post

Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис

Подобрување и особено континуирано подобрување е тема што постојано ќе биде актуелна за претприемачите и малите бизниси, па затоа идеи за подобрување секогаш ќе бидат потребни.

идеи за подобрување

Без постојано подобрување, бизнисот стагнира, привремено се одржува во состојбата во која што е, но сепак тоа се знаци кои кажуваат дека започнува патот на назадување на компанијата.

Продолжи…

post

10 изговори од страна на купувачите за да не купат од вас

Кога нешто не сакаме да направиме, секогаш можеме да изнајдеме стотици, па дури и илјадници изговори. И кога купуваме и ни се нафрла упорно здодевен продавач кој едноставно само гледа да ни „натрапи” нешто исто така бараме изговори за да не купиме бидејќи едноставно не сакаме да купиме.

промени чекори

Повторно, нешто што најдов во архивите на старите хард дискови префрлајќи ги од тие стари хард дискови на Time Capsule и повторно документ кој е резултат на работа со еден од моите клиенти уште во 2009 година. Една од моите задачи беше да дојдам до листа на можни приговори кои ќе претставуваат препрека за неговите купувачи да донесат одлука за купување во било која фаза од продажната инка.

Продолжи…

post

5 Важни мерки кои ќе треба секогаш да ги знаете како еден претприемач

Ги знаете ли бројките кои навистина можат да го сменат вашиот претприемачки живот? Нешто што ќе ви каже многу работи за вашиот бизнис? Доколку мерите, ќе ги знаете перформансите на вашата компанија и секако ќе ги донесете важните одлуки кои ќе ве доведат до успех.

важни мерки

Како еден претприемач, ќе треба да знаете и следите повеќе различни важни мерки и бројки во вашиот бизнис. Но, тука сакам да зборувам и да ги објаснам петте најважни мерки кои навистина ќе треба да ги знаете доколку сакате да бидете во позиција за донесување на вистински одлуки за вашата компанија.

Продолжи…

audio

Епизода #12: Отпадоци или расфрлања во бизнисот

Оваа е дванаесета епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода, а во оваа епизода зборуваме за отпадоци или расфрлања во бизнисот и справување со истите.

Претприемачки пат

Темава е доста интересна бидејќи според некои мои анализи и истражувања од терен скоро 60% од деловните активности на малите бизниси припаѓаат на онаа што се нарекува отпадоци. И оваа не се однесува само за малите бизниси, туку и за средните и големите, а да не споменувам пак за државните служби и органи.

Продолжи…

post

Иновација во 4 дополнителни процеси

Како претприемач вие мора да иновирате. Но, онаа што е забележително кај повеќе претприемачи е што тие иновацијата ја гледаат само во нивните производи и услуги. Тоа е погрешно размислување и мора да се смени колку што може побргу.

иновација

Да се има иновативни производи и услуги иако претставува важен сегмент од успехот на многу компании, сепак тие не се доволни за креирање на навистина еден препознатлив бизнис. Тие се само почеток на многу иновациски процеси кои ќе егзистираат на секојдневна основа во вашата компанија.

Продолжи…

video

Обидување и грешки според Tim Harford

Одлична TED презентација каде Tim Harford го покажува клучот на успехот, а тоа е да се обидете, да греите и секако да научите. Ако се обидувате и ќе успеете. Без обидување нема успех.
post

4 Совети за мерење на перформанси

Како еден претприемач постојано ќе следите и мерите различни перформанси на вашиот бизнис од кои ќе зависат и акциите кои ќе ги преземате, но и успехот на вашата компанија.

мерење на перформанси

Во овој пост сакам да презентирам четири совети кои ќе ви помогнат во примена на посистематски приод кога станува збор за мерење на перформансите во вашиот бизнис. Едноставно ќе тргнеме од кои мерки да следите па се до еден процес на следење и мерење на перформанси.

Продолжи…

post

100+ Идеи за подобрување на вашиот бизнис

Подобрувањата се можни насекаде околу вас и особено доколку сте претприемач, тоа е вашата примарна работа во вашата компанија.

идеи за подобрување

Ќе работите на подобрување на вашите производи и услуги, на подобрување на вашите системи и процеси, на подобрување на разни елементи кои ќе треба да бидат подобрени… Но, често пати забележувам дека претприемачите едноставно заглавуваат бидејќи не знаат од каде да започнат со нивните напори во однос на подобрување.

Продолжи…

post

Епизода #07: Неколку идеи за подобрување на вашиот бизнис кои можете да ги спроведете уште денес [Подкаст]

Ова е седма епизода на подкастот “претприемачки пат” при што секоја недела имаме нова епизода со цел да ви помогне во расветлување на вашиот сопствен и уникатен претприемачки пат.

претприемачки пат

Подобрување и особено континуирано подобрување е тема што постојано ќе биде актуелна за претприемачите и малите бизниси, но не само за нив (иако оваа епизода на “претприемачки пат” е наменета токму за нив) туку и за сите менаџери на сите нивоа во пирамидално-хиерархиската структура на една организација. Без постојано подобрување, бизнисот стагнира, привремено се одржува во состојбата во која што е, но сепак тоа се знаци кои кажуваат дека започнува патот на назадување на компанијата. Поради оваа важност ја избрав темава за подобрување да биде меѓу овие први 10 епизоди на овој подкаст.

Продолжи…

post

Моќта на физичкиот контакт…

Иако живееме во свет во кој алатките кои ги поседуваме го поедноставуваат социјалниот живот на луѓето, сепак се чини дека физичкиот контакт останува моќно средство за подобрување на бизнисите.

Многу пати пишував за стартапи и проверка на бизнис идеите и хипотезите за бизнис моделот. Иако алатките дозволуваат без физички контакт да прибереме доста информации, сепак мора да ни биде јасно дека без директно гледање очи во очи нема да знаеме дали решението кое што го нудиме е навистина извонредно и дали тоа решение ќе биде нешто што ќе помине на пазарот.

Физичкиот контакт со вашиот купувач и натаму останува најмоќно средство за стекнување на информации кои не само што ќе бидат најблиски до вистината, туку и ќе ви помогнат да го прилагодите вашиот бизнис токму онака како што купувачите сакаат тој да изгледа.

Продолжи…