post

ПОДОБРУВАЊЕ – ПРЕКУ BUTTERFLY EFFECT

На артиклите на претприемач започнавме една нова тема за организациски промени – TQM. Во првиот дел – историска појава и дефинирање наведовме дека оваа филозофија не успеала во САД бидејќи секогаш кога вработените ќе имаат некоја идеја морале прво да добијат одобрение од менаџментот при што повеќето идеи биле отфрлани или одбивани, така да вработените во иднина немале мотивација да генерираат идеи за подобрување. За да се добие квалитетно и постојано подобрување на квалитетот на производите, услугите и бизнис процесите мора да се овозможи зголемување на креативноста на сите, како на претприемачот така и на вработените.

Во почетокот секој бизнис е мал и е составен само од претприемачот и уште некој вработен. Доколку претприемачот е сам во бизнисот тој генерира бизнис идеи за подобрување. Доколку има и вработени тој ќе генерира идеи за подобрување но и ќе одобрува идеи за подобрување од страна на вработени. Колку повеќе идеи се генерираат толку повеќе ќе се подобруваат сите бизнис процеси.

Но, зошто треба да се искористат идеите за подобрување на вработените?

  • Вработените најдобро знаат што може да се промени кон подобро.
  • Секое работно место има специфичности кои му се познати во поголем степен на вработениот одошто на менаџерот или претприемачот.
  • Ќе се заштеди време менаџерот или претприемачот да се насочат кон посложени бизнис активности.
  • Ќе се овозможи ефект на пеперутка во подобрувања.

Што значи последното?  Секој вработен во бзинсот или учесник во бизнис процесот доколку биде насочен постојано да генерира идеи за подобрување на работниот процес кој што го изведува ќе се овозможи постојаност на малите промени што во иднина ќе имаат огромен ефект на бизнисот воопшто. За овој ефект можете да го погледнете и видеото што го направивме.

Значи со мали секојдневни подобрувања во сите бизнис процеси може да доведе до одлични резултати на севкупниот бизнис. Подобрувањата може да бидат во однос на сите бизнис процеси, но особено е важно бизнисот да има одлични перформанси во следниве:

  • Продажба
  • Маркетинг
  • Производство
  • Процес на менаџмент на трошоци
  • Менаџмент
  • Процес на набавка
  • Менаџирање со залихи итн.

Затоа е пожелно да се овозможи еден вид на партиципативен пристап на сите вработени како би се генерирале колку што може повеќе бизнис идеи за подобрување и бизнисот постојано ќе биде во топ форма.

post

НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАЛИХИ – ПАТ КОН ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ

За залихите повеќе пати досега пишувавме. Но, со овој натпис би сакал да извршам надополнување на менаџмент филозофиите за организациски промени кои недолно ги објавуваме. Во сите 3 досегашни филозофии KAIZEN, Business Process Reingeneering и Lean менаџментот како една цел се воспоставува намалување на залихи. Па така се спомнува KANBAN како алатка која може да се користи, но во тие елементи не ја спомнавме ABC анализата која може да доведе до информации каде треба да се кратат залихите.

Едно е јасно, залихите претставуваат:

  • Трошок
  • Врзани пари
  • Неискористена бизнис потенцијална енергија
  • Сокривач на проблеми

Трошок бидејќи се плаќа за магацинот за ускладиштување, врзани пари бидејќи не можеме да продаваме она што ни се бара во моментов затоа што имаме врзано пари во залихи, неискористена бизнис потенцијална енергија бидејќи голем финансиски потенцијал се наоѓа во нешто што стои во магацин, а не се продава. Но, зошто сокривач на проблеми. Голем број на проблеми претприемачите се обидуваат да ги покријат со залихите. Така:

  • Проблеми во маркетингот со недоволна анализа на пазарот и незнаење однапред што побргу и подобро ќе се продава се покрива со поголема количина од секој вид на производ и тоа за секој случај!
  • Проблеми во продажба преку неефективен и неефикасен продажен тим и продажен процес се покрива со сигурна количина на залихи.
  • Проблеми во системот за набавки преку задоцнети нарачки, и прием на набавките се покрива за секој случај со зголемено ниво на залихи.
  • Доцнење во производство кое може да биде заради неефикасен и неефективен производствен систем, или пак проблеми во монтажата или пак високо ниво на шкарт при производство се покриваат со поголемо ниво на производство од потребното и создавање на залихи.

Ова се само неколку крупни проблеми кои се покриваат со залихите. Но, трагично е што овие проблеми од срана на претприемачите не се гледаат затоа што со залихи се си функционира како што реба и се е под конец. Па, во ваков случај може да се појави ефект на варена жаба за која веќе пишувавме (жабата ќе се свари и ќе умре доколку олека ја загреваме водата и стигнеме до температура на вриење, додека ако ја ставиме во зовриена вода таа ќе се изгори и ќе скокне, но сепак ќе преживее). Тоа е затоа што малте ситни проблеми често ги занемаруваме и подоцна не чинат многу и во краен случај клуч на бизнисот.

Сево ова е забележително сега во услови на рецесија кога клуч на врата најавуваат многу бизниси. Затоа е потребна постојана анализа и намалување на залихите, а со тоа и навремено откривање на проблемите и нивно решавање. На ваков начин со еден удар убивате две муви:

  • Финансиски заштеди преку трошоци
  • Континуирано подобрување на бизнсиот преку постојано решвање на проблемите.

За спроведување на ABC анализата постојат различни сфтверски пакети. Но, и не мора да вложувате голе пари во тоа. Пред некое време изработивме два видео материјали за изработка на ABC анализа со помош на Microsoft Excel кој го има на секој компјутер. Можете да ги погледнете и да започнете со анализа веднаш па потоа ќе видите каде треба да ги кратите залихите.

КАКО СО MS EXCEL ДО ABC АНАЛИЗА

ИЗРАБОТКА НА ГРАФИК ЗА ABC АНАЛИЗА СО MS EXCEL (ПРОДОЛЖЕНИЕ)

post

ПЕТ ЧЕКОРИ ЗА УСПЕХ

Пред некое време нарачав еден софтвер и како подарок добив 2 книги и уште некои видео и аудио CD-a за гледање и слушање. Една од книгите (извештај) е и 7 Figure Secrets од Mike Filsaime човек од интернет маркетинг бизниси. Книгата како што кажува самиот наслов се однесува на тајните за бизнис со седумцифрена вредност (во US долари се разбира). И во самата книга авторот напоменува дека овие чекори се  најважните за секаков тип на бизниси па и интернет бизнисите.

Но, да не должам многу. Кои се тие 5 чекори наведени таму?

  1. Бизнис треба да ви биде забавен. Она што го работите треба да биде забавно за Вас. Сигурно нема да го давате својот максимум доколку тоа што го работите не ви е забавно. Кога работите работа што не ја сакате ќе ја сработите само колку да ја завршите. Во вакви сучаи не размислувате за квалитетот на завршената работа. Затоа доколку бизнисот кој планирате да го започнете сметате дека нема да ви е забавен воопшто не го започнувајте туку размислувајте за нова, подобра и позабавна бизнис идеја.
  2. Сонувајте големи сонови. Сонување е карактеристика на секој човек. Секој сака да има одобар живот и сонува за еден таков живот. Некој може да uspeh-cekori сонува за куќа со базени, друга за крстарење низ некои подрачја од светот, трет да постигне ниво да заработува со минимално вложување на труд. И секој сон е остварлив доколку претприемачот сака да го оствари. Големиот сон ќе ви го покаже патот кој треба да го изодите за да стигнете таму. И во оваа книга како и ние претходно што напоменувавме низ текстовите на pretpriemac.com, Mike Filsaime вели дека секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ви велат тоа и тоа е невозможно. Не дозволувајте некој друг да ви го отргне сонот освен самите вие.
  3. Верба во себе. Трет чекор на патот кон успехот е веба во себе. Доколку верувате длабоко во себе дека можете да направите нешто во иднината вие ќе го остварите вашиот сон. Доколку не верувате во себе подобро не го започнувајте тоа што го ланирате бидејќи така Вашиот сон ќе биде далеку и неостварлив.
  4. Идентификација на луѓе ки го живеат вашиот сон и започнување да се прилагодувате кон нивниот начин на однесување. Во овој чекор потребно е да најдете луѓе кои го имаат успехот кој вие го посакувате. Откако ќе ги идентификувате проучувајте го нивното однесување и забележувајте ги сите работи кои овие луѓе ги прават успешни. На крајот применувајте ги истите работи во Вашето однесување. На ваков начин ќе можете и да го подобрите начинот на однесување и да станете уште поуспешни.
  5. Поставување на обврска. Последниот чекор според Mike Filsaime е поставување на обврска. Значи можете да имате одлична бизнис идеја која навистинаќе ви е забавна, да сонувате колку што сакате, можете да имате верба во себе и да ги идентификувате луѓето кои се успешни и да ги знаете работите што треба да ги превземете, но се додека не си поставите обврска секој чекор да го спроведете (да превземете акција) сето горе наведено ќе ви биде непотребно. Поставување на обврска може да биде во стил на акционен план, точки ки треба една по една да ги спровеувате. Затоа, pretpriemac.com подготвува посебна веб страна која ќе ги опфати сите аспекти од патот до успехот и во секој чекор ќе бидат дадени подчекори кои треба да ги спроведувате како обврска.

На сликата можете да видите како четворица се качуваат по скалите на патот до успехот додкеа еден стои на страна се чуди што да прави. При пропуштање на некој од чекорите може да ве врати на почеток (како човекот кој стои од страна). А патиштата може да бидт различни важно е да го следите вашиот бизнис план и да се искаите онаму каде што сакате да стигнете.

post

АДМИНИСТРАЦИЈА КАКО 20 ОД 80/20 ПРАВИЛО

Да се навратиме малку на 80/20 правило. Секој бизнис има потреба од административни активности. Без разлика дали станува збор за мал, среден или голем бизнис, администрацијата може да биде една од клучните активности на претприемачот. Административната функција обезбедува поголема среденост на системот и помага да не настане хаос во самиот бизнис. Но, од друга страна ове административни активности не додаваат вредност на бизнисот, односно не обезбедуваат повеќе потрошувачи, не обезбедуваат поголем приход, не обезбедуваат профитабилност, не ја зголемуваат продажбата…

Доколку не се најде соодветно решение за админситративните работи претприемачот може да троши 80% од сопственото време на овие функции кои не додаваат некоја голема вредност на бизнисот. На ваков начин ќе му останат само 20% од времето на активности кои се иновативни и кои привлекуваат потрошувачи, а со тоа ја зголемуваат продажбата и приходот, а со тоа и профитот.

На пример, да извршиме една симулација. Да земеме дека еден претприемач со иновативна работа доведува до зголемување на продажбата за 10% доколку 20% од своето време го посвети на таа иновативна работа. Доколку посвети 40% од своето време на таа иновативна работа ќе овозможи зголемување за 20%, доколку посвети 80% од своето време на таа иновативна работа ќе овозможи 40% зголемување на продажба.

Сега да ги префрлиме овие проценти во парични средства. Доколку со 80% административни активности продажбата носи приход од 500.000 денари месечно, при состојба на посветеност на администрација од 20% приходот ќе биде 700.000 денари месечно. Ова е износ од 200.000 повеќе, што на годишно ниво значи 2.400.000 денари повеќе. Доколку стапката на профитабилност е да кажеме 10% ова ќе донесе профит во износ од 240.000 денари. Оваа сума за еден просечен мал бизнис е доста висока.

Многу често претприемачите прават грешка со тоа што се нафаќаат да ги изведуваат сите административни активности самите и на таков начин им останува многу малку време да бидат претприемачи. Овие претприемачи се повеќе администратори.

Затоа секој претприемач треба:

  1. Да ги одвои активностите кои додаваат вредност од оние кои не додаваат вредност
  2. Да делегираат колку што може повеќе од тие активности што не додаваат вредност на своите вработени
  3. Да ги пронајдат активностите кои не додаваат вредност а постои можност да користат outsourcing. Овој outsourcing ќе чини помалку од профитот што може да се добие.
  4. Да се насочат на активности кои додаваат вредност.
post

ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ – СТРАТЕГИЈА КОЈА ВОДИ КОН УСПЕХ

Подобрување е карактеристика на секој човек. Секој од нас сака да биде подобар на некој начин во иднината. Ние секојдневно учиме, слушаме, гледаме, работиме, набљудуваме и со тоа стануваме се подобри од ден во ден. Но, дали подобрувањето е карактеристика на сите бизниси. Да, но само на успешните. Успешните бизниси се оние кои постојано се менуваат и од ден во ден се се подобри и подобри. На сајтот веќе започнавме со артикли за менаџмент филозофии кои се однесуваат на подобрување (KAIZEN, BPR, Fractal Company, TQM …) и можете да ги прочитате.

Секое подобрување значи изведување на бизнис активностите подобро од минатиот пат. Една од карактеристиките на бизнисите е што секогаш работата може и треба да ја изведуваат подобро од претходниот пат. на ваков начин се овозможува постојат раст и развој на бизнисот, а со тоа и постојано движење кон успехот.

Подобрувањето треба да е постојано. Треба да биде вградена култура на постојано размислување како работите да се изведуваат подобро. На ваков начин се овозможува ефект на пеперутка во бзинис работењто. Доколку ги следите постовите на овој блог како и на артиклите на Pretpriemac.com можете да пронајдете неколку материјали за ефект на пеперутка како и едно видео за овој ефект. Подобрувањето не треба да биде кампањско и да се изведува само на подолг временски период. Подобрувањето не мора ди биде одеднаш огромно. Доволно е само постојано и чекор по чекор да се врши подобрување на бизнис елементите.

Ваквата стратегија на подобрување кое е постојано ќе доведе до сигурен успех. Ваквата стратегија го прави бизнисот уникатен и секогаш пред конкурентите. ваквата стратегија тешко може да се копира од конкуренцијата.

Бизнисите кои се подобруваат постојано покажуваат забележителни резултати во своето работење. Таквите бизниси кога ќе ги посетите по вторпат нема да бидат исти како претходниот пат. Додека бизнисите кои не се подобруваат остануваат исти и следната година, и по пет години, а можеби и по десет години доколку опстанат на бизнис сцената и ако не бидат отфрлени во бездната на пропаста од конкурентите.

Затоа внесете стратегија на постојано подобрување во животот на Вашиот бизнис. Со тоа ќе му дадете живо на бизнисот и сосема нов облик.

post

ЕФЕКТ НА ПЕПЕРУТКА

Ефектот на пеперутка (BUTTERFLY EFFECT) доаѓа од теорија на хаосот и со најпрости зборови означува дека ситни нешта може да имаат далекусежни последици. На пример, нешто што се случува денес, нешто што правите денес кое може и да не изгледа многу значајно ја менува утрешноста. Овој термин за првпат бил искористен од Edward Lorenz кој вршел симулации за предвидување на времето и кој внел скратен број во децимали при што добил сосема различни предвидувања. Таа разлика во децимали ја нарекол ефект на пеперутка со цел да опише дека доколку пеперутка мрда со крилцата на едно место ќе влијае на временските прилики на друго место.

Овој ефект на пеперутка од теорија на хаосот може да има огромно значење за малите бизниси и претприемачите. кај малите бизниси секојдневно се случуваат голем број на процеси. Секој од овие процеси има одредено влијание на функционирањето на бизнисот воопшто. Мала промена во еден процес може да има голем ефект на целиот бизнис.

Но, ефектот на пеперутка може да се разгледува на два начина за бизнисите:

  • добивање на позитивни ефекти од малите промени
  • добивање на негативни ефекти од малите промени

Вториот тип кога ефектите од малите промени се негативни треба да се елиминира и да се внимава таквите промени да не се случуваат. Додека од првиот начин на разгледување, односно од малите промени произлегуваат позитивни ефекти т.е. подобрување на бизнисот. Значи може да имаме позитивен и негативен ефект на пеперутка, а негативниот е непожелен и мора да го елиминираме. Тоа е задача на претприемачот.

На пример, да земеме дека со некоја наша секојдневна промена добиваме зголемување на профитот од 100 денари дневно. За еден месец ќе имаме 3000 денари зголемување, за една година ќе имаме зголемување од 36000 денари. Но онаа што е значајно на ефектот на пеперутка е што подобрувањата доведуваат до секојдневно зголемување за некој фактор. Така, да направиме симулација на еден позитивен ефект на пеперутка со различни фактори на зголемување за 0.8, 1, и 1.1 за да прикажеме влијание на позитивен (1 и 1.0) и негативен ефект (0.8):

Можеме да забележиме дека со негативен ефект на пеперутка нашиот профит ќе се намалува од можни 36000 на 13000 (за 50%) додека со позитивен ефект од 1.05 ќе имаме зголемување од над 30% на годишно ниво, а пак со фактор од 1.1 ќе имаме зголемување од 80% на профитот на годишно ниво. Тоа е ефект на пеперутка и во секој елемент и бизнис процес може да се пронајде.

post

ШТО МОЖЕ ДА ИМА ПОТЕНЦИЈАЛНА БИЗНИС ЕНЕРГИЈА?

Потенцијалната бизнис енергија е содржана во секој елемент на бизнисот како што секое тело согласно физиката содржи потенцијална енергија. Но, секогаш постои прашање што е тоа што содржи потенцијална бизнис енергија? Доколку ги определите вистинските елементи на бизнисот кои содржат или на кои треба да им се зголеми потенцијалната бизнис енергија тогаш сте завршиле пола работа на патот за успешен бизнис.

Воопшто секој бизнис е составен од следниве елементи:

  • Идеи
  • Луѓе
  • Финансии
  • Процеси
  • Производи и услуги

Продолжи…

post

ПРОИЗВОД КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ УБИЕ

Businesspundit објави текст со 25 најлоши пропаѓања на бизниси во кој ги опишува пропаѓањето на бизнисите со одлична бизнис идеа. Она што ни стана интересно е најлошото пропаѓање на трето место за компјутерите кои на многумина од нас било прво среќавање со чудото на тоа време.

Се сеќаваме на времето кога комјутерите беа само 64 килобајти. За што ги користевме? Секако за добри игри за тоа време кои гледани од денешно време се смешни. Во периодот од 1983 до 1986 година големите компании како IBM, Apple и Atari не можеа да се снајдат што им се случува. Commodore64 компјутерите се продаваа во 2 милиони примероци годишно и држеле скоро 50% од пазарот.

Секој производ си има свој животен век или животен циклус кој оди од раѓање до смрт (веќе не се произведува и користи). Затоа компаниите воведуваат нови производи кои ги заменуваат старите кои се во изумирање. Доколку ова не се случи, бизнисот пропаѓа. Така и Commodore се обидува да воведе нов производ кој ќе го замени славниот C64 со побрз и подобар. Но, што се случува? Новиот компјутер е скап и не ги задоволува потребите на потрошувачите за кои би требале да платат многу повеќе пари. Така си продолжуваат со користење на нивната омилена C64-ка.

Како што поминува времето од скалата на животниот циклус на производот се намалува и цената. Така компанијата не можеше веќе да ги произведува C64 по соодветна цена, а новите производи не и се трошеа. Така во 1994 година компанијата банкротираше.

Што може да се научи од искуството на Commodore:

  • Некои производи едноставно неможат лесно да се убијат, искористи ја таквата предност
  • Нов производ треба да ги задоволува потребите на пазарот многу повеќе отколку претходниот
  • Разликата во цена на новиот и стариот производ да не биде драстична, така купувачите ќе можат да ги пробаат новитетите
  • Потребна е соодветна стратегија за замена на производите која ќе биде прилагодена со потребите на потрошувачите.
post

Размислувања за менаџерите и менаџментот

  • Менаџерите ја исполнуваат својата задача со тоа што ги потикнуваат другите да ги извршуват своите задачи.
  • Менаџмент значи да се потикнуваат другите да го прават она што мислиме дека е правилно.
  • Да се работи нешто со рацете на другите.
  • Менаџментот е остварување на нешто што се сака да се направи преку луѓето.
  • Менаџерите работат со и преку луѓето.
  • Менаџерите се луѓе кои донесуваат реализират одлуки.
  • Менаџментот е остварување на нешто преко луѓето.

Дали имате некои други размислувања во однос на менаџерите  и менаџментот. Дајте Ваш коментар.