иако претставуваат, всушност и се користат за да ни бидат корисни лесно може да се претворат во средство кое ќе ни врши постојан притисок со работи кои се толку неважни, но сепак сме ги ставиле на листата и со тоа сме преземале обврска да ги завршиме. Токму поради оваа причина како прво листите стануваат огромни, а со тоа и нереални и најчесто завршуваат со кинење на хартиени листи или заборавање и бришење на веб апликации или мобилни апликации.

Од друга страна не ретко притисокот за да се стави нешто на листата доаѓа од некој друг, а не од вас самите како претприемачи. Често пати ги споменувам оние email пораки кои гледам дека сеуште пристигнуваат во мојот email инбокс каде предметот е со големи букви во стилот на „URGENT”, „УРГЕНТНО”, „ВАЖНО”… Запомнете дека никој друг нема право да ви ги определува приоритетите и ваков начин на комуникација со вас само значи дека оној кој ви праќа вакви пораки воопшто не ве почитува ниту вас ниту вашето време. Некаде прочитав (не се сеќавам кој го има кажано или напишано но мислам дека навистина е точно) а тоа е дека најважните работи не се и најгласните, односно најбучните.

Тогаш како да се справите со овој предизвик? Еве некои идеи:

  1. Како и секогаш прво приоритизирајте. Мора да приоритизирате и вашата да направам листа да го содржи само онаа од што ќe зависи вашиот личен и деловен успех. Само на таков начин ќе обезбедите висока фокусираност на онаа што навистина треба да го правите.
  2. Преземете го менаџирањето на вашето време во ваши раце. Точно така, не допуштајте некој друг да ви ги креира приоритетите, бие сте тој кој најдобро знаете што е приоритет, а што не. Се останато или може да чека или мое да биде игнорирано.
  3. Користете го правилото на „2 минути” од GTD методологијата. Оваа правило кое бара се што можете да завршите за две или помалку минути да го завршите веднаш и да не го ставате на вашата „да направам” листа во голем дел ќе влијае на кратењето на листата. Од друга страна ако не го завршите веднаш и не го ставите на листата значи и дека не е нешто важно за да биде завршено.
  4. Не ја користете листата како место за складирање на вашите идеи. Идеи за нешто да се направи нешто што треба да се направи не е исто. Точно е дека некаде ќе треба да се олесните, односно да исфрлите се што ви се мотка низ главата, но тоа не значи дека се ќе треба и мора да биде завршено. На пример, OmniFocus (алатката која јас ја користам за „да направам” листа) има посебен Inbox кој служи за оваа намена но и можности за класификација на нешто што се наоѓа на листа на чекање, планирано за во иднина… Но, со посебен преглед ми овозможува да ги гледам само задачите кои се планирани за специфичниот ден. Од друга страна, Evernote е местото каде едноставно нафрлувам се и сешто за се и сешто, a доколку сметам дека нешто вреди да влезе во OmniFocus едноставно го линкувам со креирање на нова задача во OmniFocus.
About Д-р Драган Шутевски

Д-р Драган Шутевски е основач и CEO на Шутевски Консалтинг и им помага на бизнисите да го проектираат патот кон успешноста. Поврзи се со Драган на Google+

Speak Your Mind

*